Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денес при неговата посета во Охрид, во изјава за медиумите истакна: „Продолжува хаосот со избирачкиот список. На четири дена пред рокот за завршување на прочистувањето на списокот, ДИК сеуште на јавноста не и кажува како мисли да ја заврши оваа операција. Сега ќе ви посочиме неколку примери кои јасно покажуваат дека на 5-ти јуни не може да има прочистен избирачки список и не може да има регуларни избори. Од вкупно над 330.000 сомнителни гласачи, едногласно усвоени од страна на сите членови на ДИК, предмет на теренска…
повеќе...Tag: сдсм
СДСМ: Фридом Хаус го потврди хибридниот режим, на Македонија и е потребно враќање на слободата и демократијата
Најновиот Извештај на угледната меѓународна организација „Фридом Хаус“ јасно и недвосмислено потврдува дека поради хибридниот режим на Никола Груевски демократијата во Македонија назадува, нема слободни медиуми, нема независно судство, корупцијата расте, претходните избори не се веродостојни, велат од СДСМ. „Извештајот на Фридом Хаус бележи влошување на сите општествени сфери во Македонија. Најголемо назадување има во сферата на независност на медиумите каде индексот на Македонија е 5,25 што значи сериозно влошување на состојбата. Според Извештајот, рејтингот на изборниот процес се влошил поради индикациите за изборна измама што фрлаат сомнеж врз веродостојноста на…
повеќе...Николовски: Увезени токсични краставици во Македонија, нов скандал со безбедноста на храната
Дополнителниот заменик –министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (во оставка), Љупчо Николовски, денес во изјава за медиумите истакна: „Во интерес на граѓаните на Република Македонија продолжуваме со објавување на вистината поврзана со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и нефункционирањето на институциите на системот. Денеска отвараме нов скандал поврзан со безбедноста на храната од увоз. Денеска ќе ви презентираме документи коишто, за жал, ги потврдија нашите сомневања за тоа каква храна од увоз консумираат нашите граѓани. Минатата недела, на барање на потрошувачите и домашните раноградинари до Државната фитосанитарна лабораторија доставивме примерок…
повеќе...Силна поддршка од Партијата на Европски социјалисти до СДСМ за кредибилни, фер и демократски избори
Партијата на Европски социјалисти (ПЕС) изрази целосна поддршка на заложбите на СДСМ за одржување на фер, демократски и кредибилни избори во интерес на Република Македонија и сите нејзини граѓани. ПЕС изразува длабока загриженост од одлуката на Владата да се распушти парламентот и бара власта да вложи максимални напори за да се обезбедат потребните услови за фер и демократски избори. ПЕС ги нагласува главните проблеми: изборните измами врзани со избирачкиот список, недостатокот на слобода на медиуми и контроверзните одлуки на Уставниот суд за помилување на изборни измами. Претседателот на Партијата на…
повеќе...Заев: Се шири фронтот за демократска Македонија, се вклучи и ПЕИ
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Со задоволство сакаме да ги информираме граѓаните, поддршката за Платформата за демократска Македонија расте. Денеска Платформата ја потпишавме со ПЕИ и со господинот Фијат Цаноски , со којшто во минатото СДСМ имал соработка. Оваа платформа за демократска Македонија не обединува сите и јас се надевам дека ќе продолжи да расте. Ја користам приликата заедно да повикаме да ни се приклучат сите слободоумни граѓани, сите демократи во ова наше општество, на принципиелна основа. На основа на начелата на коишто полага…
повеќе...Загриженост од ЕП и германскиот Бундестаг за непочитувањето на Договорот за регуларни избори
Денеска во рамките на меѓународната конференција Миграција и интеграција, што се одржува во Цавтат, Република Хрватска, Едмонд Адеми, член на И.О на СДСМ и Лидија Димова, претседателка на Комисијата за европски прашања на СДСМ, остварија средба со Кнут Флекенштајн, потпретседател на Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парлмент, Тања Фајон, пратеничка во ЕП и Јосип Јуратовиќ, претеник во германскиот Бундестаг. Делегацијата на СДСМ ги информираше дипломатите од Европа за актуелните случувања во Република Македонија, пред се за одлуката на власта да оди сама на избори, без исполнување на условите…
повеќе...Следен чекор на СДСМ и коалициските партнери: Платформа за демократска Македонија, бескомпромисно до слобода
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се сретна со коалициските партнери од опозицијата. СДСМ и коалициските партнери ги разгледаа начините за натамошно заедничко дејствување, по одлуката да не учествуваат на планираните лажни, нефер и недемократски избори. Во таа насока СДСМ и партнерите од опозицијата одлучија утре да потпишат Платформа за демократска Македонија, чијашто основна цел е слободна Македонија. СДСМ и коалициските партнери се цврсто одлучни за заедничко и бескомрпомисно делување во одбрана на законското и уставното функционирање на државата, правдата, вистината, иднината на Република Македонија. На состанокот, СДСМ и коалициските партнери…
повеќе...Заев: Придружете се во битката за достоиствен живот и слободна Македонија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за Меѓународниот Ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија: „Го честитам Меѓународниот ден на Ромите на сите припадници на ромската заедница во Република Македонија, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име. Овој ден на Ромите каде и да живеат во светот е потсетување на цивилизациските придобивки и поттик за натамошен развој. Ромите во Македонија се рамноправни граѓани во оваа земја и државата има обврска да ги обезбеди и штити нивните права. Во земјава, последниве 10 години…
повеќе...Заев: Опозицијата не ги повлече досега своите членови на ДИК
Денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, телефонски разговараше со Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Претседателот Заев го повтори ставот на СДСМ дека рамката дефинирана со Договорот во Пржино е единственото реално решение на тешката криза со којашто е соочена нашата држава. На Република Македонија и се неопходни кредибилни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци. Воедно, претседателот Заев ја информираше Могерини дека опозицијата не ги повлече досега своите членови на ДИК за да го обезбеди своето присуство и контрола на…
повеќе...Заев: Повикувам на широк граѓански фронт за слободна Македонија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција истакна: „Македонијо, Заедно ја продолжуваме борбата за слобода, борбата за демократија. Повикувам на широк граѓански фронт за слободна Македонија против Никола Груевски. Повикувам, во Платформа за слободна Македонија да се приклучат: коалициските партнери на СДСМ, политичките партии, невладините организации, здруженијата, синдикатите, интелектуалците, професорите, вработените, невработените, целата демократска јавност, сите борци за слобода… Заедно со граѓаните да ја вратиме демократијата, да ја донесеме слободата. Бидејќи сега тоа не е прашање на личен избор, туку прашање на Македонија и нејзината иднина. Демократска Македонија не прифаќа…
повеќе...