Цените на угостителските услуги во мај исти како претходниот месец

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2014 година, во споредба со април 2014 година, остана на исто ниво.  Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.5%.  Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0.4%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0.2%.

повеќе...

Општината и Агенцијата за развој на туризмот заеднички за поголема туристичка промоција на Охрид

Општина Охрид  и  Секторот за ТЛЕР заедно со Агенцијата  за развој  и поддршка  на туризмот  наредниов период ќе работат на зацврстување на меѓусебната соработка со цел  да обезбедат  поголема  промоција на туристичките вредности на Охрид и Македонија. Ова  беше  заклучено  на работната средба меѓу градоначалникот Никола Бакрачески  и директорот на Агенцијата за развој  и поддршка  на туризмот , Кристијан Џамбазовски. „Договоривме неколку активности и идните правци за нашата меѓусебна соработка и заклучивме дека истата мора да биде многу поинтензивна. Она што за нас како Општина Охрид е многу важно е…

повеќе...

Шведски туроператори: Патувајте во Македонија, најевтина е!

Балканските земји во последните години се повеќе ги привлекуваат скандинавските туристи со своите туристички капацитети, пишува Курир. На табелата што ја објави „Свенска дагбалдет“, базирана врз резултатите од испитувањето на паритетот на куповната моќ во ЕУ, најевтина земја во Европа во однос на хотелските и ресторанските услуги е Македонија, а на второ и трето место се Албанија и Бугарија. „Свенска дагбладет“ пишува дека хотелските и ресторанските услуги во Бугарија, Македонија и Албанија се најевтини во Европа – меѓу 55 и 60 отсто пониски од ЕУ-просекот. И железничките, автобуските, бродските и…

повеќе...

Летово стартува бродска линија Поградец-Охрид-Струга

Албанскиот министер за транспорт, Едмонд Хаџинасто, најави дека од 15 јуни до 15 септември треба да започне да сообраќа бродската линија Поградец-Охрид-Струга. Хаџинасто во Поградец се запозна со текот на работите околу пристанишната инфраструктура која е наопходна за старт на бродската линија. „Реконструкцијата на пристаништето се прави со цел да се воспостави бродската линија со Охрид, но јас сум убеден дека ќе даде еден целосно нов импулс на туристичката понуда“, рече Хаџинасто. Извор: Нет Прес

повеќе...

Работен состанок во пресрет на туристичката сезона

Во пресрет на летната туристичка сезона, денеска на иницијатива на Секторот за туризам и локален економски развој, беа одржани два работни состаноци со претставници на такси компаниите и претставници на угостителите од Охрид. На состаноците присуствуваа и претставници на неколку Сектори од Локалната самоуправа како и претставници од јавните институции кои се надлежни во овие области. Целта беше да се разгледаат тековните состојби во пресрет на летната туристичка сезона и да се определат насоки и решенија за истите. Беше укажана потребата од заедничко делување во справувањето со негативните појави евидентирани…

повеќе...

Развој на кластери во македонскиот туризам

На Факултетот за туризам и угостителство, во понеделникот на 12 мај 2014 година,  се одржа првата работилница од проектот на УНИДО на тема „Утврдување  на заеднички активности и визионирање на кластерот за туризам во охридскиот  регион“. Со оваа активност Општина Охрид станува партнер во проектот на Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации. На работилницата покрај претставници од УНИДО учествуваа и претставници од Секторот за туризам и локален економски развој од Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство, како и кластерот за туризам, составен од 25 идентификувани чинители во туризмот…

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во март

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2014 година изнесува 36 290, а бројот на ноќевањата изнесува 78 721.  Бројот на туристите во март 2014 година, во однос на март 2013 година, е зголемен за 5.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.5%.  Бројот на домашните туристи во март 2014 година, во однос на март 2013 година, е зголемен за 20.6%, а бројот на странските туристи е намален за 2.7%.  Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2014 година, во однос на март 2013 година, е…

повеќе...

Прв чартер лет со австриски туристи

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид претпладнево слета првиот од предвидените четири чартер лета со 186 австриски туристи. Летот го реализира австриската компанија „Флај Ники“. Според статистичките податоци, Македонија во февруари годинава ја посетиле 248 туристи од Австрија, што е 1,5 проценти од вкупниот брј странски туристи. Во текoт на летната сезона минатата година во Македонија престојувале над 4.600 австриски туристи. Извор: Нет Прес

повеќе...

Општина Охрид – град партнер на третиот меѓународен саем за вино и туризам „Жупа 2014“ во Александровац – Р.Србија

Во рамките на третиот Меѓународен саем за вино кој се одржа на втори и трети мај, во организација на Оштина Александровац, и оваа година Општина Охрид учествуваше како град партнер.   На саемот Општина Охрид ja претстави богатата туристичка понуда,  квалитетните вина на локалните винарии, како и дел од вкусните и мајсторски приготвени специјалитети на домашните производители на прехрамбени производи. Претставниците на Општина Охрид со претставници на Општина Александровац, разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебнатапромоција на туризмот и услугите како и унапредување на деловната соработка…

повеќе...

Првите 180 холандски туристи пристигнаа во Охрид

На охридскиот аеродром денеска пристигнаа првите 180 туристи од земјите на Бенелукс. Туристите од Бенелукс, особено оние од Холандија, години наназад се најбројните странски гости што доаѓаат да летуваат во Македонија. Според Насер Хот, советник во Агенцијата за поддршка на туризмот, се очекува секоја наредна туристичка сезона да биде подобра од претходната. „Минатата година во Македонија пристигнаа некаде околу 23 илјади туристи од земјите на Бенекулс. За оваа година најавено е најмалку десетпроцентно зголемување на таа цифра, што е потврда дека сите напори што Владата ги вложи во таа насока…

повеќе...