По минатогодишната успешна премиера, како и реприза на „Сите мои синови“, НАТГ „Аматер“ продолжуваат со работа. Овој пат пред охридската публика ќе одиграат претстава според текст на Венко Андоновски, „Генетика на кучињата“. Како мало потсетување, „Сите мои синови“ премиерно беше одиграна минатата година во април, а потоа и репризно во мај во просториите на ОСУ „Свети Климент Охридски“. Актерската екипа беше сочинета од Томе Укоски, Катерина Петреска, Јован Цветкоски, Леа Новеска и Никола Србиноски, а за сценографијата се погрижи ликовниот клуб при ОСУ „Свети Климент Охридски“. Рекцијата на публиката ги…
повеќе...Tag: театар
Македонија го одбележа Светскиот ден на театарот
Со претстави и читање на пораките за сценска уметност вчера во Македонија се одбележа Меѓународниот ден на театарот – 27 Март. Сите театри во Македонија, според министерката за култура Елизабета Канческа-Милвеска, активно се вклучени во одбележувањето преку разновидна културна програма. „Не само во Скопје, туку и театарите во Битола, Велес, Штип, Куманово, Струмица, Прилеп… имаат една благородна мисија и активност со читање на светската и македонската порака. Автор на светската порака годинава е Брет Бејли, а македонската ја напиша нашата актерка и режисерка Звезда Ангеловска“, изјави вчера во Драмскиот театар…
повеќе...На барање на публиката повторно ќе се прикажува претставата „Волкот и седумте јариња“
НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид на барање на публиката, повторно ќе ја прикажува детската балетска претстава „ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА“ и тоа организирано за основните школи од Охрид, утре(26 март) од 14.00 часот, а на редовниот репертоар во САБОТА 29-ти Март со почеток 12.00 часот. Влезот чини 50 денари. Детската балетска претстава „ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА“ е во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид, а е поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија. Времетраењето на претставата е 45 минути.
повеќе...Наскоро во Центарот за култура јубилејна претстава по повод 18 години постоење „Солза и Смеа“
ВО НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид, во соработка со „Театар Солза и Смеа“- од Битола ќе се игра јубилејна претстава по повод 18 години постоење на „Солза и Смеа“ и славење полнолетство. „Златна бубашваба на популарноста 7“ е 7-ма по ред претстава од ваков вид, традиција на Солза и Смеа години наназад. Авторска претстава во вид на шоу или кабаре, со имитација на познати личности, настани, скечеви, музика и уште многу. Најпосетувани претстави на Солза и Смеа наназад низ годините, после 4 години пауза конечно и со нов, 7-ми…
повеќе...„Ах жени, жени“ во сабота во Центарот за култура
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во малата сала, во сабота 1-ви февруари со почеток во 21:00 часот ќе се прикажува монодрамата – комедија „АХ ЖЕНИ, ЖЕНИ“ во режија на Ташко Лаброски. Влезот чини 100 денари.
повеќе...Платите во театрите, МОБ и Филхармонија зголемени за 60 отсто
Во разговор со синдикатите донесовме одлуки со кои се зголемија и платите на вработените во театрите, во Македонската филхармонија и во Македонската опера и балет за околу 60 отсто од претходно постоечките. Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето пред синдикатите во Домот на АРМ. Откако се увиде дека во минатото неправедно биле изоставувани и депресирани платите во секторот култура, појасни Груевски, без какви било притисоци, во разговор со синдикатите донесовме одлуки со кои се зголемија платите во културата. Во соработка со СОНК, како што информира, се подготви…
повеќе...Почна изградбата на новиот објект на Турскиот театар
Турскиот театар во Скопје ќе добие нов современ објект кој во целост ќе го задоволи функционалните, техничките и естетско-архитектонските критериуми. Новиот објект е проект на Владата на Република Македонија, кој се реализира преку Министерствто за култура и националната установа. Сместен е во близина на поранешното балетско училиште и ќе располага со вкупно 8 нивоа од кои пет надземни и три подземни. Ќе располага со две сцени со вкупен капацитет од над 450 гледачи. Малата сцена ќе биде со површина од 180 м2 и максимален капацитет на посетители до 150, додека…
повеќе...„Волкот и седумте јариња“ повторно ќе се прикажува во Центарот за култура
Детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“ поради зголемениот интерес на публиката, повторно ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“, во текот на месеците февруари и март. Кореограф на балетската претстава е Јулија Милески. Сценографијата е на Љупчо Сидороски, костимографијата на Мирослав Рувиноски, а музиката на Јовица Каралиевски. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
повеќе...Бројна публика ја проследи детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“
Во Националаната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во големата сала, пред бројна публика, денеска беше прикажана детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“. На претставата настапија млади талентирани балерини, кои навистина беше задоволство да се проследат. Веднаш по завршување на претставата, најмладата публика, односно дечињата ги поздрави Дедо Мраз кој им посака среќна и напредна Нова 2014 година. Имено, како што беше најавено, на најмладите посетители на претставата организаторите им врачија подарок – по еден балон на сите деца. WebOhrid
повеќе...„Волкот и седумте јариња“ ќе се прикажува во Центарот за култура
Во големата сала, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во недела, 29 декември ќе се прикажува детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“. Претставата ќе започне во 12:00 часот, а влезот чини 50 денари. Од Центарот за култура најавуваат подароци за најмладите.
повеќе...