Верниците масовно се упатуваат кон манастирот Св.Еразмо Охридски

По повод празникот посветен на Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски вечерва во манастирот Св.Еразмо Охрид се служеше празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Илјадници верници палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и утре, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Овој манастир посветен на антиохискиот архиепископ Еразмо, се наоѓа на околу три километри од Охрид,…

повеќе...

Вечерна богослужба и света литургија по повод празникот Свети Еразмо Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 ти јуни (среда), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот Свети Еразмо Охридски. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски  и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Литургијата е со почеток во 19:00 часот. На 15ти јуни (четврток), со почеток во 9:00 часот, во манастирот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги…

повеќе...

Петров пост

Со понеделникот од Неделата на сите Светии започнува постот на светите Апостоли, востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле. Траењето на постот е различно и зависи од периодот на празнување на Пасха. Тој започнува во понеделникот на сите Светии, чија дата е подвижна, а завршува на 12 јули. Најголемо траење на периодот на Петровиот пост е шест недели, а најмалку една недела. Овој пост е востановен во чест на светите Апостоли, кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ…

повеќе...

Сите патишта водат кон манастирот „Сите Светии – Си Свети“ во Лешани

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Сите Светии, во народот познат како Сисвети. Манастирот „Сите Светии“ кој се наоѓа во Лешани, во областа Долна Дебрца, Охридско е единствениот манастир во Македонија кој е посветен на сите светии. Голем број верници од вчера го посетуваат манастирот, палат свеќи и се молат за здравје и среќа. За многу години! WebOhrid

повеќе...

Спомен на Првиот Вселенски Собор

Спомен и пофалба на Светите отци од Првиот Вселенски Собор се врши во неделата пред Педесетница или во седмата недела по Воскресение. Соборот се одржа во Никеја, во 325 година, во времето на царот Константин Велики. Беше свикан за да ја отстрани забуната којашто ја создаде александрискиот свештеник Ариј со неговото криво учење. Имено, тој ширеше учење дека Христос е создаден од Бога во времето и дека не е предвечен Син Божји, рамен по суштина на Бога Отца. На овој Собор учествуваа 318 Свети отци. Соборот го осуди учењето на…

повеќе...

Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.

повеќе...

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец

Овој прекрасен светител се роди во Антиохија во 522 година, во времето на царот Јустин Постариот. Татко му загина во земјотрес, а тој остана сам со мајка му Марта. Во шестата година од животот се оддалечи во пустина кај некој духовник Јован и под негово раководство се предаде на подвиг на пост и молитва, за голем восхит на сите што го видоа. Откако претрпе страшни демонски искушенија, од Господ и од Неговите ангели прими голема утеха и благодат. Христос му се јави во вид на прекрасно момче. По тоа видение…

повеќе...

Преподобниот маченик Михаил

Денес е празник посветен на Преподобниот маченик Михаил. По смртта на своите родители овој Михаил го раздаде сиот свој имот на сиромасите, а самиот отиде на поклонение на светостите во Ерусалим. Потоа стапи во обителта на Свети Сава Осветен и таму се замонаши. Михаил беше млад и убав на лице, но од строгиот пост сув и блед. Во тоа време со Ерусалим владееја Арапите. Еден ден духовниот отец го испрати Михаил да отиде во градот за да го продаде ракоделието. На улица го сретна евнух на арапската царица и го…

повеќе...

Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св. Троица)

Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква. Празникот Духовден спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Света Тројца, Педестница и.т.н. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Се вика и Педесетница не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден туку и затоа што настанот се случил точно на еврејскиот празник Педесетница што Евреите го празнувале во спомен на денот кога Господ му ги дал на Мојсие законите…

повеќе...

Вториот Вселенски Собор

Вториот Вселенски Собор Во времето на царот Теодосиј Велики овој Собор беше свикан, во 381 година, во Цариград, за да го утврди православното учење за Светиот Дух, за Којшто криво учеше тогашниот цариградски патријарх Македониј. Имено, овој духоборен патријарх учеше дека Светиот Дух е Божја твар, а не Божествена ипостас рамна на ипостасите на Отецот и Синот и со нив еднобитна. Македониј беше осуден од Соборот, а Никејскиот Симбол на Верата дополнет со учењето за Светиот Дух.

повеќе...