СВР Охрид, ефикасно и ефективно се справува со сите видови криминалитет и има зголемена ефикасност во откривањето на казнените дела на целото подрачје, рече началникот на одделението за криминалистичка полиција во СВР Охрид, Игор Смилески, на денешната прослава по повод претстојниот 7 мај, денот на македонската полиција и денот на безбедноста. Во 2016 година регистрирани се 1564 казнени дела што претставува намалување за 16 проценти во однос на предминатата година, нагласи началникот Смилески. Тој кажа дека СВР Охрид регистрира намален број на тешки кражби за 15 проценти и бележи зголемена…
повеќе...Tag: свр
Охриѓанец со нож нападнал две лица
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при караница или тепачка”. На 15.03.2017 година во 15:45 часот на градскиот пазар во Охрид пријавениот започнал жестока вербална расправија со С.Ф. од с.Лескоец, охридско, при што му упатил и сериозни закани. Во еден момент, пријавениот извадил нож и замавнал кон С.Ф., но и кон Е.Ф. од истото село. После тоа, од страна на граѓани, ножот му бил одземен и предаден на полициски службеници.
повеќе...Охриѓанец затекнал бегалци во плевната кои го врзале и го ограбиле
Вчера околу 06:00 часот во Охрид на ул. „Стив Наумов“, во сопствената плевна, З.Ќ. од Охрид затекнал две непознати лица (најверојатно од Сирија) како спијат. Во тој момент едно од лицата му се заканило со пиштол и со пластични врвки му ги врзале рацете. Откако го заврзале му одзеле приврзок со клучеви, велосипед и еден дуксер, по што побегнале во непознат правец. З.Ќ. бил пронајден во 07:15 часот. Истиот не е повреден. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
повеќе...Пронајдена и одземена дрога од жител од Радолишта
ПС Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш. (38) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.08.2016 година во Струга, на ул. „Маршал Тито“ бил извршен преглед над пријавениот при што биле пронајдени и одземени 3,53 грама марихуана, 0,5 грама мешавина од тутун и марихуана, 20 таблети со активна компонента бромазепам – медикамент од групата на бензодиазепини и нож на расклопување со сечило од 9 см. Пријавениот, марихуаната ја набавил за цена…
повеќе...Кражба во куќа во Охрид
Вчера околу 17:00 часот во ПС ОН Охрид, Г.М. (31) од Охрид пријавил дека во периодот од 19:00 часот на 01.05.2017 година до 15:00 часот на 02.05.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот дом. Сторителот влегол внатре и одзел поголема количина на златен накит и околу 9. 000 евра. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
повеќе...Кривична пријава за жител од Вевчани кој бесправно градел
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Б. (39) од с.Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Во текот на 2017 година во Охрид пријавениот како инвеститор, без одобрение за градење, бесправно изградил приземен објект, градба од втора категорија за која што е потребно одобрение за градење. За истиот објект на 20.03.2017 година и на 29.03.2017година, од страна на овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор при Општина Охрид извршен е инспекциски надзор при што истиот потврдил дека се работи за бесправно изграден објект, спротивно…
повеќе...Кривична пријава за две лица кои фалсификувале пари
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.Н. (53) од Скопје и И.И. (59) од селото Голем Папрадник општина Центар Жупа. На трети февруари оваа година, пријавените во Скопје во оптек пуштиле фалсификувана банкнота од 1000 денари со сериски број ВА 2334139. Сметајќи дека е оштетена, С.Н. му ја предал банкнотата од 1000 денари на И.И. кој пак се упатил во Народна банка каде сакал да ја замени. Тука било утврдено дека банкнотата е фалсификат по што од…
повеќе...Кривична пријава за охриѓанец кој украл музички инструменти
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј.(33) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил на 23 јануари оваа година во вечерните саати од куќа на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид. Тој, откако констатирал дека во куќата нема никој, со подесен алат и со примена на физичка сила, ја отворил влезната врата, влегол внатре и од дневната соба одзел еден саксофон марка „Селмер-Прелуде“ во црн куфер во кој имало и усник за „Алт“-саксофон марка „Јаганисава“ и еден кларинет Буфетерц“ во…
повеќе...Кривична пријава за жител од Куманово поради затајување
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.С. (56) од Куманово. Пријавениот, казненото дело го сторил во текот на 2014 и 2015 година во својство на претседател на Заедница на сопственици на апартмански комплекс „Еуротел“ лоциран во населба „Езерски лозја“ во Струга. Тој бесправно, за себе присвоил парични средства кој му биле доверени по основ за гориво, телефонски сметки, храна и слично, со што ја оштетил заедницата и се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 563.070 денари.
повеќе...Жител од Центар Жупа заработи кривична поради предизвикување општа опасност
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Д.Д. (69) од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Во текот на изминатите месеци, кај месноста „Парешки кории“ во близина на селото Баланци, пријавениот, неовластено извршил ископ околу два бетонски столба за пренос на електрична енергија од 10 киловолтен далековод од кој, со електрична енергија се напојувале општината Центар Жупа, неколку индустриски капацитети како и селата во регионот. Со така извршеното опасно дејство, пријавениот значително ја нарушил стабилноста на бетонските…
повеќе...