Доделени плакети на Амбасадорите на македонскиот спорт

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денес свечено им додели плакети на Амбасадорите на спортот Кире Лазаров, Андон Дончевски, Јошко Миленковски и Агим Ибраими. Титулата „Амбасадор на спортот“ им се врачува на истакнати македонски спортисти и тренери за афирмација и промоција на Македонија во земјите каде што ја градат својата кариера. 

повеќе...

МОК обезбеди 60 илјади долари за РФМ

Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски обезбеди 60.000 долари за најдобрите македонски ракометари, во насока на нивни што е можно подобри подготовки за ЕП во Полска, каде што може да се избори директно учество на ОИ РИО 2016, а доколку биде потребно и на квалификациониот турнир за учество на Олимписките игри. Финансиските средства се веќе на сметка на РФМ и МОК верува дека нашите најдобри ракометари во 2016 година, ќе го дадат своето најдобро и ќе го реализират сопствениот, а и сонот на сите граѓани на Македонија. Во исто време,…

повеќе...

Победа за Охрид 2013 против Радовиш

Охрид 2013 веќе го заборави поразот од Металург од пред три дена и повторно им се враќа на победите. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ Охрид 2013 вечерва играше против Радовиш во 13 коло од ВИП ракометната лига. Охриѓани одиграа одличен натпревар и убедливо со 35-26 (полувреме 20-13) го совладаа тимот на Радовиш. По комплетирањето на 13-то коло од ВИП Суперлигата, Охрид 2013 се наоѓа на второто место со 30 бодови. Лидер на табелата е супериорниот Металург кој има 39 бодови и сеуште е без пораз. WebOhrid

повеќе...

Уште една убедлива победа за РК „Охрид 2013“

РК „Охрид 2013“ забележа уште една убедлива победа во 11 коло од ВИП македонската ракометна Суперлига. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ овој пат тимот на Охрид славеше со убедливи 40-26 против тимот на Металург 2. Победникот беше познат уште по завршувањето на првото полувреме кое Охрид го доби со резултат 21-8. Потоа остана само да се одигра и второто полувреме, во кое охридските ракометари ја одржуваа предноста се до крајот на натпреварот кој го добија со 40-26. По 11 одиграни натпревари РК „Охрид 2013“ се наоѓа на второто место од…

повеќе...

Победа на РК „Охрид 2013“ против РК „Работнички“

Ракометарите на „Охрид 2013“ забележаа победа против „Работнички“ во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Во цврст натпревар, охриѓани прикажаа подобра игра, водеа во текот на целиот натпревар и успеаа да забележат победа. Првото полувреме го добија со 12-9, додека пак до крајот успеаа предноста да ја зголемат и да го добијат натпреварот со резултат 24-20. Металург и Охрид 2013 го делат првото место од ВИП Суперлигата со по 24 бодови, но тимот на Металург има 2 натпревари помалку. WebOhrid

повеќе...

Признание од ЕХФ за РФМ за Топ организатор на Европски натпреварувања

На денешниот конгрес во Букурешт, челните луѓе на ЕХФ му врачија признание на Генералниот Секретар на РФМ, Филип Милошевски, за особен придонес во ракометот низ организацијата на Европските Првенства. Наградата на Милошевски му ја врачија Претседателот на ЕХФ, Жан Брио и Генералниот Секретар на ЕХФ, Мајкл Видерер, препознавајќи ја Ракометната Федерација на Македонија како „ТОП организатор на европски натпреварувања“. Потенцирајќи на добрата организација на последното женско Европско Првенство до 17 години што летово се одржа во Скопје, Македонија стана само 15-та земја во Европа што во историјата го добила овој…

повеќе...

Охрид се промовира и преку спортот

Ракометниот клуб „Охрид 2013“ оваа година ги доживува своите најсветли моменти од своето постоење. На едно коло пред крајот на есенската полусезона е втор на табелата зад гигантот „Металург“, при што во досега одиграните 8 натпревари, 6 пати победуваше. Целта за оваа натпреварувачка сезона е пласман во плеј- офот, односно во четирите најдобро пласирани екипи на табелата. Годинава беа донесени четири странски засилувања меѓу кои и францускиот интернационалец Малик Хогас. Со неговите добри игри веднаш се наметна во екипата, но и стана миленик на охридската публика. Неговиот престој во Охрид и…

повеќе...

Македонија домаќин на машко кадетско ракометно Светско Првенство во 2019 година

На ИХФ конгресот што во текот на овој викенд се одржува во Сочи, Русија, делегатите од националните ракометни федерации едногласно ја потврдија кандидатурата на Македонија за организатор на машкото кадетско Светско Првенство (до 19 години) во 2019 година. Делегацијата од Македонската Ракометна Федерација која присуствува на конгресот во Сочи, го предложи Скопје за организатор на Првенството. По презентацијата, Претседателот на ИХФ – Хасан Мустафа и членовите на Советот на ИХФ ја одобрија кандидатурата, а потоа и делегатите претсавници на националните федерации членки на Светската Федерација, едногласно ја прифатија. Светското Првенство…

повеќе...

Нова победа за РК „Охрид 2013“

РК „Охрид 2013“ забележа уште една победа во рамките од ВИП македонската машка Суперлига. Синоќа во Спортската сала „Македонско сонце“ во Велес, охридските ракометари го победија тимот на „Пролет 62“ со резултат 20-24. Предноста во овој натпревар „Охрид 2013“ ја направи уште во првото полувреме, кое го доби со резултат 9-13. Следуваше рамноправна игра во второто полувреме, но Охрид ја задржа разликата од 4 голови, за конечен резултат 20-24. На табелата води тимот на Металург со 21 бод, додека пак Охрид 2013 е на второто место со 18 бодови, исто…

повеќе...

Селекторот Обрван го објави скратениот список за ЕХФ неделата од 2 до 8 ноември

Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, во склоп на ЕХФ неделата што ќе се случува од 2 до 8 ноември, ќе настапи на турнир во Умаг, Хрватска, како дел од подготовките за настап на ЕП 2016. Турнирот во Умаг ќе се игра во периодот од 6 до 8 ноември, на кој покрај Македонија и домаќинот Хрватска, ќе настапи и Црна Гора. Според предвидениот распоред, нашата селекција своите средби ќе ги игра во петок и во сабота: 06.11.2015 (пет) Хрватска – МАКЕДОНИЈА 07.11.2015 (саб) МАКЕДОНИЈА – Црна Гора Селекторот на нашата…

повеќе...