Викендов променливо-облачно со услови за дожд и снег

Според Управата за Хидрометеоролошки работи за време на викендот во Охрид ќе имаме променливо облачно време со можни врнежи од дожд, а на повисоките места врнежи од снег.

Денес температурата ќе достигне до 7 степени, а утре (недела) до шестиот степен.

Во текот на наредната недела се очекува променливо облачно време со услови за врнежи од дожд и снег.

Утринските температури ќе бидат под нулата, но во текот на денот ќе се зголемуваат и ќе достигнат температура до 8 степени, најавуваат од УХМР.