На терените на Тенискиот клуб Југ-Скопје, во периодот од 27 до 30 Септември се одржа Државното првенство на Македонија за Мажи (поединечно и двојки) и Жени (поединечно). Нови државни прваци во конкуренција на двојки се 19-годишниот Стојан Стојановски од ТК Охрид и 15-годишниот Ѓорѓи Јанкуловски од ТК Југ од Скопје. Во финалето победија против искусниот Димитар Грабул и младиот Лука Андонов во 3 сета, иако на почетокот на вториот сет губеа со 6:1 и 2:0. Но, потоа освоија 6 гема во низ со што го зедоа вториот сет, а одлучувачкиот…
повеќе...Tag: тенис
Тања Стојановска избрана за спортист на неделата и МВП на финалниот турнир од Првата Универзитетска лига во САД
Женскиот тениски тим на Универзитетот од Бафало, за кој на првата позиција игра Тања Стојановска, победи на финалниот турнир на МАК конференцијата (Mid American Conference) од Првата NCAA Универзитетска лига, со што се стекна со право да оди на завршниот NCAA турнир за најдобрите Универзитети од САД на 12 и 13 Мај. Тимот инаку имаше серија од 8 последователни победи во конференциската лига и на завршниот плеј-оф турнир. Тања Стојановска беше избрана за МВП на завршниот турнир на МАК конференцијата, како и за спортист на неделата на нејзиниот Универзитет, бидејќи…
повеќе...Скопје ќе добие затворена тениска арена и сали за гимнастика и боречки спортови
Подготовките за изградба на затворена тениска арена и сала за гимнастика во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ добро се одвиваат, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Груевски појасни дека во моментов се прави проектот и ќе биде објавен конкурс. Според проценките на експертите, како што рече, тоа се прави за околу три месеци и најдоцна во мај, јуни следната година ќе почне изградбата на оваа сала, која ќе има неколку компоненти. Ќе има три терени за тенис и еден за падел-тенис. Ќе има професионална гимнастичарска сала, според највискоите…
повеќе...Пуштени во употреба тениските игралишта во Охрид
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески денес официјално ги пуштија во употреба новите три тениски терени и новото повеќенаменско спортско игралиште во СРЦ “Билјанини извори” во Охрид, кои се наменети за граѓаните и спортистите на Охрид. Овие игралишта се инвестиција на Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт и се дел од проектот „Изградба на 120 тениски терени низ целата држава“ и од проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава“. Директорот Спасески во своето обраќање…
повеќе...Започнаа градежните активности за изградба на тениски игралишта на СРЦ „Билјанини извори“
ЈП „Билјанини Извори“ ја известува охридската јавност дека започнаа градежните активности околу реализацијата на проектот, изградба на тениски игралишта во состав на СРЦ „Билјанини Извори“. Проектот е во реализација на Агенцијата за млади и спорт и тој предвидува изградба на 100 тениски терени ( 20 единечни и 40 двојни ) низ територијата на Република Македонија. Охрид и Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ се дел од плановите на Агенцијата за млади и спорт така што за неколку месеци Охрид и Спортскиот центар ќе добијат најсовремени тениски терени ( еден единечен и…
повеќе...Јована Кецкарова од ОУ „Живко Чинго“ освои второ место на Државниот натпревар во тенис
Петтоодделенката Јована Кецкарова, ученичка во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти освои второ место на Државниот натпревар во тенис кој вчера се одржа во Скопје. Јована веќе две години е член на Тенискиот клуб Охрид кај тренерот Мичо Крстески. Таа досега има освоено две први и две втори места на ниво на Македонија, две први места во портокалов тенис и две втори во зелен тенис. WebOhrid
повеќе...Стојановска прогласена за спортист на неделата на Универзитетот во Бафало
Тања Стојановска од Охрид забележа 4 победи на сите мечеви кои ги играше нејзиниот Универзитет против 4 универзитети (St. Francis, Quinnipiac, Connecticut и Bryant) последниве 2 недели, настапувајќи на првата позиција. Тоа придонесе нејзиниот Универзитет да победи на сите мечеви, а Тања да биде прогласена за СПОРТИСТ НА НЕДЕЛАТА на Универзитетот во Бафало, веќе трет пат последнава година. Стојановска е студентка на Медицинскиот факултет и стипендист на Универзитетот во Бафало, кој е најголем државен универзитет во државата Њујорк.
повеќе...Тања Стојановска прогласена за дебитант на годината во Mid American Conference
Тенисерката Тања Стојановска од Охрид, од Универзитетот Бафало, држава Њујорк, е прогласена за дебитант на годината во MAK конференцијата (Mid American Conference). Воедно, избрана е во најдобриот тим на конференцијата. Викендов, нејзиниот Универзитет е на завршниот плејоф турнир, на кој учествуваат најдобрите Универзитети од МАК конференцијата.
повеќе...Одржан третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје
Викендов на стрелиштето во Штип се одржа третиот по ред Куп во гаѓање со водзушно оружје-национална проограма на кој учествуваа 30-тина пионери од повеќе клубови од Кавадарци, Прилеп, Охрид, Битола и Скопје. Еве го пласманот на охриѓани: Поединечна конкуренција-пионерки -Симеона Милеска второ место со резултат од 160 кругови -Трето место за Марија Магдалена Шишкоска со резултат од 156 кругови (подобра втора серија) -Четвро место за Стефани Ефтимовска истотака со резултат од 156 кругови, но послаба втора серија. На петтата позиција се пласира Луана Попоски до ЖСК ,,Лихнидос,, повторно со идентичен…
повеќе...Охриѓанката Тања Стојановска – спортист на неделата на МАС конференцијата
Тања Стојановска од Охрид, која е студентка на Медицинскиот факултет и стипендист на Универзитетот во Бафало, најголем државен универзитет во државата Њујорк, забележа 4 победи на сите мечеви кои ги играше нејзиниот Универзитет во нивната MAC (Mid-American Conference), настапувајќи на првата позиција. Тоа придонесе да биде прогласена за спортист на неделата од MAC Конференцијата, во сите 11 женски спортови. Иако е студентка на прва година, Тања Стојановска за кратко време се избори да игра на првата позиција за својот Универзитет, и постигна забележителни резултати на тениските турнири и мечеви во…
повеќе...