ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги поддржиме сите барања за легализација, но на првата седница по изборите

Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид, повторно излегоа со соопштение во кое што стои: „Уште еднаш сакаме да потсетиме дека предизборниот период не е период во кој треба да се расправа и од страна на Градоначалникот на Охрид  да се манипулира со  граѓаните во процесот на тнр.легализација на дивоградбите.  Укажуваме дека таквите дејствија се спротивни на изборниот законик и сметаме дека седницата со 80 точки плус дополнителни кои се планираат треба да биде поместена за првиот термин по локалните избори на 24 март, за граѓаните да…

повеќе...

Реакција од кабинетот на градоначалникот во врска со соопштението од советничката група на ДПМНЕ

Во врска со денешното соопштение од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која реагираше на несоодветно и коруптивно однесување на Градоначалникот Петрески и Локалната самоуправа искажано преку ставањето на 80 точки на седница на Советот, со реакција излегоа од кабинетот на градоначалникот. „Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска со јавно соопштение побара, на закажаната седница на Советот на општина Охрид, да не се расправа за точките кои се поврзани со такавиканиот процес на легализација на бесправно изградените објекти. Ваквиот став ги збуни граѓаните, кои се вчудоневидени, како за кусо време советничката група на…

повеќе...

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагира на ставањето на 80-те точки на седница на Советот

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид реагира на несоодветното и коруптивно однесување на Градоначалникот Петрески и Локалната самоуправа искажано преку ставањето на 80 точки на седница на Советот кои се однесуваат на утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за изработка на урбанистички план или тнр.процес на легализација на бесправните градби. „За нас во ВМРО-ДПМНЕ не е спорна потребата за легализација која впрочем е и проект на владата на ВМРО-ДПМНЕ, но несомнено е спорен моментот кога овие предмети се ставаат на седница на Советот. Во моментов…

повеќе...