Презентирани проектите за прекугранично претприемништво и подобрување на туризмот за постари лица

Општина Охрид доби грант од страна на Делегација на Европска унија на Македонија во рамките на третиот повик за предлог-проекти за ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Македонија. Наслов на проектот е „Поддршка на прекугранично претприемништво / Транснационално бизнис консултантство, акроним на проектот SCBE / ТБЦ. Договорот за овој грант е во вкупен износ од 184.958,00 евра, а времетраење на проектот е 15 месеци. „Еден од приоритетите на прекуграничната програма Грција-Македонија е подобрување на развојот на прекуграничната област , особено со промоција на претприемништвото како долгорочна…

повеќе...

Гужва и преполни плажи во Охрид

Деновиве Охрид е преполн со гости. Метеж во сообраќајот, полни плажи и угостителски објекти се показател дека Охрид е во шпицот на туристичката сезона. Убавото и топло време ги наполни охридските плажи, а навечер полни се чаршијата, шеталиштата и летните бавчи во градот. Зголемената посетеност е резултат и на одржувањето на голем број концерти и настапи на познати музички имиња од земјава и странство. WebOhrid

повеќе...

Убавините на Охрид објавени во весникот Лос Анџелес Тајмс

Денес, во весникот Лос Анџелес Тајмс, објавени се неколку стории за Охрид, напишани од Марго Фајф, која го посетила Охрид во мај оваа година. Во категоријата патувања, во првиот прилог „Go wild, civilly“ таа читателите најпрво ги запознава со историјата на Македонија, како крстопат на цивилизациите од Истокот и Западот низ времето. Потоа ја препорачува Македонија како безбедна и пријателска земја која вреди да се посети. Воодушевена е од природата, каде што и самата се уверила со неколку активности како што се пешачење, планинарење, лесно искачување по карпи, посета на пештери, а сето…

повеќе...

Ќе се збогатува програмата на фестивалот Ohrid Calling

Програмата на фестивалот Ohrid Calling, на кој ова лето ќе учествуваат светски познати музички имиња, во иднина, со поддршка на туристичките агенции, хотелиерите и Локалната самоуправа ќе се проширува. Ова беше речено на денешната средба на претставниците од Секторот за туризам и локален економски развој,туристичките работници и АВАЛОН продукција. Во рамките на првото издание на фестивалот Ohrid Calling, во организација на Авалон продукција, на 1. Август на стадионот „Билјанини извори“ ќе настапи Ники Ромеро, на 13.август на Атички театар ќе настапи гитаристот Ал Ди Меола, а на 14.август на стадионот…

повеќе...

Покана до туристичките агенции и хотели

Следејќи ги туристичките трендови во светот, посебно внимание во туризмот привлекува дестинацискиот менаџмент, односно привлекување што поголем број туристи од меѓународните пазари. Ако се тргне од претпоставката дека Охрид е туристички бренд за кој многумина веќе знаат и ги препознаваат неговите туристички вредности, историја и култура, од големо значење би било збогатувањето на туристичката понуда на Охрид и регионот со нови содржини. Токму затоа, општина Охрид во соработка со АВАЛОН продукција, ги покануваат туристичките работници и хорелиерите на работен состанок што ќе се одржи во малата општинска сала на 22.07.2016…

повеќе...

Охрид се полни со гости, раздвижено низ охридската чаршија

Охриѓани и многу гости од земјата и странство вечерните часови ги користат за прошетка низ охридската чаршија, шеталиштата, летните бавчи во градот како и по кафулињата. Во Охрид се одржуваат културни манифестации, концерти на балкански и светски познати имиња што дополнително ги привлекуваат туристите. Се очекува викендов бројот на посетители во нашиот град значително да се зголеми. WebOhrid

повеќе...

Зголемен бројот на домашни и странски туристи во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2016 година изнесува 86 234, а бројот на ноќевањата изнесува 172 355. Бројот на туристите во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, е зголемен за 5.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0.8%. Бројот на домашните туристи во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, е зголемен за 1.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 6.7%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2016 година, во однос на мај…

повеќе...

Руските туристи со препорака: Посетете го Охрид и хотелот „Аквалина“

Група туристи од Русија престојува во Охрид, односно во хотелот Аквалина кој се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан. Гостите беа пречекани со коктел за добредојде организиран од надлежните во хотелот. Во изјава за WebOhrid,  туристичкиот водич, Јулија Самоилова, вели дека за разлика од другите земји кои ги посетиле, туристите се премногу задоволни и од Охрид и од хотелот Аквалина, од односот, гостопримството на хотелот, од изгледот на собите, од организацијата, од храната и начинот како ги дочекаа домаќините.  „Јас веќе по втор пат сум тука, запознаена сум со убавините на Охрид, но првпат…

повеќе...

„Бело лето 2016“ со Владимир Василевски Четкар

Годинашното издание на „Бело Лето“, ќе биде во знакот на концертот на охриѓанецот со светска кариера, џез музичарот Владимир Василевски Четкар. Туристичко-промотивната манифестација со која се најавува официјалниот почеток на летната сезона, оваа година ќе се одржи на 1 јули, со повеќе содржини на различни локации во градот, а ќе започне со концертот на Четкар во предворјето на Света Софија. „Централниот настан, концертот на Владимир Четкар Секстет ќе се одржи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во 19 часот. Веднаш по завршувањето на концертот, околу 21 часот, од дворот на…

повеќе...

Охрид викендов полн со гости како среде туристичка сезона

Со дневни температури од околу 30 Целзиусови степени и температура на езерската вода од 22 степени, Охрид викендов пулсира како среде туристичка сезона. Убавото и топло време ги наполни плажите, а навечер полни се шеталиштата и летните бавчи во градот. Центарот за јавно здравје информира дека температурата на водата во Охридското Езеро е натпросечна за овој период од годината. Најголемиот број од гостите се од земјава, но на паркинг местата можат да се забележат голем број возила и автобуси со регистерски таблички од земјите од соседството. Има и голем број…

повеќе...