Агенцијата за туризам на саем за туризам во Бања Лука

На покана на туристичката организација на градот Бања Лука, претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја презентираа Македонија пред повеќе од 30 000 посетители. Меѓународниот саем за туризам во Бања Лука се организираше по трет пат, а целта на посетата на АППТ беше да се испита можноста за соработка на Македонија, со еден млад пазар. Агенцијата за туризам за време на овој саем оствари средби со Туристичка организација на Република Српска, Туристичка организација на град Бања Лука, Туристичка организација на Република Србија, Здружение…

повеќе...

Хотел „Аквалина“ – најуспешен хотел во 2016 како „Нова туристичка понуда во хотелиерството“

Министерството за економија на Република Македонија, по повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември, на хотелот „Аквалина“ – Охрид, му додели признание за најуспешен хотел за 2016 година во категоријата „Нова туристичка понуда во хотелиерството“. „Ова признание претставува не само награда за досегашниот труд, туку и дополнителен мотив за понатамошна работа и во иднина. Како хотелски комплекс секојдневно растеме, се надградуваме и усовршуваме.“ – вели Илче Димитриески, менаџер на продажба во Аквалина Охрид. Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец…

повеќе...

Агенцијата за туризам го промовира брендот Macedonia Timeless во Франција

Македонската туристичка понуда по втор пат се претстави пред потенцијалите француски туристи. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) во наредните 3 дена ја промовира туристичката понуда на земјава на саемот за туризам во Париз, Франција (IFTM TOP RESA 2016 ). Привлекувањето на туристи во оваа земја се одвива преку прилагодена туристичка понуда за детектираниот интерес кој е насочен кон недопрената природа и културата на земјава. Туристичката понуда на Македонија е во конкуренција со понудата од 1700 тур – оператори од светот, а најголем е интересот…

повеќе...

Шахтите во Пештани – нагазни мини за автомобилите

Пештани „ја испрати“ и оваа летна туристичка сезона. Но, за жал, многумина ќе понесат и непријатни спомени од нивното патешествие низ Пештани, конкретно од неизнивелираните шахти. „Има едно критично место, еден теснец, каде што не се гледа дали доаѓа возило од спротивниот правец. Од едната страна возачите ги одбегнуваат шахтите, додека пак другите ги заобиколуваат паркираните возила. Во таква ситуација е критично и за самите возачи, но и за пешаците кои поминуваат тука.“ – вели загрижен жител од Пештани. Пештанци апелираат до надлежните служби што побрзо да излезат на терен, да извршат увид,…

повеќе...

По четврти пат одржана манифестацијата „Охридска софра 2016“

Со палењето на ѓомлезарските огнови, утринава во 8 часот, на просторот до манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Скребатно, започна четвртата туристичко- промотивна манифестација „Охридска софра“. Манифестацијата, што традиционално ја организира Општина Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој,со помош на бројни спонзори и донатори, помина во несекојдневно дружење и уживање во вкусовите на традиционалната охридска кујна и музиката на групата „Низалка“, во прекрасниот манастирски амбиен каде природата се распослала со сета божествена убавина. Туристичко промотивната манифестација „Охридска софра“ во присуство на учесниците и бројните гости, меѓу…

повеќе...

Градот Солун туристички партнер за подобар развој на туризмот

Во рамки на посетата на градоначалникот на Солун, Р. Грција Јанис Бутарис кој на покана на Претседателот Иванов присуствуваше на свеченото отворање на на Школата за млади лидери која по 7 пат се одржува во Охрид, оствари неформален состанок со претставници од локалната самоуправа на кој покрај градоначалникот Бутарис, присуствуваше и заменик градоначалникот, Спирос Пенгас. На средбата заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев и раководителот на Секторот ТЛЕР при општина Охрид, Ѓоко Апостолов ја потенцираа заложбата на локалната самоуправа за поинтензивен развој на туризмот, кој претставува еден од најзначајните општествено-економски…

повеќе...

Вкусовите на Македонија повторно во Охрид

Во склад со активностите и Програмата на Општина Охрид, Секторот за Туризам и локален економски развој и оваа година, како и претходните години го организира Фестивалот на Вино и сирење „Кај Чинарот“, кој ќе се одржи на 26ти (петок) и 27ми август (сабота). На овој фестивал ќе учествуваат повеќе мали и средни производители на вино и сирење. Учеството на овој Фестивал значи зголемен обем на продажба и заработувачка, а за посетителите можност за запознавање со производите и вкусовите на домашните вина и сирења и прилика за дружење, а за градот…

повеќе...

Делев: Ќе се развива спа и велнес туризам во Македонија

Туризмот во државата бележи енормен раст секоја година во изминатите 9 години, од околу 10 проценти, истакна заменик министерот за економија, Христијан Делев, при денешната поосета на изворот со термо-минерална вода „Стрновац“ во општина Старо Нагоричане од каде го најави големиот проект кој го отпочнува Владата на Република Македонија за давање под концесија на минерални ресурси, со цел популаризирање на спа и велнес-туризмот како алтернативен туризам во државата. „Денес сме овде да го промовираме проектот во рамки на кој ќе биде објавен оглас за доделување концесија за минерални суровини, термо-минерална…

повеќе...

И струшките плажи полни со гости

Деновиве и струшките плажи се полни со гости од земјава и странство кои спасот од горештините го бараат токму покрај убавото Охридско Езеро, односно се разладуваат во водата. Интересно е тоа што на струшките плажи можеа да се видат и повеќе лебеди кои се дружеа со капачите, особено со најмладите, не само во водата, туку и на копно. WebOhrid

повеќе...

Охрид преполн со гости од земјава и странство

Најголемиот туристички центар во државава, единствениот Охрид „врие“ од гости и туристи од земјава и странство. Хотелските и приватните капацитети се исполнети до последно место. Гостите кои уживаат долж охридската ривиера можат да се видат на секој чекор, по охридската чаршија, плажите, по рестораните и кафе баровите. Посетителите презадоволни од убавините на Охрид, но и од инфраструктурните зафати кои битно влијаат во привлечноста на градов. „Секоја година со семејството доаѓаме во Охрид. Градов од година во година е се поубав и попривлечен. Евидентно е дека се работи, се гради и…

повеќе...