ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка по повод 11 Октомври-Ден на народното востание

По повод 11 Октомври-Денот на народното востание на Македонија, ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати честитка, во која стои: „Денеска е 11 Октомври , а пред 76 години овој ден значел почеток на народноослободителната борба на македонскиот народ за време на Втората светска војна. Овој ден е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствената државност. Оруженото востание, започнато на 11 октомври 1941 година, претставува исклучително значаен историски чин во долготрајната народноослободителна борба на македонскиот народ. И денес, 11…

повеќе...

11-ти октомври – Денот на народното востание на Република Македонија

Ден на востанието на Република Македонија или Ден на народното востание на Македонскиот народ познат како 11 Октомври е државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за национално ослободување на македонскиот народ. Тоа е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствена државност. Со овој историски чин, македонскиот народ покажал дека на никој нема да му дозволи да го турне на страната на…

повеќе...

Свети Јован Богослов, апостол и евангелист

Денес е празник посветен на Светиот Јован Богослов, апостолот и евангелист. Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован…

повеќе...

Општина Дебрца го одбележа патрониот празник

Со низа свечености се одбележа денот на Општина Дебрца. Чествувањето започна со полагање цвеќе во село Црвена Вода на спомен обележјето на Манифестот на генералштабот на НОВ и ПОМ, потоа во салата на Основното училиште во Белчишта, пред присутните гости, со поздравен говор се обрати Градоначалникот Игор Трајкоски, a потоа следеа настапи на учениците од Основното училиште „Дебрца”. Интегрален текст од обраќањето на Трајкоски „Почитувани борци, почитувани пријатели, ученици и наставници од ОУ „Дебрца“, почитувани гости и почитувани Дебрчани! Ми причинува големо зaдоволство и чест што заедно со Вас го прославуваме…

повеќе...

Ќе се служи света литургија за празникот Собор на сите македонски светители

Денес во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. Богослужба ќе има само во црквата „Св.Софија“ – Охрид (едноцрквие).

повеќе...

Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Денес е празник посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија. Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но…

повеќе...

Светата маченичка Људмила

Светата маченичка Људмила Таа му е баба на Св. Вацлав, кралот чешки. Беше мажена за чешкиот кнез Боривој. Многу ревнуваше за Христовата вера и мнозина ги обрати од незнабоштво во христијанство. Снаа ѝ ја мразеше, па испрати луѓе што ја удавија старицата Људмила. Вацлав го погреба телото на Св. Људмила во црквата на Св. Георгиј во Прага. Од нејзините мошти се случија многу чуда. Пострада во Течино во 927 година. Св. Вацлав, големиот ревнител за православната вера, беше убиен од својот брат Болеслав.

повеќе...

Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст)

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина…

повеќе...

Верниците се упатуваат кон манастирот „Пресвета Богородица“ во Калишта

Во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта денеска се одбележува големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица. По тој повод од синоќа голем број верници од Охрид, Струга и околните места палат свеќи и се молат за здравје и среќа. Утрово беше отслужена света празнична литургија. Манaстирот го посетуваат и граѓани од други религии кои веруваат во исцелителната моќ на Пресвета Богородица. Денес е Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта Во манастирот на Пресвета Богородица близу селото Калишта, западно од Струга, Пресвета Богородица ја…

повеќе...

Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта

Во манастирот на Пресвета Богородица близу селото Калишта, западно од Струга, Пресвета Богородица ја покажуваше својата сила и милост низ могубројни чуда. Мнозина болни беа исцелени чудотворно, а разбојниците што намислуваа да го ограбуваат или осквернат манастирот беа луто казнувани од невидлива сила. Во храмот се наоѓа и чудотворна икона на Пресвета Богородица, а во близина има две исцелителни води: на Свети Петар и на Свети Ананија. Недалеку од главниот храм има пештера и во неа параклис посветен на Свети Атанасиј.

повеќе...