Во среда ќе биде отворена изложбата „Соединување“ од Анета Вршкоска Јованоска

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид во среда, 18 септември ќе биде отворена втората самостојна изложба „СОЕДИНУВАЊЕ“ од Анета Вршкоска Јованоска, со почеток во 20:00 часот.

повеќе...

Изложба на графики, сабота во Центарот за култура

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во соработка Ц.К.П Артерија, во сабота, 14 септември со почеток во 20 часот ќе биде отворена ИЗЛОЖБА НА ГРАФИКИ. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

повеќе...

Изложба на слики, графити, скулптури „Ликовен Карван 2013“ – утре во Центарот за култура

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, утре, четврток со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики, графити, скулптури „Ликовен Карван 2013“, тема за 2013 – Убавините за Љубовта. На изложбата ќе бидат презентирани дела од 30 автори од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Германија и Америка. Изложбата претходно беше во Струга, а после Охрид ќе оди во Кавадарци, Велес, Куманово, Скопје и Белград.

повеќе...

„Звукот на светлината“ – трета самостојна изложба на охридскиот фотограф Петар Боев

Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“, која годинава по шести пат се одржува низ општините во Македонија, под наслов „Звукот на светлината“, синоќа  познатиот охридски фотограф Петар Боев ја одржа својата трета самостојна изложба на фотографии. На промоцијата воведен збор одржа академскиот сликар Славко Упевче, преку кого на изложбата  беше присутно и охридското уметничко сликарство како поддршка на фотографијата како уметност. Присутните ги поздрави и домаќинот, фотографот Петар Боев кој го изрази задоволството и честа што оваа трета изложба има можност да ја претстави повторно пред своите сограѓани, охриѓани.…

повеќе...

Изложба на академскиот сликар Коста Батев, утре во Центарот за култура

Утре, 23 август 2013 година во Изложбениот салон на НУ Дом на култура „Григор Прличев“ во 19:00 ч. ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Коста Батев. Изложбата ќе ја отвори програмскиот координатор академскиот сликар Славко Упевче. Костадин Батев роден 1979 г. во Струмица, Р.Македонија. Средно учулиште завршил во УПУ „Лазар Личеновски“ – Скопје 1997 г. Во 2004 година дипломира на ФЛУ отсек сликарство со графички дизајн во класата на Проф. Вело Ташовски. Член на ДЛУС од 2000 год. Во дескриптивното сликарско искуство, се насетува намерата за дирекна комуникација на човекот со човек.…

повеќе...

Утре ќе биде отворена групната изложба „Тромбоза“

Во организација на Центарот за културен проток „Артерија“ во сабота на 17-ти август во Sunny Lake Hostel – Охрид, ќе биде отворена групната изложба „ТРОМБОЗА“ со почеток во 21:00 часот. Ќе бидат изложени слики, графики, фотографии, објекти и инсталации. Создавањето крвен засирок што не може да се „раствори“ се нарекува тромбоза. Тромбозата се јавува кога постои: стаза (застој, забавена циркулација на крвта), оштетување на ендотелот (внатрешниот слој) на крвните садови, се јавува и при посета на журки од типот на Аца Лукас, Саша Матич и компанија, како и таложење на…

повеќе...

ДЛУМ – меѓународна изложба Ex Libris графики минијатури на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток од 20:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, мал изложбен салон на репертоарот на Охридско лето е „Длум“ меѓународна изложба, екс либрис графики минијатури. Меѓународната Екс либрис изложба е графичка изложба на која учествуваат 45 автори од повеќе земји од светот како и домашни автори со повеќе од 80-тина дела Екс либрис графики минијатури. Изложбата досега беше отворена во галеријата на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје и во галеријата при Националниот театар во Гевгелија. Поставувањето на ваков вид на графичка изложба…

повеќе...

Отворена 29-тата Ликовна колонија Дебрца 2013

Вечерва во селото Белчишта се одржа церемонијата на отварање на дваесет и деветата по ред Меѓународна ликовна колонија Дебрца 2013-та. Oваа реномирана ликовна колонија која е со децениска традиција за отворена ја прогласи градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски кој во своето обраќање истакна дека долгата традиција на колонијата и нејзиното високо реноме обврзува кон неа да се однесуваме со поголема одговорност, а меѓународниот карактер на истата пак отвора шанси, малата рурална општина да се претстави пред светот. На годинешната колонија ќе творат 12 уметници од 4 земји. Тие во…

повеќе...

Започнува Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“

Вечерва со почеток во 21 часот во Општина Дебрца ќе започне традиционалниот културен настан Интернационалната уметничка колонија „Дебрца” – с.Белчишта преку која ќе се овековечат убавините на Општина Дебрца преку уметнички приказ. Настанот кој е од големо културно значење за самата Општина е од отворен карактер и се очекува да присуствуваат огромен број на посетители вљубеници на културата и уметноста.

повеќе...