Аматерската театарска група на Црвен крст Охрид, составена од 12 млади актери, синоќа имаше свое прво претставување во странство. Како гости на Црвен крст Крагујевац, во Театарот за млади во Крагујевац, Србија, талентираните охридски актери пред крагујевчани настапија со театарската претстава „СУД ЗА МОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ“, во режија на Маре Ристеска и Весна Терзиоска. Само за потсетување, аматерската театарска група на Црвен крст Охрид, го отвори првиот Меѓународен Аматерски театарски фестивал „Вдиши Театар“ што во организација на Црвен крст Охрид се одржа во мај оваа година. Посетата во Крагујевац, волонтерите на Црвен…
повеќе...Tag: театар
Драмски театар ја отслика лакомоста што владее насекаде во светот
Алчноста, материјализмот, лакомоста како универзални и актуелни теми претставени на гротескен јазик, не ја оставија рамнодушна публиката на „Охридско лето“ која синоќа имаше чест премиерно да ја види театарската претстава „Ждрело“изведба на Драмски театар-Скопје. Претставата на текстот е универзална и актуелна. Се однесува на она што во моментов се случува буквално низ целиот свет-материјалистичко-лакома алчност. Беше доловен порокот на потрошувачката психологија којашто му е наметната на светот, со лакомоста, алчноста за пари, како компензација за нешто што недостасува. Според селекторот на драмската програма на „Охридско лето“, Ѓорѓи Јолевски, оваа тема…
повеќе...„Вока Пипл“ сензационалната вонземјанска музичка комедија слетува во Охрид
Во рамки на програмата на Охридско Лето 2014, на 1. август на сцената на „Антички Театар“ во Охрид гостува „ВОКА ПИПЛ“ (The VOCA PEOPLE) – сензационалниот перформанс на музичката комедија која комбинира восхитувачки и неверојатни вокални звуци. За прв пат во Македонија, пред публиката на Охридско Лето, „ВОКА ПИПЛ“ ќе го претстават своето шоу кое ширум светот важи за незаборавно искуство кое ја спојува музичката брилијантност со многу хумор. „ВОКА ПИПЛ“ ансамблот кој потекнува од Израел претставува нов феноменален интернационален вокално-театарски перформанс кој ги комбинира восхитувачките вокални звуци и „а…
повеќе...Министерката за култура во посета на Албанскиот театар
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехаби, денеска го посетија Албанскиот театар во Скопје каде што е во тек реконструкцијата на објектот, која се очекува да биде завршена во септември следната година. Канческа-Милевска изрази задоволство од динамиката со која се реализира реконструкцијата на објектот и информираше дека наесен, во октомври или ноември, оваа институција ќе добие нова фасада, покривна конструкција и нови прозорци, по што ќе продолжи уредувањето на внатрешноста на објектот. „Се работи за корисна површина од над 4.300 квадратни метри.…
повеќе...Заврши првото издание на Аматерскиот Театарски Фестивал „Вдиши Театар“
Со вчерашниот прекрасен настап на театарската група од средните училишта Мирко Милески и Дрита од Кичево, со претставата „Изгубениот сон“ и театарската група од средното училиште „Св.Климент Охридски“ – Гимназија од Охрид, со претставата „Мачка на вжештениот ламаринен покрив“, беше заокружено првото издание на Аматерскиот Театарски Фестивал „Вдиши Театар“, кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа од 28-ми мај до 1-ви јуни во Охрид. На фестивалот беа прикажани 6 театарски претстави со учество на преку 100 млади, талентирани актери од Охрид, Кичево, Ужице и Крагујевац. Задоволството на учесниците…
повеќе...Одбележан третиот ден од Аматерскиот Младински Театарски Фестивал „Вдиши театар“
Третиот ден од Аматерскиот Младински Театарски Фестивал го одбележа настапот на младите аматерски актери од театарската група при средното училиште ЕМУЦ, кои имаа прекрасна изведба со претставата „Вртимушка“. Последниот ден од фестивалот е резервиран за настап на театарската група од Црвен крст Кичево, средните училишта Мирко Милески и Дрита од Кичево која ќе настапи денес во 17:00 часот со претставата „Изгубениот сон“, а затворањето на фестивалот ќе го одбележи настапот на театарската група од ОСУ „Св.Климент Охридски“ – Гимназија, Охрид во 20:00 часот со претставата „Мачка на вжештениот ламаринен покрив“.…
повеќе...Отворен првиот Аматерски Младински Театарски Фестивал „Вдиши Театар“
Во прекрасна атмосфера, на сцената во предворјето на црквата Св.Софија, вчера беше отворен првиот Аматерски Младински Театарски Фестивал „Вдиши Театар“. Многубројната публика уживаше во прекрасната изведба на талентираните млади актери-аматери од театарската група на Црвен крст Охрид кои ја изведоа претставата „Суд за морални вредности“. Фестивалот продолжува денес со изведба на две претстави од гостите на овој фестивал, театарските групи од Крагујевац и Ужице од Србија.
повеќе...Позитивните вибрации на „Баскерфест“ ќе се почувствуваат во Охрид
Караванот за кого велат дека носи среќа, за првпат оваа година ќе гостува во Охрид. Најпосетениот уличен театар „Баскерфест“ на 28-ми и 29-ти јуни, на Градскиот плоштад и низ охридската чаршија со своите несекојдневни перформанси ќе ги забавува охриѓани и туристите. Со повеќе од 150 улични артисти, музичари и театри „Баскерфест“ на посетителите ќе им понуди несекојдневно искуство и незаборавна забава, пантомима перформанси, претстава, музика во живо, улични танчери, ликовни изложби, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини. Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу…
повеќе...Црвен крст Охрид ќе одржи аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“
Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, ќе одржи Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши театар“. Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на средношколците во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на драмските секции од училиштата, но и поттик за професорите во осмислување и креирање на драмски текст. Самиот фестивал ќе биде еден чекор напред во…
повеќе...Театарот за деца и младинци ќе добие реновиран и поголем простор
Театарот за деца и младинци од септември 2015 ќе има реновиран и проширен простор, најави денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која беше во работна посета на оваа единствена национална театарска установа за деца. Салата за публика ќе биде поголема во должина и ќе се протега до крајниот дел од објектот. Ќе бидат реновирани и сцената, гримјорните и просториите за фундусот, театарското фоаје, административните простории и санитарните јазли. Идејниот проект се очекува до 10 јуни, за потоа да биде објавен тендер за избор на фирма што ќе го проектира просторот…
повеќе...