Пронајдена дрога кај стружанец

НККР Струга поднесе кривична пријава против Ј.К,.(23) во Струга, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 28.02.2017 година, во 19.15 часот на ул.„Нико Нестор“ во Струга, извршен е преглед врз пријавениот и пронајдена е една паковка со 7,27 грама марихуана.

повеќе...

Кривична пријава за лице од Лабуништа поради измама

НККР Струга поднесе кривична пријава против С.Ќ.(51) од с.Лабуништа, за сторено кривично дело „измама“. Во текот на јули 2016 година, пријавениот со цел за себе да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда три лица со лажно прикажажување на факти и можности дека за одреден паричен надомест може да им обезбеди државјанство за Р Чешка. По ова лицата му исплатиле по 3.500 евра или вкупно 10.500 евра а остатокот од парите се договориле да му бидат исплатени после 120 дена откако ќе им ги обезбеди документите. По одредено време откако…

повеќе...

Во Струга ќе се одржи локален младински форум

На 4ти април (вторник) во хотел Дрим – Струга, со почеток во 12 часот ќе се одржи Локален младински форум кој ќе трае до 14 часот. Локалниот младински форум е активност која ја реализира Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а е поддржана од канцеларијата на Националниот демократски институт во Скопје. Целта на форумот е дискутирање на заклучоците и можните решенија предложени од младите на консултативните средби кои беа реализирани во текот на декември 2016 година, а во врска со потребите, проблемите и приоритетите на младите. На форумот е предвидено да…

повеќе...

Ограбена црква во струшко с.Мали Влај

Во периодот од 20:00 часот на 29.03.2017 до 09:00 часот на 30.03.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Никола“ во с.Мали Влај, струшко. Сторителот, без видливи оштетувања, влегол внатре и одзел четири икони. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Кривична пријава за стружанец кој градел без одобрение за градба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“ криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против Ш.О. (52) од Струга. По примена пријава од граѓани, извршен е инспекциски надзор од градежна инспекција при општина Струга. Притоа, утврдено е дека  пријавениот Ш.О. како инвеститор на земјиште сопственост на станарите, без одобрение за градба започнал со доградба на приземјето од колективна станбена зграда со димензии 2,3×1,3метри лоцирана на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга. Поради констатирани незаконитости, општинската градежна инспекција-Струга донесла решение и заклучок за отстранување на…

повеќе...

Приведен албански државјанин на ГП Ќафасан

На 25.03.2017 година во 13.35 часот на ГП „Ќафасан“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Б.А. (30) од Р.Албанија евидира со мерка „Апси“. Истиот е приведен и во 18.00 часот, со Потврда за предавање лице, е предаден на полициски службеници од ПС Струга за понатамошна постапка.

повеќе...

Исчезнатиот жител од Октиси се врати во неговиот дом

Во врска со настан „Исчезнато лице“ даден во Билтен од 17/18.03.2017 година, на 18.03.2017 година во 11:00 часот во ПС-Струга, Ц.А. (27) од с.Октиси, пријавил дека неговиот татко А.Ц. (55), кој на 17.03.2017 година бил пријавен за исчезнат, се вратил во неговиот дом на 18.03.2017 година околу 08:00 часот.

повеќе...

Исчезна 55 годишен жител од Октиси

Вчера во 17:00 часот во Полициската Станица Струга, А.Ц. (27) од с.Октиси, пријавил дека истиот ден околу 09:30 часот од неговиот дуќан во непознат правец се оддалечил неговиот татко А.Ц. (55). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Кривична пријава за жител од Лабуништа кај кого било пронајдено нелегално оружје

ПС Струга поднесе кривична пријава против А.Ш. (25) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.12.2016 година извршен е претрес во дом и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени 17 парчиња муниција различен калибар: два куршуми со калибар 9 мм од чешко производство, еден куршум со калибар 9 мм од германско производство и 14 куршуми со калибар 7,62 мм од кинеско производство. Пронајдената муниција е наменета за испалување од огнено оружје –…

повеќе...

Кражба во продавница во Октиси

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.Ш. (41) од струшкото село Октиси. Тој, казненото дело го сторил на 26-ти минатиот месец во 23 часот и 45 минути, кога, со намера да се стекне со противправна имотна корист, насилно влегол во продавница-железарија „Етко 2015“ во струшкото село Октиси. Пријавениот, со употреба на подесен алат извршил обивање на бравата од влезната врата на продавницата а потоа со физичка сила успеал да ја отвори вратата. Одкако влегол во продавницата, И.Ш.…

повеќе...