Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски упатува божикна честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Господин Господин Стефан. „Ваше Блаженство, Со голема радост и задоволство од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, би сакал да Ви го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божиќ. Божиќ е празник на семејството, празник на среќата, празник на желбите, празник кога…
повеќе...Tag: влада
Божикна честитка од премиерот Груевски до Евангелско-Методистичката црква во Македонија
Премиерот Никола Груевски упати честитка до верниците и до претседателот на Евангелско-Методистичката црква Емил Заев, по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ. „Почитуван г-дин Заев, Дозволете ми Вам лично, на Вашето ценето свештенство и на сите верници на Евангелско-Mетодистичката црква во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот Христијански празник – Божиќ. Божиќ е празник на Божјата љубов, празник кој треба да нè потсети дека Бог во својата намера да го доближи човекот до себе, одлучи…
повеќе...Груевски: Годинава уште едно зголемување на социјалната помош
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска најави зголемување за пет отсто на социјалната помош. „Зголемувањето ќе биде со исплатата во јули 2016 година. Досега откако сме во Владата имаме зголемување за околу 62 отсто на социјалната помош зголемувајќи ја секоја година постепено. Со исплатата во јули 2016 зголемувањето ќе надмине над 65 отсто,“ рече премиерот Груевски, кој денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи на нов фекален колектор во Ново Лисиче.
повеќе...Груевски: Се инвестираат 46 милиони евра за шест регионални патишта
Шест регионални патишта ќе се градат во 2016 година, а инвестицијата изнесува 46 милиони евра. Регионалните патишта се во должина од 85 километри, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „46 милиони евра во една година за регионални патишта навистина е сериозна инвестиција. На многу граѓани ќе им биде од голема полза“, рече Груевски. Годинава ќе се градат регионалните патишта Кочани-Делчево, Пробиштип – Пониква, Тораница – Саса, патот меѓу мало и големо Коњарево, патот Извор – Бошков мост (Кичево -Дебар) и приклучокот кон Вевчани. Груевски потсети дека покрај регионалните патишта, оваа година…
повеќе...Груевски:Најниската пензија од 2006 година зголемена за 94 отсто, просечната за 79 проценти
За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти со кое од доаѓањето на оваа Влада во 2006 година најниската пензија е зголемена за 94 проценти, а просечната за 79 отсто. Ова го истакна премиерот Никола Груевски денеска одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на нови дела од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Според премиерот, ова претставува огромно зголемување за пензиите. „За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти кое ќе биде со септемвриската пензија што се зема на почетокот на октомври кога…
повеќе...Нови 50 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност’
Нови 50 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ денеска беа промовирани во Порта „Македонија“ со што полека се заокружува овој Владин проект, кој опфаќа превод на вкупно 560 дела од светски познати автори. Проектот започна во 2012 година кога беа промовирани првите наслови од оваа едиција, а до неговото завршување останува да бидат промовирани уште последните 37 дела. Според премиерот Никола Груевски, кој заедно со министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска присуствуваше на промоцијата, овој проект е само еден од повеќето кои јасно ставаат на знаење дека во…
повеќе...Нови 8.700 вработувања со Оперативниот план за 2016 година
Околу 8.700 лица се очекува да се вработат со новиот Оперативен план за вработување за 2016 година, најави денеска премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски истакна дека со Оперативниот план ќе бидат опфатени 13.500 лица од кои за 8.700 се очекува да се вработат, а останатите ќе поминат низ обуки. „За оваа цел ќе бидат инвестирани 11 и пол милиони евра кои се предвидени во Буџетот на Република Македонија и се изгласани во Собранието. Ова ќе биде уште еден придонес кон намалување на невработеноста, односно зголемување на вработеноста.…
повеќе...Груевски: Индустрискиот раст показател за исправните политики
Растот на индустриското производство во ноември од 11,1 процент претставува продолжување на стабилниот и континуиран раст што го имаме веќе подолг период, а беше краток период запрен поради политичката криза, оцени денеска премиерот Никола Груевски. Растот, како што посочи, е показател дека има исправни политики во делот на поддршка на економијата и реформи кои даваат резултати. „Веќе долг период имаме висок раст на индустриското производство. Имаше само прекин од неколку месеци во екот на политичката криза, но по нејзиното завршување продолжуваат високите стапки на раст. Токму растот на индустриското производство…
повеќе...Отворена Археолошката изложба 2015
Во Археолошкиот музеј на Македонија беше отворена годишната археолошка изложба на која на крајот на секоја година пред јавноста се изложуваат најзначајните артефакти кои се пронајдени при истражувањата на локалитетите. На деветтата по ред археолошка изложба од околу 20.000 наоди откриени годинава, изложени се околу 700 најзначајни. Презентирани се монети, оружја, алатки, керамика, накит… кои сведочат за илјадници години стара цивилизација на територијата на Република Македонија. Археолошките истражувања, кои се дел од капиталните проекти на Владата на РМ, годинава се одвиваа во 22 општини и на 60 локалитети низ Македонија.…
повеќе...Договори за финансирање 17 иновативни проекти
Иновативни проекти ќе спроведуваат десет „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија со грантови до 30 илјади евра од Фондот за иновации и технолошки развој, а седум фирми ќе ги комерцијализираат своите иновации со грантови до 100 илјади евра. Добитниците на грантовите за 17-те избрани проекти на вториот повик на Фондот денеска потпишаа договори со директорката на оваа институција Јасмина Поповска, во присуство на премиерот Никола Груевски. За избраните проекти со инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „стар-ап“ и „спин-оф“ се обезбедени вкупно 277 илјади евра. Ќе ги користат претпријатијата „Максолушн…
повеќе...