Премиерот Груевски побара датум за почеток на преговорите со ЕУ

Во име на сите граѓани на Република Македонија премиерот Никола Груевски побара седма препорака за почеток на преговори и датум за членство во Европската Унија. Во вечерашното обраќање по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба тој потенцираше дека тоа е цивилизациски, морално, рационално и оправдано. „Како премиер на Република Македонија, во името на сите нас, во името на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, во името на христијаните, муслиманите, евреите и атеистите, во име на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ, на ДПА, на СПМ, ГРОМ, ДОМ,…

повеќе...

Груевски: Нема да дозволам расцепување на македонското национално ткиво

Како премиер на Македонија, кој ја добил довербата да раководи со процесите во еден одреден период, нема да дозволам расцепување на македонското национално ткиво и нема да дозволам определена појава да ги загрози вредностите и правците на опстанок на нашата нација, истакна претседателот на Владата Никола Груевски во својот говоро по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Како премиер на Македонија, кој ја добил довербата да раководи со процесите во еден одреден период, нема да дозволам расцепување на македонското национално ткиво и нема да дозволам определена појава…

повеќе...

Дозволи за странци и Центар за книга во една канцеларија на ул. „Македонија“

Странците кои сакаат да инвестираат во Македонија во иднина на едно место ќе може да ја добијат потребната документација за работна и за дозвола за престој, наместо да посетуваат неколку институции. Канцеларијата се наоѓа на улица „Македонија“ бр. 22 и ќе има повеќенаменска функција. Покрај администрација во неа ќе биде сместен и Центарот за книга – проект предвиден со Националната стратегија за култура 2013-2017. Просторот му е доделен на Министерството за труд и социјална политика, градежните работи за реконструкција и адаптација на деловниот простор почнаа денеска и се во надлежност…

повеќе...

Груевски: Ние сме европјани и нашето место е во Европа

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски во рамките на учеството на Конгресот на Европската народна партија што се одржува денеска и утре во Мадрид имаше обраќање пред присутните политички лидери членови на партијата. Тој во обраќањето истакна дека Република Македонија ги живее и работи за европските вредности. „Ние сме европјани и нашето место е во Европа. ЕПП во целиот овој период од независноста е голем пријател на мојата земја, помогнала во надминување на многу предизвици, во спроведување на многу реформи кои имале за цел унапредување на стандардите“, посочи Груевски. Тој…

повеќе...

Спасов: Грант од 10.000 евра за отворање нови детски градинки

Грант од 10 илјади евра за отворање приватна детска градинка предвидува мерката што треба да почне да се реализира од идната година. Мерката треба да донесе нови вработувања и да ги зголеми капацитетите за згрижување на деца од претшколска возраст, а ја најави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Во делот на градинките планираме нова програма која треба да започне да се реализира на почетокот на 2016 година. Станува збор за грант за основање приватни градинки во висина од 10.000 евра. На ваков начин планираме да поттикнеме…

повеќе...

Отворена нова приватна детска градинка во „Јахја Кемал“ во Скопје

Прва приватна детска градинка во рамки на колеџот „Јахја Кемал“ во Скопје денеска беше пуштена во употреба. На почетокот таа ќе згрижува шеесеттина деца, со можност за проширување на капацитетите во идниот период. Почетната инвестиција е околу 700 илјади евра, а планирана е и дополнителна инвестиција од околу 800 илјади евра. При изградбата на градинката колеџот ги користел поволностите за намалени комуналии за градба за 95 проценти. „Ова е 26 приватна детска градинка која се отвора во изминатите неколку години и која влијае на отворање на дополнителни 1.550 места за…

повеќе...

Повик за петтиот циклус „Учиме за бизнис заедницата“

Владата утре во повеќе печатени медиуми и на својата веб-страница ќе го објави јавниот повик за петтиот циклус на проектот „Учиме од бизнис заедницата“. Повикот ќе биде отворен до крајот на декември годинава, најави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. „Проектот „Учиме од бизнис заедницата“ се покажа како исклучително успешна алатка за подобрување на соработката помеѓу Владата и приватните компании, како и за унапредување на деловното опкружување во Република Македонија. Ги охрабрувам и повикувам сите компании независно во кој град се лоцирани да се пријават на јавниот повик и да…

повеќе...

Спасов: Проектот Македонија вработува отвори над 7.400 работни места

Според последните бројки, заклучно со денешниот ден има над 7.400 новоотворени работни места, откако започна да се реализира проектот „Македонија вработува“ информира министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Појасни дека за источна Македонија има околу 1.600 отворени работни места, од кои во Штип околу 420 нови работни места, Кочани има околу 460 нови работни места… „Ова е успешен проект кој им помага на македонските компании и на македонските граѓани кои се невработени и бараат работно место“, истакна Спасов одговарајќи на новинарско прашање за ефектот кој го дава овој…

повеќе...

Груевски: Покрај ветените 40 градинки, следната година ќе се градат уште шест

Покрај ветените 40 градинки, следната година започнуваме со изградба на дополнителни шест нови и проширување на капацитетите за нови 500 деца, истакна синоќа премиерот Никола Груевски во интервју за телевизијата Канал 5. Ние сме многу посветени на делот на градинки, нагласи премиерот и додаде дека тоа е дел од нивната поширока стратегија поврзана со демографијата, со наталитетот и е еден сегмент од сето тоа. „Имаме план што секоја година го исполнуваме за отворање нови градинки, се разбира и за одржување на постојните. Во тој план, на пример за овој мандат…

повеќе...

Пешевски: Со Оперативниот план за вработување над 8.700 нови вработувања

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година, ќе бидат опфатени 13.500 лица од кои 8.700 ќе бидат директно вработени. За реализација на Оперативниот план ќе бидат инвестирани 710 милиони денари. Ова го истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски на прес-конференција во Министерството за труд и социјална политика. Како што појасни Пешевски, станува збор за осмиот по ред Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2016, што го усвои Владата на последната седница. Планот…

повеќе...