8ми Април – Меѓународен ден на Ромите

Осми април е Меѓународен ден на Ромите. Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивнито број во Европа се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% жиеват во земјите од источна и југоисточна Европна. Најголем број на Роми има во Романија, Унгарија, Бугарија, Словачка, Чешка, Русија, Србија Грција и Македонија. Ромите потекнуваат од Индија и самите меѓу себе се нарекуват Роми (Ром, Рома) или пак Синти (Синто, Синтура). Самото име има ознака на етничка припадност, меѓутоа се користи и за значењето маж.…

повеќе...

Дебата за ромското прашање во Македонија

Препораки и забелешки за ромското прашање во Македонија ќе и бидат доставени на Владата по денешната дискусија за содржината во Извештајот на ЕК што се однесуван на Ромите. Министерот без ресор Неждет Мустафа истакна дека Македонија е една од ретките земји каде се забележува инкулзијата на Ромите во општеството, што според него, е историски процес. „Процесот на решавање на децениските проблеми почна. Ние немаме некое волшебно стапче што можеме да ги постигнеме преку ноќ. Голем проблем се уште е сиромаштијата, неурбанизирани средини, но динамиката што ја правиме од година в…

повеќе...

Стипендирани 623 средношколци Роми за поголема интегрираност во образованието

Вкупно 623 средношколци Роми за оваа учебна година добија стипендии во рамки на проектот за стипендирање, менторство и туторство што петта година по ред го реализира Министерството за образование и наука во соработка со Ромскиот образовен фонд од Будимпешта. Од нив, 412 средношколци кои имале успех од најмалку 3,5 добија стипендии во висина од 2.200 денари, додека 211 средношколци со просечен успех од најмалку 3 беа стипендирани со 1.500 денари. Оваа учебна година беа стипендирани и 102 наставници ментори кои за својот ангажман околу овие ученици добија надоместок од 3.000…

повеќе...

Претставници од ромската заедница на прием кај градоначалникот Бакрачески

По повод Меѓународниот ден на ромите, 8 април, градоначалникот Никола Бакрачески  денеска , прими претставници од ромската заедница од Охрид. На средбата, претставниците на охридските роми ги изнесоа проблемите  со кои се соочува оваа популација, а градоначалникот Бакрачески потенцира  дека општината  максимално се залага  и   работи на стратегија за унапредување на правата на оваа заедница и нивна заштита во насока на подобрување на животниот стандард со подобрување на условите за живот, образование и вработување. Градоначалникот истакна дека, општината ќе го поддржи секој проект кој се однесува на заштита и…

повеќе...

Светски ден на ромите

Партијата Демократски сили на Ромите, огранок Охрид по повод 8-ми Април Светскиот ден на Ромите и Државен празник во Република Македонија, на сите Роми им го честита празникот со желба за побрза интеграција во општествениот систем, подигнување на образовната и културна свест, намалување на сиромаштијата и севкупниот просперитет на Ромите во Р.Македонија.  КРАТОК  ИСТОРИЈАТ ЗА РОМИТЕ Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивнито број во Европа се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% жиеват во земјите од источна и југоисточна…

повеќе...

Meѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ,  8 април (вторник), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија.   Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската  заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.

повеќе...

Груевски: Проектите на Владата им помагаат на Ромите за поквалитетен живот

Вработувањето, домувањето, образованието и здравството се четирите полиња во кои Ромите се соочуваат со големи предизвици, порача премиерот Никола Груевски на Петтата конференција посветена на Ромите и Ромите бегалци што денеска се одржува во Владата. „На планот на вработувањето Ромите добиваат поддршка во повеќе програми за инклузивен раст како што се програмите за самовработување, за субвенционирање при вработување, за субвенционирање на плодоуживатели на државно земјоделско земјиште, за организирање јавни работи,… како и повеќе други чии мерки и ефекти во изминатиот период помогнаа за вработување на голем број ромски граѓани“, рече…

повеќе...