Генералниот директор на „Витек Македонија“, Антонио Витило, компанијата предвидува и трета инвестиција наредната година со што вкупното вложување ќе се заокружи на 30 милиони евра, а вработени ќе бидат преку 300 лица. Тоа е шестпати повеќе од првичната инвестиција и покажува дека компанијата „Витило“ ги препозна поволните можности што ги нуди Македонија. „Овие бројки ја потврдуваат нашата одлука за инвестирање во Македонија, државата во која верувавме и во која стекнавме пријатели кои ни овозможија да се чувствуваме како дома“, истакна Витило. Според него, одлуката за уште една инвестиција во земјава…
повеќе...Tag: влада
Индустриски бум – со новите инвестиции над 5.000 нови работни места
Италијанската компанија Кондево во Штип, Гентерм и Акомпласт во Прилеп, Леар во Гостивар, ОДВ електрикс во Охрид и Струга, градат фабрики во моментов, а наскоро и Ван Хол ќе започне со изградба на својата втора фабрика. Индустриски бум со новите инвестиции над 5.000 нови работни места Со овие инвестиции ќе се отворат над пет илјади нови работни места во Македонија. Дополнително, американската автомобилска компанија КСС која ја заврши изградбата на фабриката во Кичево, веќе од наредниот месец треба да почне со производство, а во неа ќе се вработат 1.000 лица.…
повеќе...Попоски за Вол Стрит Журнал: Три можни сценарија за бегалската криза
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во опсежно интервју за Вол Стрит Журнал, навестува дека постојат три можни сценарија за развој на состојбата со бегалската и мигрантската криза. Според Попоски, најдоброто сценарио останува планот А, а тоа е да профункционираат центрите кои Европската Унија се подготвува да ги отвори на грчките острови, да се засили соработката меѓу Грција и Турција за обезбедување на нивната граница, и на тој начин да се намали приливот на бегалците. Прашан за иницијативата на се поголем број држави од средна Европа Македонија да ја затвори…
повеќе...Димитриев: Изборите ќе бидат фер, демократски и кредибилни по сите европски стандарди
По средбата со амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав, техничкиот премиер Емил Димитриев, на прес-конференција истакна дека изборите ќе бидат фер, демократски и кредибилни по сите европски стандарди. „Тоа ќе бидат фер, демократски и кредибилни избори по сите европски стандарди. Стандардите се јасни и прецизни, има услови и има и време и ресурси сето тоа да се организира. ДИК има јасен мандат и сите членови на ДИК имаат одговорност пред Уставот, законите и народот на нашата земја да ја исполнат својата обврска на време. Ова…
повеќе...Димитриев на средба со членовите на ДИК
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев вчера попладне имаше средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) во функција на одржување на парламентарните избори на 24 април годинава. Димитриев средбата ја оцени како позитивна и конструктивна, посочувајќи дека од претходната средба се решени сите барања на ДИК, а барањата од оваа средба ќе бидат решени на следната владина седница. „Дискутиравме за заклучоците кои Владата ги донесе на една од претходните седници, но нотиравме и доста нови предлог-заклучоци кои ќе бидат предмет на дискусија на…
повеќе...Британската компанија „Алокејт Софтвер“ ја проширува работата во Македонија
Директорот на британската компанија „Алокејт Софтвер” Иан Бишоп ги презентираше идните планови за проширување на работењето преку отворање втора канцеларија во Скопје и вработување нови ИТ кадри, за време на денешната средба со министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска. Како што соопшти Министерството, за време на средбата Иан Бишоп потенцира дека во нашата земја има многу талентирани и квалитетни кадри од областа на информатичката технологија кои сакаат да работат и напредуваат. Министерката Арсовска Томовска од своја страна го поздрави присуството на оваа компанија во Македонија која на…
повеќе...Владата усвои заклучоци поврзани со работењето на ДИК
Во функција на подготовка на изборите на 24 април 2016 година, на вчерашната седница, Владата на Република Македонија за спроведување на изборите усвои повеќе оперативни заклучоци кои произлегоа од првата работна координативна средба на Владата и членовите на Државната изборна комисија, кои се во насока на организација на фер, кредибилни и демократски избори. Владата се обврза секоја седница на Владата, како прва пред точка на дневниот ред, да се разгледуваат отворените прашања поврзани со тековното работење на Државната изборна комисија во функција на задоволување на нејзините потреби и барања, како…
повеќе...„Ван Хол“ ќе инвестира уште 15 милиони евра и ќе отвори нови 400 работни места
Белгиската компанија за производство на автобуси „Ван Хол“ ќе инвестира уште 15 милиони евра во постојниот свој производствен капацитет во ТИРЗ Скопје 1 во наредните четири години и најави отворање на дополнителни 400 работни места. Изградбата на објектот ќе почне следниот месец. Договорот за реализација на втората инвестициска фаза го потпишаа денеска дирeкторот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и Филип Ван Хол, сопственик на белгиската компанија, во присуство на премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Во…
повеќе...Формирана „Групата на пријатели на Македонија во ЕП” со 26 европратеници
Со хрватската европратеничка Маријана Петир како нејзин претседател, вечерва во Европскиот парламент во Брисел беше формирана “Група на пријатели на Македонија” во Европарламентот, составена од 26 европратеници. И покрај заканите, уцените и притисокот од тројца европратеници од грчката неофашистичка партија “Златна Зора”, кои заедно со нивните асистенти ги фотографираа, снимаа и им се закануваа на присутните, меѓу кои и на дописнико на МИА од Брисел, вечерашната промоција во европскиот законодавен дом мина во пријатна атмосфера каде доминираше пријателството на Брисел и македонската држава. „Ги повикуван сите пратеници од сите политички…
повеќе...Работилница за поголема компатибилност на образовниот систем со пазарот на труд
Постигнување поголема компатибилност на образовниот систем со реалните состојби и потреби на пазарот на труд преку поврзување на потребите на пазарот на трудот и образовните програми со нова алатка „Опсерваторија на вештини“, најави денеска заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Спиро Ристовски на денешната работилница во рамки на проектот, изјави дека „Опсерваторијата на вештини“ е дел од проектот Развој на вештини и поддршка на иновации, поддржан од Светска банка и дека Министерството за образование и наука ќе продолжи да ги реализира целиот сет на мерки кои се однесуваат…
повеќе...