Претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Народно ослободителната-антифашистичка борба на Македонија, во Струмица, потврдувајќи ја својата длабока почит кон жртвите на фашизмот. Зборувајќи за значењето на 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, претседателот Заев порача дека Македонија ќе биде дел од големото европско семејство. „Треба темелно да си го исчистиме сопствениот двор од нештата кои сериозно ни ги разнишуваат темелите на државата и државноста“, рече Заев, за, како што додаде, да и…
повеќе...Tag: сдсм
Заев: За сите е јасно решението, регуларни избори и аболицијата да се повлече
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Јасенко Омановиќ, пратеник во шведскиот Парламент. На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Р.Македонија. Претседателот Заев ги пренесе заложбите на СДСМ за враќање на демократските процеси во Република Македонија. „За демократска иднина на Република Македонија неопходни се фер и регуларни избори. За сите, и за опозицијата, и за власта, и за граѓаните, и за меѓународната заедница е јасно дека без чист Избирачки список, без медиумски реформи и одвојување на партијата од државата не се можни слободни и регуларни избори,…
повеќе...Одбележување на 113 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев
По повод одбележувањето на 113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, партиска делегација на СДСМ, во состав: Максим Димитриевски, член на Извршниот одбор на СДСМ, Татјана Прентовиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, Цветанка Ласкова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, оддаде признание и почит на великанот на македонската борба за слобода, самостојност и државност.
повеќе...Заев: Македонија мора да ја врати правната држава
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна: „Како што можете да видите, ние продолжуваме со барање на правдата и правичното судење, тоа што ни го дава законот како можност и Европската конвенција, членот 6. Денеска, бевме на рочиште кое што е закажано пред месец и полoвина, токму на денешниот датум. Рочиштето за жал не се одржа, бевме известени од службите од судот дека нема да се одржи ваквото рочиште. Ние од опозицијата поднесовме жалби на овие постапки, кои што се резултат на незаконската и неуставната, аболиција…
повеќе...СДСМ го поддржа Првомајскиот проглас: Пристојни, безбедни и хумани работни места за сите работници
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува целосна поддршка на Првомајскиот проглас на Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права до работниците, работничките и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија. „Програмата на СДСМ предвидува систем кој ќе обебзеди пристојни, бебзедни и хумани работни места за сите работници во Македонија. Обединето со синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права креираме работни места кои се трајното и одржливо решение на постојните егзистенцијални проблеми на граѓаните на Македонија. Во рамките на политиката за вработување ги коригираме…
повеќе...Заев: Веќе сме обединети и се случува Воскресение на слободата!
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во чест на големиот христијански празник, Христовото Воскренесие – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до претставниците на МПЦ – ОА и до сите граѓани кои денеска празнуваат. „Ви го честитам од срце големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое име. Денеска, на овој голем ден, кога повеќе од вообичаено сме отворени за духовните вредности, почувствувајте, се случува Воскресение на слободата! Тоа е нашиот заеднички благослов за храброста, за…
повеќе...Заев: Овој 1 Мај е ден на нашето достоинство – ја враќаме демократска Македонија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на граѓаните на Република Македонија им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот: „Почитувани граѓани, Денеска кренете ги гордо главите. Овој 1 Мај 2016 година е ден на нашето достоинство! Ја враќаме заедно демократска Република Македонија и тоа оваа година, кога земјата ќе одбележи 25 години од независноста. Граѓаните на Македонија, поодлучно од секогаш, пообединето од секогаш, поцврсто од секогаш, похрабро од секогаш си ги бараат и си ги бранат своите права. Тоа е…
повеќе...Заев: Ја градиме Македонија во едно општество за сите граѓани
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од членот на Извршниот одбор, Едмонд Адеми денеска се сретна со претседателот на Партијата за слобода демократија и етика од Албанија, Аријан Галдини. Средбата беше со цел подобро меѓусебно запознавање, а беа разменети и информации за заложбите на секоја од партиите за развој на матичните земји во демократски дух и клима на меѓусебно почитување и разбирање. „СДСМ е фокусирана на клучниот интерес за граѓаните, а тоа се регуларни избори на коишто Македонија ќе добие кредибилна Влада. Само таква Влада може да работи во интерес…
повеќе...СДСМ: Залудни се притисоците на Бакрачески, граѓаните на Охрид се на нозе
ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Македонија е на нозе. Граѓаните од цела Македонија без разлика на политичка, верска или национална определба секојдневно се кренаа во одбрана на правдата, вистината, демократијата. Секој ден, се помасовно граѓаните излегуваат на улица да го изразат својот револт од криминалната власт на Никола Груевски што 10 години им го уништува животот на граѓаните. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да се помират со реалноста дека нивниот крај се ближи, со последни сили се обидуваат да влијаат со притисоци врз…
повеќе...Претседателот на СДСМ Заев помогна лекувања на дечиња: Да помагаме кога можеме
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, по кој знае кој пат, ја потврди својата хуманост и континуирана грижа за лицата со посебни потреби. Тој беше дел од велигденскиот хуманитарен хепенинг кој во организација на Центарот за помош на лица со интелектуална попреченост „Порака“ и Младинскиот клуб при општинскиот одбор на Црвениот крст се одржа во Струмица и истите ги поддржа со купување на нивни изработки со велигденски мотиви. Но, најголемиот хуманитарен гест, градоначалникот Заев го направи со донирањето на 200 илјади денари, средства од добиена тужба за клевета против…
повеќе...