Нема заразни заболувања во поплавените подрачја во скопско, изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров. Тој истакна дека досега се дезинфицирани околу 30 милиони метри квадратни и околу 4.500 куќи и бројот на лица кои бараат помош постојано се намалува. „Ако првите денови бил стотина, сега тој број е седум. На Клиниката за инфективни болести нема лица со заразни заболувања од тие подрачја. Имаме комплетна контрола над ситуацијата и за среќа немаме епидемија иако ги имаше сите предуслови да ја има. Она што експертите ми го сугерираа е…
повеќе...Tag: скопје
Спасов: Полошко ќе има постабилно снабдување со електрична енергија
Реконструкцијата на далекуводот Скопје-Тетово, прилагодувањето на сите трансформаторски станици што ги поврзува овој линиски енергетски објект и модернизацијата на трансформаторската станица „Југохром“ во Јегуновце е со цел да се одговори на растечките потреби за потрошувачка на електрична енергија на полошкиот регион како најбрзорастечки конзумен регион и да се обезбеди непречено, доверливо и стабилно снабдување на сите потрошувачи со квалитетна електрична енергија на среден рок. Ова денеска го истакна генералниот директор на АД МЕПСО Синиша Спасов при обиколката на трансформаторската станица „Југохром“ во Јегуновце заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.…
повеќе...Собрани 23.110 денари на хуманитарната забава во пабот „Даблин“ за поплавените подрачја
На вчерашната хуманитарна забава во организација на Охрид Денес, која се одржа во ирскиот паб Даблин беа собрани 13.110 денари во кутиите за донации за помош на жителите од поплавените подрачја во Скопје. Со донациите на хуманите сограѓани и донацијата на паб Даблин вкупно беа собрани 23.110 денари кои утрово беа уплатени на официјалната жиро-сметката за помош на жителите на поплавените подрачја во Скопје. Организаторите изразуваат голема благодарност до персоналот и сопственикот на паб Даблин, Аце Савески кој донираше дополнителни 10.000 денари како повеќе би помогнале на настраданите сограѓани во Скопје.…
повеќе...Целосна програма за Пиволенд 2016
Уште две седмици не делат од почетокот на „Пиволенд 2016“. Она што е најважно за овој фестивал е секако големиот избор на различни пива за дегустација, но добро пиво не оди без добра музика. Секоја година, организацијата се труди да ги задоволи сите музички вкусови, па така и оваа Пиволенд изобилува од музичко шаренило. Од рок, метал, преку поп музика па се до фолк, етно, трап, техно, дабстеп и рап. Пет фестивалски денови кои започнуваат секојдневно во 18:00, а ќе траат се до раните утрински часови. На главната бина ќе…
повеќе...Тодоров: Полицајците и војниците си го ризикуваа животот и ја пребараа секоја педа во поплавите
Штетата ќе биде надоместена, нам не боли што во невремето животот го изгубија 22 луѓе, вели вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, во гостување на ТВ Нова. Тој уште еднаш изрази сочувство до семејствата на настраданите. „Вечерта во 3 часот беше првиот состанок на оперативниот штаб во Автокоманда. Сите беа на терен, војската и полицијата веднаш интервенираа. Тогаш беше првиот брифинг, информациите беа дека станува збор за страшна природна непогода и веднаш се договоривме како да се през мерки. Првата одлука беше да се започне со прва фаза која…
повеќе...Владата целосно ќе ги обештети граѓаните од поплавените подрачја во скопско
Владата на Република Македонија, денес усвои пакет на мерки наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите кои го зафатија скопскиот регион. „Имајќи ја во предвид големината на природната непогода, нејзината разорност и големиот број на домаќинства кои се опфатени, како и степенот на оштетеност, како влада целосно сме посветени кон овозможување на комплетна помош и поддршка на настраданите, опфаќајќи различни сегменти, кои директно или индиректно ќе бидат од полза и конкретна корист. Тоа се конкретни чекори и мерки со кои покажуваме грижа за сите наши сограѓани, на кои во…
повеќе...Над 350.000 евра собрани донации за настраданите во поплавите
Над 350.000 евра се собрани на жиро сметката на фондот за солидарност при Црвениот крст за помош на погодените од поплавите. Парични донации и понатаму се собираат преку телефонскиот број 143 – 400 од сите домашни мобилни оператори, а цената на еден повик е 100 денари. Донираа многу компании, но и странски држави помогнаа со техничка помош и луѓе за испумпување на вода. Извор: meta.mk
повеќе...Кривична пријава против надзорник во затвор заради примање поткуп
Oдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицето М.К. (22) од Скопје, вработен како помлад надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување во Казнено поправна установа „Затвор Скопје“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. Имено пријавениот искористувајќи ја својата службена положба со намера да се стекне со противправна имотна корист, примил ветување за награда–поткуп од засега неутврдена вредност од лицето Н.А. (татко на притворено лице) за да изврши службено дејствие кое не смее да го изврши односно на притвореното лице Ш.А.…
повеќе...Охридските пензионери донираа за настраданите семјества
По сознанијата за состојбата на настраданите скопски подрачја од поплавите, ЗП Охрид и Дебрца веднаш се вклучи во организирање на хуманитарната акција. Преку Активот на пензионерки се органзира акција за собирање на најнеопходните потреби за настраданите семејства. Според претседателот на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески, собрани се 100 женски чевли, машки и детски патики, околу 300 детски памперси и друга детска и бебешка облека, десетина пакети мешана женска и машка облека, постелнина, покривки, хигиенски средства, тоалетна хартија, и други домашни потреби за дезинфекција. „Хуманитарната помош, вчера беше дистрибуирана до…
повеќе...Охрид солидарен за Скопје: Естрадата пееше и донираше за поплавените
Дел од македонската естрада вчера настапи на Градскиот Плоштад во Охрид и здружено со граѓаните донираа за поплавените семејства во Скопје. Кутиите за донации за кратко време се наполнија, а донации стигнуваа и од странските туристи кои не ги криеа своите солзи. Анастасија Петреска, нејзиниот татко Наум, Боби Мојсовски, Ѓоко Таневски, Татјана Стефановска, Зуица Лазова и организаторката Елена Велевска се само дел од пејачите кои настапија на овој хуманитарен настан. Апелираат до сите колеги кои не беа во можност да настапат, да донираат за настраданите подрачја. Освен паричните донации, се…
повеќе...