Успешен старт на сезоната за Екодром

 Отварањето на сезона 2014 во Планински Велосипедизам, се одржа во Скопје во дисциплината Ридско Искачување, која се одвиваше по падините на Водно по единечна патека низ густата шума од црквата Св.Јован вo Kaпиштец до Средно Водно под жичарата на патот што ве води до с.Нерези односно Манастирскиот Комплекс.  Патеката во должина од 2,5 км е во целост стрмна нагорнина по тесна единечна патека. За разлика од другите натпревари ова ридско искачување се карактеризира со поединечен старт на секој велосипедист со разлика од 1 минута.  Слично како Хронометарот кај друмскиот велосипедизам…

повеќе...

Црвен крст продолжува со своите активности, овој пат под мотото „Like за Bike“

Под мотото „Like за Bike“, Црвен крст Охрид продолжува со своите активности насочени кон поттикнување на нашите сограѓани за практикување на физичка активност со цел одржување на здрави животни навики и подобрување и на својата здравствена состојба и физичка кондиција. Во таа насока, Црвен крст Охрид ги повикува сите оние кои сакаат да поминат еден прекрасен сончев ден во пешачење, возење велосипед, ролање, спортување, конзумирање здрава храна, да бидат утре 29-ти март (сабота) во 11 чсот на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид, од каде организирано по…

повеќе...

Доделени признанијата за најдобри спортисти во Охрид за 2013 година

Градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа во хотелот Ројал учествуваше на свечениот чин на доделувањето на признанија за најдобри спортисти  во Охрид за 2013 година. Признанија добија Нина Балабан – стрелаштво; Тања Стојановска-тенис; Бојан Ристески –бокс; Јован Јованоски- велосипедизам; Христијан Кузманоски-кошарка; Анастасија Паскали- веслање; Филип Стојаноски- фудбал; Александар Ѓоргиески- фудбал; Мартин Гоџоски- стрелаштво; Ане Спироски-кајак; Новица Велјаноски –велосипедизам; Бојан Мартиноски- рибарење; Мартина Петреска-карате; Валентина Гоџоска-стрелаштво; Цветко Попоски – најуспешен спортски работник-стрелаштво ;Мерко Агрон -Гони  –фудбал (најуспешен тренер со млади); Ристе Савин за животно дело; Кире Заров  за животно дело; Александар Маленко  за…

повеќе...

„Најдобар Велосипедист 2013“ – 9 одличја во рацете на охриѓани

Најдобар Велосипедист 2013, беше насловот на пригодната свеченост која се одржа вчера вечер во ново отворениот приемен салон на Македонски Телеком, на плоштадот Македонија во Скопје. Пријатни моменти и дружба на сите инволвирани во велосипедскиот спорт како во минатото така и денес, претседателот и секретарот на Македонскиот Олимписки Комитет, Агенцијата за Млади и Спорт, Сојузот на Спортови на РМ, Градоначалници, Спонзори и Помагатели. Причина за сето тоа секако беше плодната и успешна година на Велосипедската Федерација. Севкупно организирани 36 велосипедски натпревари, учество на 9 меѓународни натпревари, Балкански и Европски Шампионати,…

повеќе...

Одржан велосипедски натпревар низ улиците на Охрид

 По повод празникот, Денот на Македонската Револуционерна Борба 23-ти Октомври, Општина Охрид покрај другите активности, организираше и велосипедски натпревар низ улиците на централното градско подрачје.  „Локалната самоуправа заедно со Советот на општина Охрид реши да одржи една велосипедска трка заедно со велосипедската федерација на Македонија и Охридскиот велосипедски клуб Екодром да го одбележи празникот на еден најдобар начин симболично и да даде допринос на сите млади кои што учествуваат на едни вакви спортски настани, да дадеме допринос сите да бидеме заедно и да го подржуваме традиционално празникот“, – рече советникот…

повеќе...

Велосипедски натпревар низ улиците во центарот на градот, по повод 23 октомври

 По повод празникот, Денот на Македонската Револуционерна Борба 23-ти Октомври, Општина Охрид покрај останатите активности, организира и велосипедски натпревар низ улиците на централното градско подрачје. Технички организатор на настанот е велосипедскиот Клуб Екодром.  За таа цел сообраќајот низ централното градско подрачје на 23 октомври – среда од 10:30 до 12:00 часот ќе биде во прекин на улиците: – Маршал Тито – Партизанска – Јане Сандански  – Бул. АСНОМ  – Димитар Влахов – Македонски Просветители  Граѓаните кои во овој период ќе имаат потреба да користат моторно возило, ги молиме претходно да…

повеќе...

Планински Велосипедизам – ХС Гази Баба, Екодромци најуспешни со 6 медали

Недела 13.10.2013, Скопје градски парк – Гази Баба, се одржа редовен државен натпревар во планински велосипедизам за бодовната ранг листа, во организација на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, општина Гази Баба и Велосипедската Федерација. Патеката традиционално се вози од самиот почеток на развојот на планинскиот велосипедизам во Македонија, иако се работи за патека која неможе да се пофали со големи висински разлики, цврстата набиена замја и нерамниот терен ја прават динамична и захтевна во однос на психичката и физичката подготвеност на велосипедистите. Карактеристично за оваа патека е нејзината форма, при…

повеќе...

Струга доби „Велосипедска полициска патрола“

Со пригодна свеченост во полициската станица во Струга беше промовирана велосипедската полиција како продолжение на проектот „Велосипедска полициска патрола“. Велосипедската полиција е модерна замисла за нова и современа форма на полициско работење што треба да обезбеди партнерство и поблизок контакт со граѓаните, збогатување со нова содржина во превентивното делување со што кај јавноста треба да се подигне нивото на позитивна перцепција за полицијатра како јавен сервис во служба на граѓаните. Таа е обид за поголема мобилност на полициската служба посебно во летните месеци кога имаме зголемена фрекфенција на сообраќајниците во…

повеќе...