Од утре до 28-ми јули во Трпејца по четврти пат ќе се одржува културно-забавната манифестација „На зајдисонце“ 2015. Организатор на манифестацијата е Здружението „За Трпејца со љубов“ со поддршка на Месната заедница и Црковниот одбор. Манифестацијата и годинава е под покровителство на Општина Охрид. Според организаторите манифестацијата ја постигнува целта – раздвижување на луѓето во насока на развој на културниот туризам, а истовремено расте и интересот на гостите, токму за време „На зајдисонце “ да се во Трпејца. На летната сцена „Кај бунарот“ новото издание „На зајдисонце“ во 20 и…
повеќе...Tag: трпејца
Патот Охрид – Ресен преку Галичица е расчистен за сообраќај за сите возила
Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина) -врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е расчистен за сообраќај за сите возила. Се препорачува внимателно управување со возилата поради остатоци од снег и можна појава на одрони. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
повеќе...Исчистени плажите во Лагадин, Пештани и Трпејца
ЈП „Охридски Комуналец“ минатата седмица ги реализира акциите за темелно расчистување на плажите кои не се дадени под концесија на охридското крајбрежје во населба Лагадин, с.Пештани и с.Трпејца. „Во туристичката населба Лагадин на потегот од пред хотел „Два Бисери“ до авто-камп Елешец беа подигнати 10 м3 трска и 20 вреќи отпад. Во с.Пештани беа подигнати 7 м3 трска и 10 вреќи отпад, додека во с.Трпејца 3 м3 трска и 5 вреќи отпад. Но секогаш останува горливиот проблем за тековно одржување на плажите и подигнување на еко-свеста кај граѓаните, со цел да не…
повеќе...Во полн ек е изградбата на повеќенаменското игралиште во Трпејца
Првата фаза од активностите за изградба на повеќенаменско игралиште во Трпејца е при крај. По завршувањето на оваа фаза, односно по бетонирањето на предвидениот простор, ќе следува поставување на ограда. Понатака ќе следува опремување на игралиштето со спортски реквизити и хортикултурно уредување на просторот. Бетонирањето го изведува ЈП „Градски гробишта“, а во наредните фази ќе се вклучат и другите охридски јавни претпријатија.
повеќе...Продолжуваат градежните активности на игралиштето во Трпејца
Градежните активности на игралиштето во с. Трпејца кои беа во прекин поради лошите временски услови, денес продолжуваат со засилен интензитет. Игралиштето ќе биде повеќенаменско, целосно ќе биде оградено, опремено со рефлектори и хортикултурно ќе се уреди. Околу игралиштето ќе биде изведена пешачка патека и ќе бидат поставени трибини. Ова игралиште претставува дел од проектот за изградба на повеќенаменски игралишта на повеќе локации во градот и надвор од него. Средствата за изградбата се целосно обезбедени од буџетот на општина Охрид, а градежните зафати во целост ги изведува ЈП „Градски гробишта“. Иницијативата…
повеќе...Ќе се гради повеќенаменско игралиште во Трпејца
Во селото Трпејца, денес, започнаа градежните зафати за изградба на повеќенаменско игралиште. Стручни екипи од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, извршија мерења на просторот каде треба да се гради игралиштето, по што следува уредување на теренот со механизација. Игралиштето ќе биде оградено и хортикултурно уредено. Градежните зафати во целост ги изведува ЈП „Градски гробишта“, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Охрид. Изградбата на игралиштето се очекува да финишира до крајот на оваа година. Изградбата на повеќенаменското игралиште во Трпејца, поризлезе од неодамнешната средба која градоначалникот на…
повеќе...Активности за заштита на црквата „Св. Богородица Захумска“ во с. Трпејца, Охрид
Во тек е изработката на Елаборатот за ревалоризација на споменичната целина на манастирскиот комплекс „Свети Богородица Захумска“, како и изработката на проекти за заштитно-конзерваторски основи, активности предвидени со Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура … Стручните служби на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид по реализацијата на овие проекти, ќе отпочнат со целосно завршување на конзерваторските работи на ова значајно споменично добро кое е споменик на културата од средината на 14 век. Со оглед на статусот на објектот, проектите кои се однесуваат…
повеќе...Во Трпејца ќе се избира Совет на месна заедница
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа, Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ. На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница. На 15.10.2014 (среда) со почеток во 17.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Трпејца – с. Трпејца. Собирот ќе се одржи во основното училиште во с. Трпејца.
повеќе...Утре градоначалникот Бакрачески во обиколка на неколку селски населби
Утре, со почеток во 14 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на селските населени места. Агендата на посетата е следна: – 14 часот – с. Љубаништа – 15 часот – с. Трпејца – 16 часот – с. Пештани – 17 часот – с. Елшани Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.
повеќе...Трпејца пулсира – На зајдисонце
Третото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца од ден во ден е се поинтересно и со понудените содржини го привликува сè по голем број гледачи и директни учесници во низата бесплатни случувања. Денеска – недела, напладне на бисерната плажа во Трпејца ќе се одржи натпревар во фаќање риба на јадица. Учесниците заедно ќе подготвуваат чорба од риба. Вечерва во 20 часот и 30 минути „Кај бунарот“ во соработка со Кинотека на Македонија ќе биде прикажан македонскиот игран филм „МИС СТОН“. Овој филм на времето делумно е…
повеќе...