Задолжителна опрема за во возило или на велосипед

Возилото во сообраќајот на патиштата треба да биде технички исправно, односно треба да има исправни пропишани системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема и да ги исполнува пропишаните барања во поглед на заштита на животната средина. Возилото што е регистрирано во странство може да учествува во сообраќајот на патиштата на територијата на Република Македонија доколку има исправни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се пропишани со ратификуваната Конвенција за сообраќајот на патиштата. Покрај возилата и велосипедите и велосипед со помошен мотор, во сообраќајот на патиштата треба…

повеќе...

5 одличја за ЕкоДром на последниот натпревар во планински велосипедизам

Вчера, 5-ти октомври, Скопје градски парк – Гази Баба, се одржа последниот државен натпревар во планински велосипедизам за бодовната ранг листа – сезона 2014. Во организација на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, поддржана од Град Скопје, општината Гази Баба и Велосипедската Федерација. Почесен гостин на натпреварот кој го означи стартот, во спортски дух ги бодреше натпреварувачите и на крај го изврши чинот на прогласување на најуспешните, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски. Патеката традиционално се вози од самиот почеток на развојот на планинскиот велосипедизам во Македонија и истата име е…

повеќе...

„Велосипедски крос“ за учениците од VI до IX одделение од ОУ „Христо Узунов“

ОУ „Христо Узунов“ – Охрид и спортската секција во училиштето во рамките на својата годишна програма има планирано, меѓу другото, и „Велосипедски крос“ за учениците од предметна настава (VI до IX одделение). Велосипедскиот крос се одржа денес од пред ОУ „Христо Узунов“ – по улицата „Питу Гули“ до излезот на Охрид кон Битола – Лескоец – Косел – Вапила – Г.Лакочереј – Д.Лакочереј – Орман-влез на Охрид од страна на Кичево (кај Лукоил – по „Туристичка“ – Градски Плоштад (дефиле) – ОУ „Христо Узунов“. Училиштето за организација и реализација на…

повеќе...

Утре ќе се одржи „Велосипедски крос“ за учениците од VI до IX одделение од ОУ „Христо Узунов“

ОУ „Христо Узунов“ – Охрид и спортската секција во училиштето во рамките на својата годишна програма има планирано, меѓу другото, и „Велосипедски крос“ за учениците од предметна настава (VI до IX одделение). Велосипедскиот крос ќе се одржи утре (петок) со почеток во 10:00 часот, тргнувањето на сите учесници на кросот ќе биде од училишниот двор и ќе се вози по следната рута: ОУ „Христо Узунов“ – по улицата „Питу Гули“ до излезот на Охрид кон Битола – Лескоец – Косел – Вапила – Г.Лакочереј – Д.Лакочереј – Орман-влез на Охрид…

повеќе...

7-мо место за мешаниот женско-машки велосипедски тим Литванија/Македонија на Младинските Олимписки Игри

Ново Изненадување од Младински Олимписки Игри 2014 во Нанџин – Кина. Македонскиот Велосипедски тим составен од Јован Јованоски и Андреј Петровски, доби уште една шанса за да ја покаже својата подготвеност. Имено, според нам познатиот распоред, како завршница во велосипедизмот остануваше натпреварот на мешаните национални тимови „Жени/Мажи“. Бидејќи женски тим не учествува од Македонија претпоставувавме дека со завчерашниот натпревар за Македонскиот тим завршија натпреварите. Но, следеше изненадување од организаторот, покрај националните тимови кои немаат женски тим, исто така учествуваат женски национални тимови кои немаат машки тим, па затоа комисијата оформува комбинација…

повеќе...

Јован Јованоски го освои 6-то место на Младинските Олимписки игри во Кина

Утрово со почеток во 04:30 часот по наше време стартуваше третиот односно последниот натпревар во категоријата на друмски велосипедизам на Младинските Олимписки Игри 2014 во Нанџин, Република Кина. Во силна конкуренција како што доликува на Олимпијадата учество зедоа 32 Нации со по 2 велосипедисти. Честа да ја претставуваат Македонија ја имаа Јован Јованоски и Андреј Петровски. Нашиот велосипедист Јован Јованоски кого другарчината од целиот свет особено од Европа кои на Европскиот шампионат 2012 во Грац – Австрија го именуваа како ‘‘ЈЈ – Џеј Џеј‘‘ повеќе од достоинствено и гордо ги…

повеќе...

Успешен настап на јуниорскиот репрезентативец во велосипедизам Андреј Петровски

Велосипедската федерација на Македонија настапи на трка France GP Cuiseaux со јуниорскиот репрезентативец Андреј Петровски кој го освои првото место во јуниори и на пиедесталот се најде заедно со францускиот шампион до 23 години, тој на целта пристигна со повозрасната категорија U-23 и оствари убедлива победа на оваа престижна трка. Андреј Петровски се наоѓа во камп на UCI во Аегле Швајцарија каде се подготвува за Европското и Светското првенство во друмски велосипедизам и за Олимписките игри за млади кои ќе се одржат следниот месец во Нин Јанг во Р.Кина каде…

повеќе...

Загина велосипедист на патниот правец Струга-Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што вчера во 16 часот и 20 минути се случи на магистралниот пат Струга-Подмоље во близина на охридскиот аеродром.  Стојан Р. (56) од Струга кој на магистралниот пат од Струга кон Подмоље управувал велосипед, на лице место им подлегнал на повредите.  Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничкото моторно возило марка „Пежо“ со охридски регистарски таблици управувано од Н.Ј. (37) од охридското село Оровник во правец од Струга кон Подмоље,  со предниот дел удрило во велосипедот управуван од сега починатиот.…

повеќе...

Отворен четириесет и шести по ред детски семафор

Државни натпревари „Детски семафор 2014“ и „Сообраќајно-техничка култура на младите“ се одржуваат денеска во ОУ Војдан Чернодрински во скопската наслеба Тафталиџе.   Двете традиционални сообраќајно-воспитни натпреварувања, организирани од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата заедно со министерствата за образование и наука, за внатрешни работи и за локална самоуправа, се дел од програмата за одбележување на акцијата Мај-месец на велосипедистите. Државните натпревари ги отворија министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Никола Ангеловски. Министерката Јанкулоска во обраќањето рече…

повеќе...

„Мај – месец на велосипедистите“

На иницијатива на Владата на Република Македонија, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со повеќе државни институции во текот на овој месец ќе ја реализира кампањата “Месец   на велосипедистите“, а чија што цел е промоција на велосипедизмот,  подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај,  подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и подигање на јавната свест за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот. Во рамките на акцијата  “Мај – Месец  на велосипедистите “,  ќе се реализираат повеќе активности од…

повеќе...