Владата со препорака-бремените и хронично болните над 60 години до вторник ослободени од работни обврски

Бремените жени и хронично болните лица постари од 60 години, од денеска до вторник (28 јули) треба да се ослободени од работните обврски, препорача вчера Владата на предлог Министерството за здравство.  Како што соопшти Министерството за здравство, во истиот период се препорачува и работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.  Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од…

повеќе...

Денес сончево со температури до 40 степени, од утре заладување

Денес повторно не очекува сончево време со температури до 40 степени, метеоролозите најавуваат заладување од утре и благ пад на температурите. Според УХМР, времето во Македонија денес ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Продолжува периодот на претежно стабилно и многу топло време. Од среда до петок во западните делови од земјава ќе се зголемуваат условите за краткотраен дожд со грмежи. Температурите ќе бидат за два до три степени пониски од денешните.

повеќе...

Од утре топлотен бран во Македонија

Со топлотен бран од жолта (алертна) фаза денеска е зафатен охридско-преспанскиот регион. Од утре до вторник се очекува територијата на цела држава да биде зафатена со температури до 40 степени целзиусови, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза. „Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се – заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната…

повеќе...

Црвен метеоаларм во поголем дел од Балканот

Поголем дел од Балканот е зафатен со топлотен бран, а за наредните денови се очекува да биде објавен црвен метеоаларм. Како што пренесува МИА, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора се соочуваат со топлотен бран, а за наредните денови ќе биде објавен црвен метеоаларм, што значи дека температурата на воздухот ќе се искачи над 40 степени Целзиусови. Хидрометеоролозите предупредуваат од опасноста на избивање на пожари поради високите температури. Со веќе препознатливиот црвен метоеаларм се предупредува дека високите температури можат да бидат опасни и по животот на луѓето и се…

повеќе...

Викендов пеколно високи температури

Според временската прогноза за престојниот продолжен викенд можеме да очекуваме пеколно високи температури. Метеоролозите најавуваат пораст на температурите од петок. Во петок, кој воедно е прогласен и за неработен ден, се очекува многу топло време со температури над 34 степени. Максимумот ќе биде достигнат во недела, кога температурите ќе надминат 35 степени, а во јужните краеви и над 40 степени.

повеќе...

Македонија од утре во жолта алертна фаза

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, целата територија на Република Македонија, од утре ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза. Станува збор за температури до 37 степени целзиусови, кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението и адаптација кон повисоките температури. Од Министерството за здравство соопштуваат дека потребно е да се почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, одбегнување на директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17…

повеќе...

Топлотен бран, температурите ќе се искачат до 38 степени

Подрачјето на Македонија од денеска постепено ќе потпадне под влијание на многу топла воздушна маса од југ, која во наредните денови ќе услови повисоки дневни температури од просекот за овој период од годината, соопшти УХМР. Како што информираат хидрометеоролозите особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога на повеќе места температурата ќе надмине 34, а во југоисточните делови можно е да достигне и до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност меѓу 8 и 9.

повеќе...

Од утре тропски температури

Подрачјето на Македонија од утре постепено ќе потпадне под влијание на многу топла воздушна маса од југ, која во наредните денови ќе услови повисоки дневни температури од просекот за овој период од годината, соопшти УХМР. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога на повеќе места температурата ќе надмине 34, во југоисточните делови можно е да достигне и до 38 степени. УВ индексот за овој период ќе има многу висока вредност меѓу 8 и 9.

повеќе...

Какво време не очекува наредните денови?

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, при што за време на викендот и во почетокот на следната недела дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината. Во попладневните часови се уште на некои места ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.

повеќе...

Сончево и топло време во наредните денови

Стабилно и топло време со слаб до умерен јужен ветер не очекува во наредните два дена. Во сабота кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотраен дожд, а во недела, особено попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

повеќе...