Кривична пријава за жител од Радолишта поради кражба на дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (38) од струшкото село Радолишта. Пријавениот, во периодот од 21-ви април до први мај оваа година, од месноста „Мартинов кутел“ во атарот на селото Вишни, противправно одзел околу 30 метри просторни огревно дрво даб и бука, исечени и наместени за дотур.

повеќе...

Кривична пријава за две лица кои уништија дел од ранохристијанска базилика во Радолишта

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети”, полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против Џ.Д.(69) и Л.М.(40), двајцата од струшкото село Радолишта. Пријавените, оштетувањето го извршиле на 12-ти декември минатата година на сеуште неистражено место што е составен дел од ранохристијанската базилика во струшкото село Радолишта кое претставува прогласен споменик на културата и заведен во Централен регистар на споменици на културата на Република Македонија под надлежност на „Завој и музеј“ на град Охрид. Оштетувањето на местото во состав на Базиликата е извршено кога пријавените…

повеќе...

Во сообраќајка повреден 34 годишен жител од Струга

На 03.05.2017 година околу 14.30 часот на локалниот пат с.Вишни-с.Радолишта, струшко, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Т. (34) од Струга, поради неприлагодена брзина на движење спрема условите и состојбата на патот, изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна и излетал надвор од коловозот, во провалија. Во незгодата И.Т. се здобил со тешки телесни повреди. Истиот, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата за коскени заболувања Св.„Еразмо“ во Охрид, каде е задржан на лекување. Увид на местото на…

повеќе...

Кривична пријава за лица од Радолишта поради оштетување туѓи предмети

ПС Струга поднесе кривична пријава против Џ.Д. (69) и Л.М. (40), двајцата од село Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“. На 12.12.2016 година во с.Радолишта пријавените вршеле ископ со механизација поради тампонирање на постојниот локален пат од село Радолишта до магистралниот пат Струга-Ќафасан. Притоа, со ископот неовластено било опфатено и местото северно од „Ранохристијанска базилика“, односно неистражен дел, кој претставува споменик на културата и за кого надлежен бил Завод и музеј Охрид.

повеќе...

Пронајдена и одземена дрога од жител од Радолишта

ПС Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш. (38) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.08.2016 година во Струга, на ул. „Маршал Тито“ бил извршен преглед над пријавениот при што биле пронајдени и одземени 3,53 грама марихуана, 0,5 грама мешавина од тутун и марихуана, 20 таблети со активна компонента бромазепам – медикамент од групата на бензодиазепини и нож на расклопување со сечило од 9 см. Пријавениот, марихуаната ја набавил за цена…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Куманово поради затајување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.С. (56) од Куманово. Пријавениот, казненото дело го сторил во текот на 2014 и 2015 година во својство на претседател на Заедница на сопственици на апартмански комплекс „Еуротел“ лоциран во населба „Езерски лозја“ во Струга. Тој бесправно, за себе присвоил парични средства кој му биле доверени по основ за гориво, телефонски сметки, храна и слично, со што ја оштетил заедницата и се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 563.070 денари.

повеќе...

Кривична пријава за стружанец кој украл касетофон од автомобил

Поради постоење основи на сомнение за сторенo казненo дело „тешка кражба”, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (33) од Струга. Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во периодот март-април оваа година со бесправно одземање на авто радио касетофон марка Пионир“ од патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистарски таблици. На тој начин, тој се стекнал со противправна имотна корист од 25.000,оо денари. Пријавениот, знаејќи дека сопственикот на патничкиот автомобил е во странство, успеал да добие информација дека истото е оставено на…

повеќе...

Жител од струмичко с. Банско ограбувал во автомобили, куќи, згради и фирми во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени седум казнени дела од кои три „тешка кражба”, едно „тешка кражба во обид“ и три дела „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Ш.(20) од струмичкото село Банско. Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казнените дела ги извршил во згодна прилика во периодот февруари-март оваа година во Струга, користејќи погоден алат и физичка сила. Две казнени дела, пријавениот ги сторил со употреба на подесен предмет со кој ги скршил стаклата на патничките автомобили „Хундаи“, противправно одземајќи 5.000,оо денари и…

повеќе...

Кривична пријава за жител од струшко с.Биџево кој нелегално градел

ПС Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (57) од с. Биџево, струшко, и против правниот субјект ГТД „ТРИМ“ ДОО Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Пријавениот како управител на ГТД „ТРИМ“ увоз извоз Охрид ДОО, како инвеститор, без согласност од станарите и без решение, започнал со градба на настрешница-гаража во двор на колективна станбена зграда, која се состои од метална конструкција затворена од три страни. Од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение за отстранување на градбата.

повеќе...

Опожарено возило во Струга

На 08.04.2017 година во 06.53 часот во ПС ОН-Струга, пријавено било дека на ул.„Партизанска“ непосредно до фудбалскиот стадион „Караорман“, опожарено било ПМВ„СААБ“, без регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од ТППЕ-Струга, а увид на лице место извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи -Струга, при што е констатирано дека возилото во целост е опожарено, а пожарот најверојатно е подметнат со лесно запалива материја од страна на засега непознато лице. ПС-Струга презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

повеќе...