Црвениот крст на Р.Македонија, Црвен крст Охрид веднаш по појавата на природната катастрофа-поплава која ги зафати подрачјата на Србија и Босна, направи контакт со двете Национални друштва на Црвениот крст, односно со соодветните општински организации на Црвен крст во Србија и Босна и согласно материјално-техничките и човечки ресурси, понуди помош во екипи и опрема за спасување (спасителни чамци, тимови на спасители, тим за проценка на хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода). Согласно нивните проценки, во овој момент потребна е следната помош: – прехрамбени производи (конзервирани, трајни)…
повеќе...Tag: помош
Средното медицинско училиште и ОУ„Братство“ најуспешни на општинскиот натпревар по прва медицинска помош
На денеска одржаниот, 43-ти по ред општински натпревар по прва медицинска помош, во организација на Црвен крст Охрид на кој стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош ги покажаа преку триста ученици од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебарца, организирани во екипи младина (средни училишта) и подмладок (основни училишта), најуспешна беше екипата од Средното медицинско училиште во категорија младина која ќе учествува на Државниот натпревар по прва помош во септември 2014, а во категоријата подмладок, најуспешна беше екипата на основното училиште Братство. Единствен е впечатокот…
повеќе...Под мотото „Знам да спасам живот“ утре ќе се одржи општинскиот натпревар по прва помош
Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст Охрид утре,11 мај (недела) со почеток во 9:15 ч.-квалификации и 12:30 ч.-финале, под мотото „ЗНАМ ДА СПАСАМ ЖИВОТ”, ќе го организира традиционалниот, 43-ти по ред, Општински натпревар по прва помош. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва медицинска помош ќе…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески ги посети Снежана и нејзиниот син Дарко
Градоначалникот Бакрачески заедно со секретарот Спасески, деновиве ги посетија Снежана и нејзиниот син Дарко, кои живеат во трошна куќа на влезот од градот. Покрај помошта која општина Охрид им ја обезбедува со донирање на пакети со прехрамбени продукти, градоначалникот Бакрачески ги увери дека и лично ќе се заложи за решавање на проблемите кои ги има ова семејство. Инаку општина Охрид, посветено работи на помагање на социјално загрозените семејства, не само со доделување на хуманитарни пакети, но и со создавање услови во иднина овие семејства да дојдат до приход врз основа…
повеќе...Расчистен случајот со оставеното бебе
На 15.03.2014 година, околу 23,30 часот на паркинг во близина на кафулето „Форум“ група од млади лица забележале непознато машко лице со капуљача на главата како трча со бебе во рацете, при што им станало сомнително и почнале да викаат и да трчааат по него, но во еден момент лицето го фрлило бебето на хауба од паркирано возило и продолжило да бега. Од нивна страна настанот веднаш бил пријавен во ЦИК и на лице место излегле УПС од ПС ОН „Центар“ кои заедно со лицето кое се нашло на лице…
повеќе...Одобрени средства за првото новороденче во општина Дебарца
Честитки од градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски до Стојче и Маријана Мувчески родители на првото новороденче во општина Дебарца во оваа година, Славица Мувческа од село Требеништа родена на 01.02.2014 година. Согласно програмата донесена од страна на Општина Дебарца, денес им се одобрени финансиски средства во вредност од 5 000 денари.
повеќе...Зоолошката градина во Харков бара помош за животните кои умираат од глад
Управата на Зоолошката градина во Харков бара помош за да може да ги прехрани животните, наведувајќи дека животните не учествуваат во судирите во Украина и дека без помош ќе угинат. „Нашите животни не се борат за власт, не делат ничии политички ставови туку сакаат само да живеат,“ пишува на сајтот на Зоолошката градина во Харков кој е на североистокот, односно во прорускиот дел на Украина. Украина последните месеци е погодена од најлошата политичка и безбедносна криза во својата историја и се наоѓа на раб на банкрот. „Заедно со целата земја,…
повеќе...Доделена паричната помош на новороденчињата родени во јануари
Врз основа на доставениот список од ЈЗУ Општа Болница, а по претходно потпишаниот меморандум за соработка меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на општата болница Љубен Арнаудов, општина Охрид во месец февруари на 15 мајки чии деца се родени во месец јануари годинава, трансферира по 5 000 денари еднократна парична помош. Финансиската поддршка на локалната самоуправа е во насока на стимулирање на наталитетот и во неа се опфатени новороденчиња кои што се родени во Одделението за гинекологија при Општата Болница – Охрид чии родители имаат адреса на живеење во Општина…
повеќе...Црвен крст Охрид започна со изведување обуки по прва помош со вработените во образовните институции во Охрид и Дебарца
Во рамките на своите активности во делот на првата помош, со цел освежување на постоечките и стекнување на нови знаења за укажување на прва помош, Црвен крст Охрид започна со изведување обуки по прва помош со вработените во образовните институции во Охрид и Дебарца. Обуките ги содржат најновите знаења, вештини и техники за укажување прва помош според стандардите на Велика Британија, а ги водат меѓународни инструктори на Црвен крст Охрид. Повеќе детали и информации за тоа можете да добиете на обуката која денес, утре и задутре во периодот од 10…
повеќе...ЖЦ „Бисера“ со поддршка за потпишаниот Меморандум меѓу Општина Охрид и Општата болница
Женскиот Центар „Бисера“ денес испрати допис со кој ја поздравува и поддржува иницијативата на Општина Охрид и неодамнешното потпишување на Меморандум со кој Локалната самоуправа се обврза на еднократна парична помош од по 5000 денари за секое прво и второ родено бебе во семејството, чии што родители имаат постојано жителство во општина Охрид. Оваа стимулација е во насока на зголемување на наталитетот во општината и државата. „Женскиот центар „Бисера“ ја поздравува иницијативата на Локалната и потпишувањето на меморандум за паричниот надоместок на секое новородено бебе, како стимулација за зголемување на…
повеќе...