Во Македонија лани имало 63 телевизии и 69 радија

Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од извештајните единици, во 2014 година, во Република Македонија, со радиодифузна дејност се занимавале 132 радиодифузери од кои 69 емитуваат радиопрограма, а 63 телевизиска програма. Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 65 се трговски радиодифузни друштва и 3 се непрофитни радиодифузни установи. Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма емитувало вкупно 37 490 часа, од кои најголем дел или 62.2% се музичка програма. Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат радио програма емитувале вкупно 517 043 часа радиопрограма, од…

повеќе...

Од август повисоки сметки за струја?

Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат нова цена на струјата, која најверојатно ќе биде и повисока. За колкав процент и дали ќе биде зголемена цената на струјата, треба да одлучи Регулаторната комисија за енергетика до крајот на јуни. Сите три енергетски компании државните ЕЛЕМ и МЕПСО и приватната ЕВН, до Регулаторната комисија за енергетика ги доставиле своите пресметки за направените трошоци. Дека пресметките се доставени до регулаторите за порталот „Фактор“ потврдуваат од сите три компании. Сега, на потег е Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги разгледа и одлучи,…

повеќе...

ЕВН да вложи повеќе во Дебрца

По дводневни проблеми со напојување на електрична енергија, конечно денес им светна на лешанци и другите дебрчани, но сепак, како што кажуваат од жители од Дебрца, некои села уште немаат струја. Како што велат тие, изминатиот период прекините биле чести и долготрајни. Причина за ова е како што велат е стариот далеквод и столбовите кои се стари и повеќе од 60 години.  Потребно е, додаваат дебрчани, да се вложи во нова електрична инсталација за да се обезбеди редовно и капацитетно електрично напопјување на сите приклучоци во Дебрца. WebOhrid

повеќе...

Бесилка кај „Мини-маркет“

„Мини-маркет“ се издава веќе долго време. Просториите се празни и речиси не привлекуваат никакво внимание… но, тука е еден кабел-бесилка кој многу лесно може да фати за врат некој од случајните минувачи. Доколку оваа „бесилка“ е под напон, тогаш ова претставува спој на класична бесилка и електрична столица, па би се добила електро-бесилка, иновација која можат да ја употребуваат земјите кои сеуште ја применуваат смртната казна. WebOhrid

повеќе...

Цени на електрична енергија и природен гас

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2014 година, во Република Македонија, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.09 денари по KWh што во споредба со првото полугодие од 2014 година претставува пораст од 4.78%. Просечната цена на електричната енергија, без данокот на додадена вредност за индустријата, се движи од 3.90 до 8.21 денари по KWh, по групи на потрошувачи. Просечната цена на природниот гас, без данокот на додадена врeдност за индустријата, се движи од 27.49 до 28.72 денари по nm3, по групи…

повеќе...

Моментална состојба на дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија

Големото невреме проследено со врнежи од снег, дожд и ветер кое за викендот ја зафати замјава, предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во одредени региони. Во регионот на Прилеп, Гостивар, Тетово, Велес,Кочани, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Струмица и Охрид силниот ветер, влажниот снег и обилните дождови предизвикаа кинење на проводниците и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија отстранија поголем дел од дефектите и денеска работат на санирање на дефектите во населените места кои се наоѓаат на повисоките планински предели и во поплавените подрачја. Се работи…

повеќе...

ЕВН Македонија ја санира дистрибутивната мрежа оштетена од големото невреме

ЕВН Македонија интензивно работи на санирање на штетите во дистрибутивната мрежа, настанати од големото невреме кое ја зафати Македонија за време на празниците. Над 10 столба на 35 кВ далекуводи, 60 на среден напон и над 60 на ниско напонско ниво се урнати или скршени во дебарскиот, охридскиот, ресенскиот и струшкиот регион. Сеуште има непристапни места на кои екипите е невозможно да работат. Со хеликоптер на полицијата беа скенирани критичните точки и секаде каде може да се пристапи, екипите работат на санирање на скршените столбови. Голем проблем на овие планински…

повеќе...

Реканскиот крај доби електрична енергија

Од вчера вечер во функција е ставен новоизградениот 10 кВ далекувод во реканскиот крај со што напон доби трафостаницата Јанче. Селата: Косоврасти, Јанче, Галичник добија електрична енергијна, а интензивно се работи и во другите населени места во овој регион. Отстранети се дефектите и во најпроблематичните населени места во охридскиот и струшкиот регион. Во текот на вчерашниот ден нормализирано е снабдувањето во Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, струшко Лескоец, Коњско, Стење и целосно под напон е и селото Мислешево. Екипите на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите кон граничниот…

повеќе...

Поголем дел од најпроблематичните охридски и струшки населени места добија електрична енергија

Најпроблематичните населени места во охридскиот и струшкиот регион добија електрична енергија. Во текот на ноќта и раните утрински часови нормализирано е снабдувањето во Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, струшко Лескоец, Коњско, Стење и целосно под напон е и селото Мислешево. Екипите на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите кон граничниот премин Ќафасан, заедно со месното население се подигнуваат паднатите столбови во с. Мислодожда. Во Охрид, Струга, Ресен и во повеќе села од овој регион екипите на ЕВН ги санираат помалите прекини на ниско-напонската мрежа. Новиот 10 кВ далекувод…

повеќе...

Преспанските, струшките и охридските критични населени места добија електрична енергија

Велестово, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Радожда, Долно и Горно Татеши и неколку други населени места во охридскиот, преспанскиот и струшкиор регион добија електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија во доцните ноќни и раните утрински часови ги отстранија дефектите на 35 кВ далекуводи. Сега се работи на санирање на помалите дефекти во ниско напонската мрежа. Екипите се сега стационитрани на три преостанати точки каде треба да се нормализира снабдувањето со електрична енергија. Се работи интензивно на потегот кај Пренков мост, Луково Поле и Жировница. Од утрово на терен во критичните места…

повеќе...