Вторник, 12.01.2016 – Среда, 27.01.2016, Скопје, Дојран, с.Јанковец, Охрид, Демир Капија, с.Стругово, Крушево и Кавадарци. Период: Од 12 до 27 Јануари 2016 година Локација: Скопје, Дојран, с.Јанковец, Охрид, Демир Капија, с.Стругово, Крушево и Кавадарци. Организатор: Управа за јавни приходи – Даночна академија Учество на обуката: Со регистрација, односно најава на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките се без финансиски надоместок. Целна група: Земјоделци Ниво: Општо Опис на обуката: Еднодневна обука за регистрација и паушално оданочување на земјоделц
повеќе...Tag: ујп
До 31-ви декември истекува рокот за поднесување на барање за паушално оданочување со персонален данок
Доколку обавувате самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др.) и не сте во состојба да водите деловни книги или водењето на деловните книги ви го отежнува вршењето на дејноста, имате право да поднесете Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход (образец “ПДД-П”) до Управата за јавни приходи и данокот на доход за 2016 година да го плаќате според паушално утврден нето-приход. Барањето поднесете го до даночната канцеларија на УЈП, според живеалиштето на даночниот обврзник. Услов за паушално оданочување за самостојните вршители на дејност (СВД) За да се стекнете…
повеќе...Насока и појаснувања за начинот на оданочување со ДДВ за промети на добра во постапка на присилна наплата и присилно извршување
Во врска со начинот на оданочување со ДДВ за промети на добра во постапка на присилна наплата и присилно извршување, Управата за јавни приходи ги дава следните насоки и појаснувања, а со цел правилна примена Законот за данокот на додадена вредност. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додаден вредност („Службен весник на РМ”, бр.130/14), од 1 јануари 2015 година се пропишаа посебни одредби за начинот на постапување при пренос на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување.…
повеќе...Одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати за таксистите
Согласно Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“, бр.208 од 26.11.2015 година), вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување до 31 декември 2016 година. Ова значи дека за сите авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до 31 декември 2016 година.
повеќе...Обуки за регистрација и паушално оданочување на земјоделците
Среда, 02.12.2015 – Четврток, 24.12.2015, Гостивар, Росоман, Свети Николе, Куманово, Кривогаштани, Неготино, Скопје, с.Стругово, с.Дрмени, Битола, Градско, Крушево и Чашка. Период: Од 2 до 24 Декември 2015 година Локација: Гостивар, Росоман, Свети Николе, Куманово, Кривогаштани, Неготино, Скопје, с.Стругово, с.Дрмени, Битола, Градско, Крушево и Чашка. Организатор: Управа за јавни приходи – Даночна академија Учество на обуката: Со регистрација, односно најава на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките се без финансиски надоместок. Целна група: Земјоделци Ниво: Општо Опис на обуката: Еднодневна обука за регистрација и паушално…
повеќе...Програма за одбележување на Денот на даночниците
Управата за јавни приходи разви посебна општествена одговорна програма која се фокусира на различни целни групи од потесната и пошироката општествена заедница. Програмата која неколку години по ред се спроведува, а која ја вклучува и активната соработката со Синдикалната организација на УЈП, се фокусира на најранливите категории на граѓани, најмладите, вработените во УЈП, животната средина…преку организирање на крводарителски акции, донаторска помош, вградување на мерки и активности на даночната администрација за подигнување на свеста и едукација за заштита на животната средина, едукативни програми за јакнење на даночната свест кај најмладите… Како…
повеќе...Измени на Законот за персоналниот данок на доход
Од УЈП ги информираат даночните обврзници дека со Законот за изменување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.199 од 13.11.2015 година) продолжува ослободувањето од плаќање на персонален данок на доход за капитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност, односно капитална добивка остваренa со продажба на хартии од вредност не се оданочува до 31.12.2018 година.
повеќе...Насоки за пополнување на конечни поединечни МПИН и збирна МПИН за агенциите за привремени вработувања
Со член 3 од Законот за дополнување на законот за агенциите за привремени вработувања („Сл. Весник на РМ“, бр.98 од 15.06.2015 година) извршено е дополнување на членот 11-а од овој закон, со кое предвидено е Агенцијата за привремени вработувања да подготвува и доставува посебна пресметка за плата и придонеси од плата и за вработените во Агенцијата за привремени вработувања поединечно. Поднесувањето и исплатата на платата започнувајќи од МПИН пресметките за месец 11/2015 година се врши на следниот начин: 1) Клиентски софтвер (образец МПИН) Преземете ја новата верзија на клиентскиот софтвер…
повеќе...Нова мерка за ослободување од плаќање на социјални придонеси за лица вработени како замена на работник кој користи породилно отсуство
Со член 98-з од Законот за дополнување на законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен. весник на РМ“, бр.154/15), предвидена е дополнителна мерка за ослободување од плаќање на придонеси, за работодавачи од приватниот сектор, кои по претходно поднесено барање до Агенцијата за вработување, се ослободуваат од плаќање на социјални придонеси за лице кое ќе го вработат како замена за работник кој користи породилно отсуство од работа, за периодот додека трае породилното отсуство. За користење на мерката за ослободување, потребно е да се исполнат одредени услови пропишани со…
повеќе...Миновски нов директор на УЈП, Трајковски оди на друга функција
Кирил Миновски е назначен за нов директор на Управата за јавни приходи. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Горан Трајковски, кој заминува на друга функција. Миновски е именуван за директор на УЈП на вчерашната владина седница, а доаѓа од позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат. „Можам да потврдам дека на вчерашната владина седница Кирил Миновски е именуван за нов директор на УЈП. На досегашниот директор Горан Трајковски му истече мандатот и ние сме благодарни за неговиот ангажман, за придонесот кој тој го имаше во реализацијата на владината програма, реформите…
повеќе...