Синоќа, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заседаваше на состанокот на Координативното тело за спречување со кризи во проширен состав, на кој се разгледуваше состојбата со поплавените подрачја како и најавите за дестабилизација на временските услови. Според информациите од УХМР, нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија. Се очекува врнежите да бидат со поголем интензитет од тие во изминатиот викенд. Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба. На координативниот состанок беа утврдени следниве…
повеќе...Tag: ухмр
Времето стабилно и суво, температурите под нулата
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус пет, а дневната од минус пет до два степена. Во наредните четири дена ќе се задржи претежно стабилно и суво време, со ниски утрински температури. Во петок се очекува постепен пораст на температурите, а позначително затоплување ќе има во деновите од викендот. Извор: Нет Прес
повеќе...УХМР: Се очекува нова снежна покривка од 10 центиметри
Во вечерните часови ќе биде значително постудено и тогаш врнежите ќе бидат од снег кој на планините повремено ќе паѓа со умерен интензитет. Новата вкупна снежна покривка во западните делови од земјата од денес па се до изутрина ќе достигне до 10 см. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утре не очекува променливо облачно и студено во северните и западните делови од земјата со услови да провејува слаб снег. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималните температури во интервал од -9 до -2, а максималните од…
повеќе...Какво време не очекува овој викенд?
Стабилно и суво време не’ очекува овој викенд, велат прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на утрешниот ден ќе преовладува облачно и постудено време со локален дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови од земјата на некои повисоки места ќе има врнежи од дожд и снег. Веќе во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со постепен пораст на температурите. За в сабота метеоролозите најавуваа умерено облачно време со сончеви периоди и утринска температура од минус два до четири, а дневната од…
повеќе...Денес сонце, викендов променливо
Според Управата за Хидрометеоролошки работи, времето денес во Охрид ќе биде сончево со умерена локална облачност. Температурата ќе се движи од 0 до 9 степени. Во сабота ќе имаме облачно време со услови за повремени врнежи од дожд, а ќе дува ветер од северен правец, додека во недела ќе преовладува променливо облачно време. Во текот на викендот температурите ќе се движат од -1 до максимални 10 степени, а тие температури ќе останат и во текот на целата недела, најавуваат од УХМР. WebOhrid
повеќе...Викендов променливо-облачно со услови за дожд и снег
Според Управата за Хидрометеоролошки работи за време на викендот во Охрид ќе имаме променливо облачно време со можни врнежи од дожд, а на повисоките места врнежи од снег. Денес температурата ќе достигне до 7 степени, а утре (недела) до шестиот степен. Во текот на наредната недела се очекува променливо облачно време со услови за врнежи од дожд и снег. Утринските температури ќе бидат под нулата, но во текот на денот ќе се зголемуваат и ќе достигнат температура до 8 степени, најавуваат од УХМР.
повеќе...