„Траги“ – изложба на скулптури од Сретен Милатовиќ

Во Националната Установа Центар за култура „Григор Прлилев“-Охрид утре, 20 јуни со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена Изложбата на Скулптури од Сретен Милатовиќ од Никшиќ, Црна Гора, со наслов „Траги“. Проектот е реализиран со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

повеќе...

Меѓународна изложба на фотографии – „Еколошка вистина 2013“

Синоќа во Куќата на Робевци, по повод 5 јуни, Меѓународниот ден на животната средина, беше отворена интернационална, таканаречена кружна изложба на фотографии, насловена како “Еколошка вистина 2013“. Куриозитетот на овој уметнички потфат, е што тој истовремено со одржува во пет различни градови од регионов: Нова Горица – Словенија, Бања Лука – БиХ, Заечар – Србија, Софија – Бугарија и Охрид – Македонија. Покровителство е на меѓународните фотографски асоцијации: ФИАП, ПСА и УПИ, а организацијата на националните фотографски сојузи и фото- клубови. Изложбата ја отвори Претседателот на Советот на Општина Охрид,…

повеќе...

Изложба на фотографии – Еколошка вистина 2013

Денес, на Денот на екологијата 5-ти јуни, со почеток во 20 часот во Куќата на Робевци, ќе се отвори “кружна“ изложба на фотографии под името “Еколошка вистина 2013“. Културниот настан ќе го отвори претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. Интересно е тоа што изложбата во иста постановка и истовремено ќе се отвори во пет земји и тоа во Нова Горица – Словенија, Бања Лука – Босна и Херцеговина, Заечар – Србија, Софија – Бугарија и во Охрид – Република Македонија. Од примените над илјада и сто фотографии, ќе…

повеќе...

Изложбата „Запрени мигови“ утре во Центарот за култура

Во Петок, 12-ти април 2013 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ќе биде отворена изложбата „ЗАПРЕНИ МИГОВИ“ од Јозо Витиќ, со почеток во 19:00 часот. Јозо Витиќ е роден во Сињ, Хрватска, во 1969 година. Со фотографија се занимава повеќе од две децении. Мотивите ги пронаоѓа во неговата татковина и во светот. Учествувал на голем број групни изложби, од кои две биле во Задар, но и на самостојни, од кои најобемната и најзначајната е онаа во Сињ во 2012 година. Најновата самостојна изложба со наслов „Запрени мигови“,…

повеќе...

Изложба на Дијана Богдановска „Женски логор“ во Центарот за култура

Во организација на Центарот за културен проток „Артерија“ во сабота на 06-ти април 2013 г. во Центарот за Култура „Григор Прличев“ – Охрид, ќе биде отворена изложбата „Женски Логор“ од Дијана Богдановска од Тетово, со почеток во 20:30 часот. Критички осврт на изложбата: Женски логор, логорот на смртта исто како и еден класичен затворенички логор, исклучок кој циркулира во областа на културата под железните завеси на политичкото поднебје. Се протолкува како метафора или буквално поистоветување во рамки на некој потесен контекст кој треба да е познат за примателот со цел…

повеќе...

Фотографската изложба „Погледи“ во Охрид

Надоградувајќи се на долгата фотографска традиција во градот на конзулите, Фото Кино Клуб Битола се ориентира кон техничко усовршување и следење на современите трендови на фотографијата и филмот како уметнички израз на визуелната култура. Поточно, пренесувајќи ја идеjата дека фотографијата покрај документарните својства, може да содржи и едно сосема поинакво естетско доживување, кое веќе подолго време во светот а и кај нас се наметнува како посебна уметничка дисциплина. Придржувајќи се до овие начела членовите од Фото Кино Клуб Битола во соработка со Центарот за културен проток АРТерија од Охрид ќе…

повеќе...