Се запали возило во Струга

Синоќа околу 01,30 часот по полноќ, во Струга на ул.„Иса Пелар“ каде било паркирано ПМВ „Форд Мондео“ со охридски регистерски ознаки сопственост на П.Т.(57) од Струга од засега непознати причини избувнал пожар во возилото, при што истото целосно изгорело. Од страна на противпожарната единица – Струга пожарот бил локализиран. Увид на местото на насатанот извршила увидна екипа од полициската Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

При контрола во струшки интернет клуб пронајдена марихуана

Вчера во 18.20 часот во Струга, во интернет клуб, лоциран на ул. „Наум Лика“, при извршен преглед од страна на полициски службеници од Струга кај Е.Р.(27) од Струга во џебот од панталоните пронајдена е непозната зелена тревкаста материја со тежина од околу 1 грам, и Ч.А.(20) од Поградец- Р.Албанија, во џебот од палтото пронајдена е една најлонска паковка со непозната зелена тревкаста материја со тежина од околу 2 грама. Предметите се одземени, а лицата приведени за понатамошна постапка.

повеќе...

Во пожар целосно изгоре куќа во струшко Ливада

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 11.00 часот во с.Ливада, струшко од непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Т.Д., при што истата целосно изгорела. Во пожарот нема повредени лица, а извршен е увид на лице место.

повеќе...

ПС Струга поднесе кривични пријави за учесниците во убиството кај Долна Белица

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Б.Б.(45) и Е.Б.(30) двајцата од с. Велешта и против три непознати лица поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материјали“. Пријавените се осомничени дека на 13-ти декември годинава, со огнено оружје го убиле Ф.И.(23) од с. Долна Белица, а го раниле неговиот брат П.И.(18) од с. Долна Белица.

повеќе...

Пронајден пиштол во водите на реката Црн Дрим

Вчера во времето од 11.00 до 13.30 часот од страна на полициски службеници од-Струга и Подрачно Одделение-Велешта извршен бил преглед и претрес на терен од ресторан „Софра“ према с.Ташмаруништа, при што во водите на реката Црн Дрим во непосредна близина на мостот, на длабочина од околу 3 метри бил изваден пиштол, непозната марка и калибар, сребрена боја. Од страна на крим.техника истиот е фотографиран.

повеќе...

Нарушен јавниот ред и мир во ноќен клуб во Струга

Рано утрово околу 04.00 часот во Струга во ноќен клуб нарушен бил Јавниот ред и мир од страна на Д.С.(25) и Ѓ.С.(24) двајцата од населба „Езерски лозја“-Струга, и уште две засега непознати лица. Имено, истите не сакале да ја платат сметката за донесена нарачка, по што започнале расправија со келнерите и обезбедувањето, а потоа и со сопственикот на објектот, по што и физички го нападнале, а почнале да го кршат и инвентарот. Од исфрланите предмети од нивна страна со тешки телесни повреди се здобила 22 годишна жителка на Струга, која била…

повеќе...

Убиство во Долна Белица

Во полициската станица во Струга во тек се интензивни мерки за расчистување на кривичните дела „убиство“ и „убиство во обид“ извршени синоќа околу 22 часот и 30 минути на патот кон струшкото село Долна Белица. Притоа, од здобиени повреди од огнострелно оружје, починал Фитим И.(23) од селото Долна Белица додека со тешки телесни повреди се здобил П.И.(18) од истото село кој е примен во Општата болница во Струга. Поради сериозноста на повредите, тој е пренесен во специјална болница „Свети Еразмо“ во Охрид а потоа во ургентен центар Скопје. Со повреди…

повеќе...

Ристовски во посета на училиштето „Јосип Броз Тито“ во струшкото село Мислешево

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска беше во посета на струшкото село Мислешево, при што направи обиколка на подрачното основно училиште „Јосип Броз Тито“. Ристовски во оваа пригода рече дека покривот на училиштето е сменет со средства обезбедени од Министерството за образование и наука, но и дека во следниот период е предвидено да се направат и други градежни активности. „Во ова училиште ништо не е инвестирано во изминатите без малку 40 години. Од 1979 година кога е изградено училиштето ова е прва покрупна инвестиција. Министерството за образование…

повеќе...

Охриѓанка заработи кривична пријава поради затајување

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(27) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавената, во периодот од 01.07.2015 до 30.10.2015 година, вработена како касиер во маркет во Струга при наплата на артикли не издавала фискални сметки и ги бришела-сторнирала продадените артикли, со што противправно се стекнала со износ од 300.000 денари.

повеќе...

Од 8ми до 11ти декември „Зимски поетски фестивал“ во Скопје

Од утре 8ми до 11ти декември во Скопје ќе се одржува нов Зимски поетски фестивал, во рамките на манифестацијата Струшки вечери на поезијата. Зимскиот поетски фестивал (ЗПФ) е востановен како дел од настојувањата за институцијата Струшки вечери на поезијата за интензивна културна активност на СВП насекаде во земјава и преку целата година. „Во таа насока настаните кои се одржуваа во август неможе да го покријат интересот на целата публика, особено не на академската, која претставува целна публика на Зимскиот фесивал и ќе овозможи нов начин на презентција на поетските вредности…

повеќе...