На Саемот за културен туризам и партнерска соработка, што од 01 до 04 април се одржа во Велико Трново, Република Бугарија, учествуваше делегација на општина Охрид, која имаше деловни средби со други регионални партнери, општини и организации. Покарај средбите, градот беше промовиран на саемот и со промотивни материјали. Исто така делегацијата на општина Охрид, реализира повеќе средби со повеќе туристички организации и агенции од Бугарија при што беа договорени различни заеднички активности во насока на развој на туризмот и зголемена туристичка промоција на Охрид во иднина. На Меѓународниот фестивал на…
повеќе...Tag: туризам
Заврши промотивната тура „Охрид 2015“
Во рамките на активностите предвидени со годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, во соработка со туристичко-угостителските субјекти, деновиве успешно беше реализирана „Промотивната тура Охрид 2015“ . На промотивната туристичка тура, што се одржа од 02 до 05 април, учествуваа претставници од туроператори, туристички агенции, медиуми и туристички списанија од Турција, Србија, Израел, Русија, Бугарија, Словенија, Украина, Унгарија и Австрија. Гостите имаа можност да се уверат во убаните на Охрид преку обиколка на стариот дел на градот, културно историските споменици и обележја, природните убавини…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески се сретна со учесниците на туристичката промотивна тура
Дваесетината учесници од годинашнава промотивна туристичка тура, која по втор пат ја организира Секторот за туризам и локален економски развој, денеска имаа средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Промотивната тура ќе трае до 5 април, а гостите се претатсвници на тур- оператори и медиуми од Србија, Словенија, Русија, Бугарија, Израел, Турција, Украина, Унгарија и Австрија. „Овој настан е резултат на новиот пристап на промоција на нашите туристички потенцијали не само во земјите од соседството, Европа, туку и во прекуокеанските земји.Оваа промотивна тура е дел од таа определба, бидејќи сме убедени дека…
повеќе...Македонија атрактивна за туристи од Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Австралија, Израел…
Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, во наредните шест години ќе биде туристичка дестинација број еден за Јапонија и Јужна Кореја. Земјава е веќе и на туристичката мапа во Австралија, Канада, Израел, Германија, Холандија и други земји, беше речено денеска пред годишното собрание на Асоцијацијата на туристички агенции за дојдовен туризам (АТА ДМ) која одбележува една година постоење, пренесува МИА. „Сега е шанса за Балканот, во наредните шест до 10 години. Многу туристи сакаат да го посетат, го доживуваат како посебно интересна дестинација“, рече директорот на Агенцијата Александар Коневски. Презентирајќи ги…
повеќе...Во Охрид допатува првата група туристи од Данска
На традиционален начин – со погача, локум, ѓомлезе и ракија, синоќа беа пречекани првите туристи од Данска кои преку аранжмани на агенцијата „Вис-Пој“ од Охрид и оваа година ќе одмараат во Македонија, пренесува МИА. Според изјавите на првите гости од Данска, тие за Македонија и за Охрид дознале преку Интернет, и решиле да одмараат тука пред се поради убавата природа, културно-историските споменици, но и традиционалната македонска храна и македонските вина. Претставниците на туристичката агенција „Вис Пој“ појаснуваат дека веќе трета година реализираат туристички аранжмани со дански туристи во Македонија. „Минатата…
повеќе...Промотивна тура Охрид 2015
Туроператори, претставници на туристички агенции и медиуми од повеќе европски земји кои се дел од „Промо-турата“ што од 2. до 5. април ќе се одржи во Охрид, во петок во 10 часот во зградата на Општина Охрид ќе имаат работна средба со претставници од локалната самоуправа . На промо – турата која се одржува втора година по ред, ќе учествуваат претставници на медиуми од Турција, Русија, Словенија и Србија, како и претставници на туроепратори,туристички агенции и туристички работници од Израел, Унгарија, Украина, Австрија, Бугарија и Србија. Исто така учесници ќе…
повеќе...„AdventureEDU“ обуки за туристичкиот сектор и стопанството
Денес и утре Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија во соработка со Проектот на експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и Интернационалната асоцијација за активен туризам (ATTA) одржуваат „AdventureEDU“ обуки за туристичкиот сектор и стопанството. Дводневната обука ќе им обезбеди на учесниците вештини и знаења кои се неопходни за да се постигне највисок квалитет во организирањето на првата европска регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Balkans“, која ќе се оддржи во Мај, 2016 година, а чиј домаќин ќе биде Македонија. Обуката ќе се фокусира…
повеќе...Агенцијата за промоција и поддршка на туризам започна со одржување на состаноци со туристичкиот сект
На иницијатива и покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот вчера во Охрид се одржа работен состанок со туристичкиот бизнис сектор од југозападниот регион на Република Македонија. Директорот на АППТРМ, Кристијан Џамбазовски имаше продуктивна средба со претставници на туристичките комори, Асоцијацијата на хотелиери, туристичкиот кластер од регионот, агенции, туроператори и други представници од стопанството со цел иницирање на поинтензивна соработка со туристичкиот сектор за подобра организација на европска регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Balkans“, која ќе се оддржи во Мај, 2016 година. „Тридневниот „AdventureNext – Balkans“ Самит ќе…
повеќе...Нова туристичка атракција „Македонско село“
Новата туристичка атракција „Македонско село“, кое опфаќа 12 автентични куќи во архитектонки стил карактеристичен за различни региони во земјава, лоцирано во близина на манастирот „Свети Пантелејмон“, од април треба да биде отворено за посетители. Од министерството за економија посочија дека тоа е крајниот рок кога треба да се завршат сите работи и концесионерот да почне со стопанисување на комплексот. Според договорот за концесионерство, фирмата „Тренд“ која ќе ги извршува хотелиерските и угостителските дејности ќе стопанисува со објектите следните 20 години, почнувајќи од април. „Проектот Македонско село е во завршна фаза…
повеќе...Поддршка од СТООН за развој на туризмот во Македонија
Министерот за економија Беким Незири, кој е во официјална посета на Светската туристичка организација при Обединетите нации (СТООН) со седиште во Мадрид денеска се сретна со Генералниот секретар Талеб Рифаи. На средбата доби целосна поддршка за развој на туризмот во Македонија. Првата посета на македонски министер на седиштето на Светската туристичка организација при ОН, од 1995 година откако Република Македонија стана членка на оваа организација, Незири ја искористи за да ги презентира позитивните резултати од вложените мерки за развој на туризмот во земјава и планираните активности за оваа година. „Податоците…
повеќе...