Пожарот во атарот на селата Вапила и Расино каде гори мешана шума е активен. По интервенцијата на авионите на ДЗС во претпладневните часови дојде до смирување на пожарот и негова контрола. Меѓутоа, поради силниот ветар пожарот се обнови во правец на с.Сирула. На местото на пожарот се наоѓаат екипи на ТППЕ-Охрид и ШС Галичица-Охрид. Моментално нема опасност од загрозеност на населени места од пожарот.
повеќе...Tag: вапила
Во среда ќе се подигнува кабаст отпад во Косел, Вапила и Ливоишта
ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. Косел, с. Вапилаи с. Ливоишта. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
повеќе...Пуштен во употреба реконструираниот пат Вапила – Ливоишта
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска свечено го пушти во употреба целосно реконструираниот пат што ги поврзува охридските села Вапила и Ливоишта долг околу 2 километри. Реализацијата на проектот е од суштинско значење затоа што допринесува во подобрување на условите за живот на мештаните од една страна и обезбедува развој на селските средини кои во минатото биле заборавени или запоставени од локалните власти. „Ако пред две години дојдовме тука точно на ова место каде што не пресретна веселата детска насмевка кога го означувавме почетокот на школската година во реконструираното подрачно…
повеќе...Акција за расчистување на патот од Косел до Вапила, Сирула и Ливоишта
Денес екипите на Јавна хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за чистење на локалниот пат на потегот од с.Косел се до селата Вапила, Сирула и Ливоишта. Оваа акција беше по налог на комуналната инспекција во соработка со месните заедници од истите села. „Беа подигнати околу 30тина вреќи расфрлан комунален отпад. Повторно апелираме до месното население да не го расфрлаат комуналниот отпад, да го депонираат на местата определени за тоа бидејќи благовремено ЈП „Охридски Комуналец“ врши подигнување на истиот во деновите одредени за тоа.“- велат од претпријатието.
повеќе...Жителите на Куратица, Вапила и Ливоишта петти ден се без струја – Утре ќе протестираат пред ЕВН
Жителите на Куратица, Вапила и Ливоишта веќе петти ден се без електрично напојување. Тие, поради револт кон ЕВН, утре во 12:00 часот организираат протест. „Ги повикуваме сите да го подржат протестот, да се изврши притисок кон неодговорното однесување на ЕВН. Поаѓањето од Куратица е утре во 11:00 часот, оттаму тргнува Бале Турс и останатите возила, кој ќе доаѓа од Охрид да биде во 11:45 наспроти Охридска банка (поранешен први мај).“– велат од Месната заедница од Куратица.
повеќе...Свечено пуштен во употреба патот Вапила-Сирула
Денес Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој Тони Димоски, свечено го пуштија во употреба патот Вапила- Сирула што се градеше во изминатиов период од околу два месеци. Станува збор за проект со кој локалната самоуправа во текот на 2013 година аплицираше до Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделство. „За таа намена на Општина Охрид и беа доделени 23 милиони и 500 илјади денари од кои 18 милиони и 207 илјади денари беа искористени за изградба и реконструкција на…
повеќе...Се санира патот Вапила – Ливоишта
По неодамнешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со жителите од селата Вапила и Ливоишта на која им беше ветено дека ќе се санира патот од селото Косел до селото Вапила и од Вапила до Ливоишта, денес се отпочна со негова санација и пополнување на ударните дупки. Секретарот Спасески на лице место утврдуваше до каде и како се одвиваат градежните активности за санација овај пат. Ова е само привремено решение додека Локалната самоуправа не отпочне со целосна негова реконструкција. Инаку патот од селото Вапила до селото Сирула кој од пред дваесетина…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески на терен утврдуваше како се работи на патот Вапила-Сирула
Градоначалникот Никола Бакрачески денес на терен утврдуваше до каде и како се одвиваат градежните активности за асфалтирање на патот од селото Вапила до селото Сирула кое започна пред околу 10 дена. За овој краток временски период, патот речиси е целосно тампониран, а се очекува асфалтирањето да започне идната недела. Проектот опфаќа реконструкција во должина од 1 700 метри и изработка на нов пат во должина од 2 700 метри. Рокот на изведба на работите ќе биде два месеци. Проектите за асфалтирање на патот од Вапила до Сирула и за асфалтирање…
повеќе...Акција за чистење на потегот Косел-Вапила-Сирула
Согласно Оперативната програма за 2014 год. Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведе акција за расчистување на зелениот појас покрај коловозот од магистралниот пат кој води до селата Вапила и Сирула. Детално се расчисти расфрланиот отпад на овој потег (хартија, пластика, комунален и друг вид отпад).
повеќе...