На денешната седница, Советот на Општина Охрид расправаше и ја усвои Одлуката за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид.На седницата секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески најави дека овој Совет идната година ќе има можност да расправа и да усвои предлог одлука за сообраќаен режим врз основа на претходно изготвен сообраќаен елаборат „Со ваквиот сообраќаен елаборат ќе се изнајде најсоодветното решение за циркулирањето на сообраќајот на територијата на општина Охрид“. – истакна секретарот Спасески. Во согласност со законската обврска за изработка, донесување и спроведување…
повеќе...Tag: совет
Во петок петта седница на Советот на Општина Охрид
Во петок, 17 мај, со почеток во 13:30 часот ќе се одржи петтата седница на Советот на општина Охрид. За седницата предложени се 66 точки на дневниот ред: 1. Предлог Одлука за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид. 2. Предлог Одлука за усвојување на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2013 год. 3. Предлог Изјава за исполнување на услови по Договор за заем по проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ 4. Предлог Одлука за пренесување правото на сопственост на…
повеќе...Општината го раскинува Договорот за закуп на паркинг просторот во централното градско подрачје
Во согласност со Заклучокот кој советниците го донесоа на една од претходните седници со кој го задолжи Градоначалникот да изготви Информација во врска со состојбите со паркинг просторите во Охрид, денес пред советниците на Дневен ред се најде Предлог Информација за состојбата со паркинг просторите во централното градско подрачје на општина Охрид. Градоначалникот Бакрачески, ги информира членовите на Советот во врска со неправилностите при изготвување на актите и спроведување на постапката пред и по склучувањето на Договорот за закуп на паркинг просторот. „На 30 април оваа година Советот на Општина…
повеќе...Мост помеѓу политиката и граѓанското општество – Јакнење на учеството на младите на локално ниво
Младински Совет Охрид, Фондацијата Конрад Аденауер, претставништво во Република Македонија и Центарот за Европски студии од Брисел започнуваат со реализација на проектот „Мост помеѓу политиката и граѓанското општество – јакнење на учеството на младите на локално ниво“ во три општини во Македонија, Охрид, Струга и Ресен. Денес се одржа подготвителен состанок како дел од проектот, на кој што учесниците се запознаа со целите, активностите, задачите и очекуваните резултати кои што се составен дел од проектот. „Целта на проектот ни е да формираме едно јадро на млади, меѓутоа за разлика од досегашните…
повеќе...Во петок седница на Советот на Општина Охрид
Предлог Информација во врска со состојбата за паркинг просторите во централното градско подрачје на општина Охрид е единствената точка на дневниот ред на седницата на Советот на Општина Охрид која ќе се одржи во петок (10 мај) со почеток во 11:00 часот.
повеќе...Охрид доби двокатен автобус од отворен тип
На денешната седница на Советот на општина Охрид, градоначалникот Бакрачески ја повлече Предлог одлуката за донесување на Годишната програма за поставување на урбана опрема. „До мене, како градоначалник на Општина Охрид во текот на претходните неколку дена пристигнуваа бројни сугестии и мислења од граѓани во врска со планското уредување на Општината. Поради специфичноста на самиот град Охрид, како туристички центар, заедно со стручните служби на Локалната самоуправа ќе ги разгледаме предлозите, а подоцна некои од нив ќе бидат инкорпорирани во самата Програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид“, –…
повеќе...Формирани новите работни тела на Советот на Општината
Советот на Општина Охрид ја одржа втората седница. На почетокот од денешната седница координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев побара советот да поднесе барање до градоначалникот Никола Барачески за формирање на експертска група која ќе ја разгледа ситуацијата со паркинзите во центарот на градот. На седницата, Советот го верификуваше мандатот на советникот Кујтим Усеини, а потоа ги формираше и своите нови работни тела. Беа формирани Статутарно – правната комисија, Комисијата за верификација, избори и именувања, Комисијата за финансии и буџет, Комисијата за комунални дејности, Комисијата за урбанизам, Комисијата за…
повеќе...Започнува со реализација проектот „Мост помеѓу политиката и граѓанското општество – јакнење на учеството на младите на локално ниво“
Младински совет Охрид, Фондацијата Конрад Аденауер, претставништво во Република Македонија и Центарот за Европски студии од Брисел започнуваат со реализација на проектот „Мост помеѓу политиката и граѓанското општество – јакнење на учеството на младите на локално ниво“ во три општини во Република Македонија, Охрид, Струга и Ресен. Целта на проектот од една страна е да помогне во надминување на јазот помеѓу граѓаните и институциите и поактивно вклучување на младите во општествениот живот, а од друга страна самите млади, претставници на политичките партии и граѓанскиот сектор преку заедничките семинари и работилници…
повеќе...Во четврток ќе се одржи третата седница на Советот на Општина Охрид
Во четврток, 2 мај, со почеток во 12 часот ќе се одржи третата седница на Советот на Општина Охрид. На седницата на дневен ред ќе се најде една точка на која што советниците ќе расправаат и одлучуваат по Предлог одлуката за усвојување на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2013 година.
повеќе...Во вторник ќе се формираат новите работни тела на Советот на Општина Охрид
Во вторник, 30 април, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи втората седница на Советот на Општина Охрид. За седницата е предложен следниот Д Н Е В Е Н Р Е Д : Верификација на мандат на член на Советот Давање и потпишување свечена изјава на член на Советот Предлог Решение за формирање Статутарно правна комисија Предлог Решение за формирање Комисија за верификација, избори и именувања Предлог Решение за формирање Комисија за финансии и буџет Предлог Решение за формирање Комисија за комунални дејности Предлог Решение за формирање Комисија за урбанизам…
повеќе...