Македонски Телеком ги известува своите корисници дека за време на викендот (19 и 20 октомври) ЕВН и МЕПСО планираат да го исклучат доводот на електрична енергија на подрачјето на Охрид. „Затоа ги советуваме корисниците од Охрид да ја исклучат мрежната и компјутерската опрема (рутер, модем, телевизиски апарат, компјутер) во своите домови во тој период, за да се спречат евентуални проблеми во користењето на интернет и IPTV сервисите“, – информираат од Македонски Телеком.
повеќе...Tag: струја
Викендов делови од Охрид без електрична енергија
МЕПСО А.Д. ја известува јавноста дека заради изведување работи за модернизација на преносната мрежа, ќе изврши исклучување на далноводите преку кои се снабдува со електрична енергија реонот на Охрид. Надградбата на преносната мрежа ќе се реализира во деновите на викендот: сабота и недела, 19 и 20 октомври во интервалите од 07: 00 часот до 18:00 часот. МЕПСО А. Д. и ЕВН Македонија ќе бидат во постојана координација за спроведување на планираните прекини во предвидените термини од 07:00 до 13:00 и 12:30 до 18:00 часот во различни населени места. Додека трае…
повеќе...Со германска поддршка ќе се реализираат два енергетски проекти на АД ЕЛЕМ
Со германска финансиска поддршка од 35 милиони евра ќе се реализираат два енергетски проекта на АД Електрани на Македонија. За доизградба на Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) „Богданци“ ќе бидат искористени 15 милиони евра, а останатите 20 за реализација на проектот за ревитализација на ХЕЦ „Шпиље 2“. Тоа го овозможи денешното потпишување на Спогодбата меѓу владите на Република Македонија и на Сојузна Република Германија за финансирање на Програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии фаза III од страна на вицепремеирот и министер за финансии Зоран Ставрески и германската амбасадорка Гудрун…
повеќе...Засилени контроли на крадците на електрична енергија и должниците
ЕВН Македонија ќе ги интензивира контролите на мерните места и исклучувањата на корисниците кои навреме не ги платиле сметките за потрошена електрична енергија. За време на летниот период нема да се намалат активностите, туку напротив ќе се зголемат и екипите ќе бидат постојано на терен со цел да се откријат кражбите и да се опоменат корисниците кои подолг период не платиле за потрошената еклектрична енергија. Во последните 6 месеци ЕВН Македонија откри 1000 кражби на електрична енергија. Крадците потрошиле 16 милони kWh електрична енергија или направиле штета од 113 милони…
повеќе...ЕВН Македонија ќе инвестира над милијарда евра во дистрибутивната мрежа
ЕВН Македонија во наредните дваесет години ќе инвестира над една милијарда евра во нови енергетски капацитети во дистрибутивниот систем, предвидува Мастерпланот на ЕВН што беше презентиран денеска. Проектите предвидени во Мастерпланот ќе се реализираат на целата територија на Македонија, а со нив ќе се подигне квалитетот на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија. „Инвестициите од една милјарда евра ќе значат повисок квалитет на дистрибутивната мрежа и енергетска ефикасност на системот. Побарувачката за енергија во следниот период ќе се зголеми за два отсто, а нашите инвестиции одговарат на овие предвидувања. Со…
повеќе...Прекин во водоснабдувањето во зависност од најавените интервенции на МЕПСО
МЈП-Проаква Р.Е.Водовод Охрид ги известува своите корисници дека поради најавените прекини со електрична енергија од страна на МЕПСО А.Д. ќе има прекин на работа на Пумпната станица “Дрвара” поради што дел од корисниците во стариот дел на градот ќе имаат прекин во снабдувањето со вода и тоа улиците: Кузман Капидан, Браќа Миладинови, Григор Прличев, Илиндеска, Христо Узунов, Климентска, Кочо Рацин, Димче Маленко, 11-Октомври, Охридска Архиепископија, Нада Филева и населба Чекоштина. Исто така можно е во високата зона на градот и високите згради водоснабдувањето да биде со намален притисок. Прекин во…
повеќе...Охрид ќе остане без електрична енергија во сабота и недела
„МЕПСО А.Д. ја известува јавноста дека заради изведување работи за модернизација на преносната мрежа, со надградба на заштитно громобранско јаже со интегрирани оптички влакна, ќе изврши исклучување на далноводите преку кои се снабдува со електрична енергија реонот на Охрид. Надградбата на преносната мрежа ќе се реализира во деновите на викендот: сабота, 13 април во интервалите од 08:00 до 16:00 часот и недела, 14 април во интервалите од 08:00 до 18:00 часот.“ МЕПСО А.Д. и ЕВН Македонија ќе бидат во постојана координација. Додека трае интервенцијата без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од трафостаниците од кои…
повеќе...