Македонија ќе ја применува Директивата за индустриски емисии на ЕУ

Новата Директивата за индустриски емисии претставува главен инструмент за превенција на емисиите од големите индустриски активности, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири на отворањето на состанокот на твининг проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за индустриски емисии“. Со овој проект, рече Изаири, на Македонија и се обезбедува поддршка за поуспешна хармонизaција на националното законодавство со законодавството на Европската унија. „Директивата применува интегрален пристап, што има за цел спечување и намалување на загадувањето на животната…

повеќе...

Попоски-Заоралек: Нема да дозволиме Македонија да се претвори во бегалски камп

Секој треба да си ги исполнува своите обврски. Ќе обезбедиме за секој основан барател на азил во Република Македонија сместување и сите оние третмани за кои сме обврзани на меѓународно ниво, но во никој случај нема да дозволиме да бидеме претворени во бегалски камп бидејќи ниту еден мигрант не е дојден во Македонија со падобран, туку се влезени на наша територија од земја-членка на ЕУ. Ова го порача министерот за надворешни работи Никола Попоски во одговор на новинарско прашање по средбата во Скопје со неговиот чешки колега Љубомир Заоралек. „Ќе…

повеќе...

Читални со стручни книги од проектот на Владата во Аеродром, Велес и Струмица

Во општините Аеродром, Велес и Струмица ќе бидат отворени читални опремени со изданија од проектот „1000 книги“ на Владата и Министерството за образование и наука, како и со едициите што се објавуваат преку Министерството за култура. Се очекува новите три читални да почнат да работат идната година, а во договор со општините ќе бидат утврдени локациите. Ќе имаат ресурси и ќе бидат организирани како и читалната „1000 книги“ која засега е единствена, отворена во мај 2011 година во Градскиот трговски центар во Скопје. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски…

повеќе...

Средба Димитриев-Бершински

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денес оствари средба со Роберт Бершински, заменик помошник секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд на Стејт Департментот. Соговорниците ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, кои се карактеризираат со пријателство и со соработка во сите полиња од взаемен интерес. Беше изразена посветеноста за унапредување на соработката и на политичко и на економско ниво. Двете страни ја истакнаа значајноста и приоритетот на организацијата на фер, кредибилни и демократски избори. Беше истакната нужноста…

повеќе...

Македонско-косовската граница ќе се минува со биометриски лични карти

Граѓаните на Македонија и Косово наскоро ќе можат да ја поминуваат државната граница со биометриски лични карти за краток престој во соседната држава. Ова беше договорено на денешната средба во Приштина меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи на која беа потпишани договори за преминување на границата со биометриски лични карти и за отворање на новиот граничен премин за меѓународен патен сообраќај Белановце-Станчиќ. „На средбата водевме отворени пријателски разговори за повеќе теми кои се значајни за нашите граѓани во…

повеќе...

Ставрески: И годинава ќе имаме солиден економски раст

Вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески очекува македонската економија и годинава да има солиден раст и повторно да биде меѓу првите пет-шест земји во Европа со највисок економски раст. „Со случувањата на политичката сцена и политичката криза, 2015 година ја завршивме успешно и економијата на некој начин беше светла точка во годината во која што немаше многу светли точки. Сепак, растот што се реализира во втората половина од годината, посебно во повеќе сектори, помогнаа Македонија повторно да биде меѓу земјите со највисок економски раст во Европа“, рече Ставрески во…

повеќе...

Повторена поддршката од САД за прием на Македонија во НАТО

Министерот за одбрана Зоран Јолевски во рамки на посетата на САД, имаше средби со претставници на законодавниот дом на САД. На средбите, информираат од Министерството за одбрана, американските сенатори и конгресмени дадоа целосна поддршка за членството на Македонија во НАТО, а изразија и благодарност за долгогодишната поддршка на АРМ во воспоставувањето мир, безбедност и демократија во глобални рамки. На средбата со сенаторот Џон МекКејн, поранешен претседателски кандидат, министерот Јолевски порача дека е дојдено времето Република Македонија да го заземе своето заслужено место како полноправен член на НАТО. Министерот додаде дека…

повеќе...

Одбележани 144 години од раѓањето на Гоце Делчев

Панихида по повод 144 години од раѓањето Гоце Делчев се одржа денеска во црквата „Свети Спас“ во Скопје каде што е вечното почивалиште на македонскиот револуционер. Литургија за помен на Делчев и за сите борци за национална и духовна слобода во периодот пред и по Илинденското востание одржаа свештеници од Скопската епархија на Македонската православна црква. Цвеќе пред саркофагот на Гоце положи делегација на Владата предводена од премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, делегации на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Армијата на РМ, Сојузот на борците од…

повеќе...

Усвоена Националната стратегија за млади 2016-2025

Владата на Република Македонија ја усвои Националната стратегија за млади 2016-2025 година. Процесот на креирање на оваа втора Национална стратегија ја предводеше Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Програмата за развој на Обединети Нации (UNDP). Како што соопшти Агенцијата, креирањето на овој документ е резултат на работни групи во кои беа вклучени учесници-претставници на невладини организации, институции и млади луѓе кои заеднички дискутираа за деветте приоритетни области содржани во стратегијата: младинско учество, локална младинска работа, младинско информирање, вработување, образование, култура, спорт, здравје и квалитет на живеење. По креирањето…

повеќе...

Грантови од по 1.500 евра за 200 нови работни места

Нови 200 вработувања ќе се реализираат преку мерката за финансирање поестоечки микро и мали претпријатија за што се се издвоени вкупно 18 милиони и 400 илјади денари. Со по 1.500 евра ќе се финансира секое новоотворено работно место во претпријатијата. Огласот за мерката е отворен денеска и нема временско ограничување односно ќе трае додека не се испони предвидената бројка. Како што појасни денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заинтересираните компании можат да аплицираат за отворање од 1 до 5 работни места, а средствата ќе ги добијат…

повеќе...