Пронајдена дрога кај 31 годишен стружанец

ПС Струга поднесе кривична пријава против лицето Д.М. (31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 29.03.2017 година во 23:30 часот на ул. „Пролетерски Бригади“ во Струга од страна на полициски службеници бил извршен преглед над пријавениот при биле пронајдени и одземени 1,4 грама марихуана.

повеќе...

Осмоодделенци од „ОУ „Живко Чинго“ во посета на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ Струга

Во рамки на програмата по предметот Биологија, учениците од осмо одделение од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти, заедно со наставничката, Маја Попоска, денес беа во посета на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга. Осмоодделенците научија дека како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството. Тие имаа можност  да видат дека во рамките на музејот делуваат билошко, етнолошко, археолошко, историско и одделение за ликовна уметност (со дела на Вангел Коџоман). Постојаната музејска изложба опфаќа голем број препарирани растителни и…

повеќе...

Жител од струшко Џепин починал додека собирал дрва

Вчера околу 12.00 часот во с.Корошишта, струшко, на м.в. „Лак“, Р.К. (56) од с.Џепин, струшко, додека собирал дрва бил притиснат од едно дрво по што починал на местото. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицински центар Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Струга, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

повеќе...

СДСМ работи на активно учество на жените во политиката

Започна првиот семинар од третата генерација на Школата за женски активизам на којашто се обратија генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и координаторката на Форум на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова. Генералниот секретар во своето обраќање го поздрави учеството на избраните учеснички, нагласувајки ја важноста за учеството во школата за женски активизам што придонесува за поголемо вклучување на жени во политиката. Школата за женски активизам е образовен проект што претставува академски курс и тренинг за развивање и воспоставување стандарди за родова еднаквост, организиран од Форум на жени на СДСМ во…

повеќе...

Припадник на ЕБР добил куршум и заканувачки пораки

На 20.05.2017 година во 00.10 часот во ПС од ОН Струга, вработен во Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“. Имено, на 19.05.2017 година во периодот од 21.00 до 23.00 часот пред неговата семејна куќа, од страна на непознато лице на ПМВ „БМВ“, сопственост на неговата мајка, било оставено ливче со заканувачка порака и еден куршум калибар 9мм. Исто така, на 07.05.2017 година на неговото возило пронашол лист со заканувачка порака, но тој настан го пријавил само на неговото работно место. ПС…

повеќе...

Кривична пријава за жител од струшко Подгорци кој бесправно градел

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.И. (82) од струшкото село Подгорци. При инспекциски надзор извршен на 20-ти минатиот месец од градежна инспекција при општина Струга, утврдено е дека пријавениот, започнал со градба на ограда без одобрение, со димензии 6,90 метри 1/3,30 м1+3,60м1 и во висина од 0,35 метри. Тоа, неовластено го направил на катарстарска парцела во атарот на селото Подгорци. Поради констатирани незаконитости и немање соодветна документација, градежна инспекција при Општина Струга донесла решение за отстранување…

повеќе...

НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга ќе го одбележи Меѓународниот Ден на Музеите

И оваа година НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга го одбележува Меѓународниот Ден на Музеите заедно со други музеи во светот во организација на ИКОМ/ICOM http://museu.ms/event/details/120528/international-museum-day. Овогодинешната тема е – Музеите и спорните истории: Кажувајќи го неописливото во музеите. „Нашиот музеј со овогодинешната програма за Меѓународниот Ден на Музеите става акцент на отвореноста на музејот кон широката јавност. Како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството. Во програмата за одбележување на 17 мај се две…

повеќе...

Кривична пријава за жител од струшко Франгово поради телесна повреда при вршење семејно насилство

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.А. (38) од струшкото село Франгово. На 19-ти минатиот месец, во 14 часот и 30 минути, во семејниот дом во селото Франгово, се случила семејна расправија помеѓу сега пријавениот и неговата сопруга. Во еден момент од жестоката вербална караница, А.А. физички ја нападнал сопругата удирајќи ја по целото тело со нозе и со тупаници. Со цел да го избегне физичкиот напад, кој се случил во присуство на…

повеќе...

Стружанец крадел алкохолни пијалоци од маркети

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.П. (29) од Струга. Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 20 до 22 минатиот месец во маркетите „Дрилон“ и „Тинекс“ во Струга. Кражбите ги вршел во згодна прилика користејќи погоден момент, по што противпправно одземал алкохолни пијалоци. Б.П. е фатен непосредно по сторена кражба во маркетот „Тинекс“.

повеќе...

Кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

Секторот за внатрешни работи Охрид, во соработка со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга и подрачното основно училиште „Дедо Лазор Циркоски“ од Враништа, денеска, на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Враништа, реализираа сообраќајно превентивна кампања за зголемена сообраќајна безбедност. Во рамките на кампањата, учениците од шесто до деветто одделение, излегоа покрај регионалниот пат и високо ги подигнаа многуте испишани едукативни пораки наменети за возачите на патнички возила кои сообраќаат на регионалниот пат. Децата повикаа на максимална внимателност при управувањето на моторните возила, моторциклите, побараа безбедно учество на пешаците…

повеќе...