Нов експресен пат Штип-Радовиш, обезбедени 64 милиони евра од ЕБОР

Штип и Радовиш ќе се поврзат со експресен пат, чија изградба ќе почне на почетокот на следната година. Финсиските средства во износ од 64 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Договорот за обезбедените финансиски средства денеска го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот за транспорт на ЕБОР Сју Барет, директорот за Западен Балкан во ЕБОР Холгер Муент и директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов. „Изградбата на патот ќе претставува модернизација на патната инфраструктура во источниот дел на Македонија и југоисточниот…

повеќе...

Мусала Софт до 2019 година ќе отвори 300 нови работни места

Бугарската ИТ компанија Мусала Софт, која веќе почна да работи во Македонија со 10-тина лица, до 2019 година планира да отвори 300 работни места и да вложи над 20 милиони евра, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. „Како резултат на напорите што ги прави Владата и Агенцијата за привлекување на странски инвестиции компанијата Муслал Софт почнува со работа во Македонија. Планира во земјава да отвори над 300 нови работни места до 2019 година. Воглавно ќе биде вработен висококвалификуван кадар кој ќе работи на развој на најсофистицирани софтверски производи“,…

повеќе...

Попоски се сретна со специјалниот претставник на германското МНР за ЈИЕ, Турција и ЕФТА

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и специјалниот претставник на германското Министерство за надворешни работи за Југоисточна Европа, Турција и ЕФТА Ернст Рајхел денеска разговараа за предизвиците и перспективите во европската интеграција на Република Македонија, во светлина на неодамна објавениот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во пристапниот процес. Како што соопшти МНР, Попоски на средбата потенцирал дека Македонија останува подготвена за процесот на пристапни преговори. „Од 2009 година, кога беше дадена првата препорака од Комисијата, секоја година сме се подобро подготвени за овој процес“, порача Попоски. Според…

повеќе...

За македонските компании 40 милиони евра од Регионалниот фонд за иновации

Вкупно 40 милиони евра ќе им бидат достапни на македонските компании преку Регионалниот фонд за иновации чија канцеларија во Скопје од денеска и официјално почнува со работа. Како што соопшти вицепремиерот Владимир Пешевски на заедничката прес-конференција со директорот на Канцеларијата Татијана Забасу и претставникот од Делегацијата на ЕУ Мартин Клауке, средствата се пред се наменети за старт-ап бизнисите, малите и средните претпријатија. Македонија е прва земја потписничка на Договорот за основање на Регионалниот фонд кој освен во Скопје канцеларии има и во Белград и Загреб. „Владата го препозна значењето на…

повеќе...

Пешевски: Доколку Заев е толку сигурен дека ќе биде премиер, нека си поднесе оставка од функцијата градоначалник

Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валдимир Пешевски, денес одржа прес-конференција на која истакна: „ВМРО ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Зоран Заев да го предводи СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори и да се бори за мандат за Претседател на Владата. Тоа значи дека на 24-ти април граѓаните директно ќе иAзбираат помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев и помеѓу проектите на ВМРО ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ. Зоран Заев денес самиот се прогласи за иден премиер. Зоран Заев денес уште еднаш покажа што мисли за правото на граѓаните самите да судат…

повеќе...

Пешевски: Остануваме фокусирани на економскиот раст

Секој што ја анализира макроекономската состојба во Македонија може да дојде до сопствени заклучоци, но ние остануваме фокусирани на намалувањето на невработеноста, создавањето нови работни места, поттикнување на инвестициите и генерално, раст на економијата. Ова го истакна вицепремиерот Владимир Пешевски по денешната работилница „Пристап до финансии“, одговорајќи на новинарски прашања во врска со оценките на Европската комисија нотирани во последниот извештај. Ако се погледнат овие параметри и анализите за подобрувањето на бизнис климата можеме, рече Пешевски, да бидеме задоволни. „Секогаш има простор за подобрување, но треба да водиме сметка и…

повеќе...

Со системите „капка по капка“ повеќекратно зголемен приносот на пченка

Не само четири, како што беше првично предвидено, туку сите осум региони во Македонија ќе бидат опфатени со проектот на УСАИД за воспоставување систем „капка по капка“ кој овозможува поголемо, рентабилно производство на сточна храна и намалување на увозот, беше речено на денешната презентација во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Проектот, освен преку владината Програма 50:50, ќе биде финансиски поддржан и од ИПАРД 2. За седум години, од 2014 до 2021-ва, треба да се постават системи за наводнување „капка по капка“ на околу 7.000 хектари. Со тоа тоа ќе…

повеќе...

Ќе се гради експресен пат Штип-Кочани, обезбедени средства од ЕБОР

Македонија доби од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дополнителни 21 милион евра со кои се овозможува, наместо реконструкција на постоечкиот, изградба на нов експресен пат од Штип до Кочани. Договорот денеска во Лондон го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, првиот потпретседател на Банката Фил Бенет и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов. Експресниот пат ќе биде со должина од 28 километри и ќе има четири ленти. Ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, а ќе се влијае и на заштита на животната средина.…

повеќе...

Попоски во ЕП побара европски одговор на бегалската криза во кој ќе биде вклучена и Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска побара во Европскиот парламент (ЕП) европски одговор на бегалската криза во кој ќе биде вклучена и Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел. Шефот на македонската дипломатија, кој претпладнево настапи пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европарламентот, заедно со претставници на Владите на Турција и Србија го претставуваа начинот на кој земјите се справуваат со напливот на мигрантската криза. „Оваа дебата е за бегалците и земјите на транзит во однос на кои е создадена прилично голема негативна енергија во европски…

повеќе...

Попоски – Петерле: Позитивните промени во Македонија го радуваат ЕП

Европскиот парламент е задоволен и пријатно изненаден од позитивните политички промени во однос на политичкиот дијалог во Македонија и законодавното тело на Европската унија очекува тоа да се рефлектира и во утрешниот прогрес-извештај што ќе го издаде Европската комисија за напредокот на земјата во евроинтеграциите. Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, е заклучокот од денешната средба на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски со европратеникот Алојз Петерле, кој е и претседавач со Мешаниот парламентарен комитет на Европарламентот и македонското Собрание. Според Попоски, постои охрабрување…

повеќе...