Претседателот Иванов во Струга ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес во 19:00 часот во Струга ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, воените аташеа, претставници на меѓународни организации и почесните конзули во Република Македонија. На приемот, што традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници, свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. г. Олег Шчербак. Во рамки на дипломатскиот прием, што според воспоставената практика се одржува надвор од главниот град, претседателот Иванов и претставниците на дипломатскиот кор,…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Велешта кој нелегално градел

ПС Струга поднесе кривична пријава против К.Н. (50) од с.Велешта поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како инвеститор започнал градба на станбено-деловен објект на ул.„Туристичка“ во катастарска општина Струга. Од страна на градежен инспектор од Општина Струга на ден 28.12.2016 година извршен е инспекциски надзор, при што е утврдено дека објектот е во фаза на изградена градежна конструкција на подрум со бетонирана темелна плоча, ѕидови и плоча на приземјето, спротивно на основниот проект за градење на објект. Од страна на градежниот инспектор изготвен е записник…

повеќе...

Едно лице повредено во сообраќајка во Струга

Вчера во 17:50 часот во Струга на раскрсницата од ул. „Маркс и Енгелс“ и ул. „ЈНА“ случена е сообраќајна незгода во која В.Р. (45) управувајќи ПМВ „Мерцедес“ со струшки регистерски ознаки удрил во пешакот С.Н. (37) од Струга. Во незгодата со тешка телесна повреда се здобила С.Н, која била пренесена во болницата Св.Еразмо-Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Струга. Се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Загина едно лице во сообраќајка кај струшко Враништа

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што на 14-ти јануари оваа година, во 17 часот се случи на регионалниот пат Струга-Дебар, кај селото Враништа. Е.Н.(46) од с.Подгорци-Струга, управувајќи ПМВ „Ауди А4“ со италијанска национална ознака удрил во пешакот С.З.(53) од с.Враништа-Струга. По незгодата Е.Н. ја однел повредената во МЦ-Струга каде била констатирана смрт. Увид на лице место извршиле Јавен обвините и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.

повеќе...

Неуспешен грабеж на пошта во струшко Велешта

На 05/06.01.2017 година во ПТЕ лоцирана во с.Велешта- Струга, од страна на непознати сторители била исечена и отворена железната врата (решетка), по што насилно била отворена и алуминиумската влезна врата од поштата и истите влегле внатре и од една од просториите одзеле метален сеф. Потоа со употреба на штица го туркале низ скалилата се до асфалтниот пат, каде го оставиле по што го напуштиле местото на настанот. Во присуство на НККР-Струга, металниот сеф бил отворен од раководител на ПТЕ, при што било констатирано дека сторителите не успеале да го отворат…

повеќе...

Жител од Радолишта паднал при чистење на оџак, починал на пат кон Клинички центар

Вчера околу 08.00 часот во с.Радолишта, струшко, С.М. (48) од истото село, при чистење оџак на куќата сопственост на неговиот брат, се лизнал и паднал од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобил со тешки телесни повреди. Медицинска помош му била укажана во Медицински центар Струга, а поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош е препратен во Клинички центар Скопје, но при транспортот починал. Со истото возило е вратен во МЦ Струга, од каде со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

повеќе...

Во тек е Новогодишното украсување во Струга

И градот Струга се украсува со новогодишни реквизити. Влезот на кружниот тек во Струга е украсен, а синоќа во центарот на градот се поставуваше и новогодишната елка. Се очекува градот деновиве целосно да блесне во празнично новогодишно руво.

повеќе...

Лишен од слобода стружанец кој нападнал полициски службеник

Вчера околу 21:55 часот во Струга, во кругот на ПС ОН Струга И.М. (27) од Струга физички нападнал полициски службеник кој бил на работното место обезбедување на полициската станица. Во наведеното време во кругот на полициската станица влегло ПМВ „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ж.П. од Струга. Во тој момент полицискиот службеник се упатил кон возилото со цел да праша со која намера ПМВ го паркирал во кругот на ПС. Притоа, од совозачкото место излегол И.М. и без никаква причина упатил закани и физички го нападнал полицискиот службеник,…

повеќе...

Четири лица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Струга

Четири лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 22 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево кај место викано „Карпа“ во близина на Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле С.А. (18) од Струга како и С.Т.(39), Р.Т.(35) и уште едно малолетно лице, сите од охридското село Велгошти. Со возило на Брза помош, повредените, од местото на сообраќајната незгода итно се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде се задржани на понатамошно лекување. Сообраќајната незгода се случила помеѓу две патнички моторни возила…

повеќе...