Со почести и положување цвеќе денеска пред Споменикот на бранителите во касарната Илинден и пред спомениците во село Љубанци и во Волково беа одбележани 15 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила. Министерот за одбрана Зоран Јолески, делегација на Владата на Република Македонија, претставници од кабинетот на претседателот на државата, Министерството за одбрана и АРМ положи цвеќе пред Споменикот на бранителите во касарната Илинден. Цвеќе пред споменикот положија и семејствата на загинатите, преживеаните соборци, делегација од Здружената оперативна команда…
повеќе...Tag: влада
Во Економија активирани стотина пумпи, извадена водата од домовите
Во најголем дел од куќите во населбата Економија која беше зафатена од саботното невреме е извадена водата од домовите, а сега се работи на вадење на водата и од подрумите. Во моментот се активирани околу 100 пумпи за црпење на водата, а во текот на денот се очекува да бидат ставени во функција дополнителни со што бројката би требало да достигне околу 300 пумпи. Во втората фаза ќе бидат активирани пумпите за кал. Дваесет екипи на ЕВН работат на терен и етапно се пушта струја, а обезбедена е храна и…
повеќе...Известување од Дирекцијата за заштита и спасување за активностите во поплавените подрачја
Моментално ангажирани преку ДЗС 276 луѓе 85 пумпи 250 возила и механизација Преку билатералните договори со сродните институции во регионот пристигна тимови од Србија и Бугарија кои веќе работат два дена. Бугарија 26 луѓе 10 пумпи Србија 10 луѓе со 10 пумпи дополнително денес 20 луѓе 25 пумпи Косово денес 8 луѓе 4 пумпи Активиран e механизмот за цивилна заштита преку тим на експерти за води и канализација кoj ке направат процена на ситуацијата и ке дадат препораки . Тимот се очекува да пристигне во текот на утрешниот ден 10-08-2016.…
повеќе...Владата прогласи Ден на жалост и кризна состојба во Скопско и Тетовско
На денешната вонредна седница на Владата на Република Македонија, Владата донесе одлука за определување на 8 август 2016 година (понеделник) за Ден на жалост на Република Македонија. Владата донесе одлука за постоење на кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена како и одлука за доделување на еднократен паричен надомест во висина од 300. 000 денари за семејствата на загинатите граѓани. Владата ја задолжи Дирекцијата за заштита и спасување целокупната опрема на Дирекцијата од сите региони во државата да ја стави на располагање во кризните региони,…
повеќе...Дополнителни 50 вакум пумпи за собирање вода во Скопско
Дополнителни 50 вакуум пумпи носи вечерва Дирекцијата за заштита и спасување за собирање на водата во поплавените скопски подрачја. Пумпите се за Сингелиќ, Стајковци, Инџиково и Економија, а веројатно се веќе и распределени. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред премиерот Емил Димитриев, вицепремиерот Арбр Адеми, министрите за внатрешни работи, труд и социјална политика, задравство, транспорт и врски, Митко Чавков, Диме Спасов, Никола Тодоров и Владо Мисајловски, како и градоначалниците на Скопје и на Општина Гази Баба, Коце трајановски и Тони Трајковски, по посетата на најпогодените скопски реони.…
повеќе...Премиерот Димитриев и Груевски во посета на загрозените скопски подрачја
Премиерот Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кои поради синоќешното невреме ги прекинаа годишните одмори, се во посета на најпогодените подрачја во Скопско. Димитриев и Груевски се во придружба на министрите за здравство и за труд и социјална политика, Никола Тодоров и Диме Спасов. Тие информираа за помошта што им се доставува на локалните жители во Стајковци, Економија, Инџиково, Сингелиќ и останатите критични точки. „Заклучивме да напрвиме листа на сите потребни артикли веднаш. За таа цел на владина седница формиравме заедничка комисија на министерствата за одбрана, внатрешни работи…
повеќе...Државата издава под закуп земјоделско земјиште за нови инвестиции и работни места
Станува збор за површини од над 600 хектари кои се наоѓаат во струмичкиот, велешкиот, ресенскиот и радовишкиот регион и кои претставуваат одлична можност за нови инвестиции во земјоделскиот сектор и зголемување на земјоделското производство во државата. Од објавените површини кои се доделуваат под закуп како целини најголем дел се однесуваат на велешкиот регион каде се објавени 5 географски целини на земјоделски површини, во радовишко се доделуваат 154 хектари како една целина, во струмичкиот регион се огласени две географски целини и во Ресен каде се објавени за закуп 4 хектари државно…
повеќе...МФ: Јавниот и државниот долг во вториот квартал намалени за над 50 милиони евра
За над 50 милиони евра се намалени државниот и јавниот долг во вториот квартал годинава. Согласно податоците кои ги објави Министерството за финансии на својата веб-страница, државниот долг заклучно вториот квартал годинава е 36,9 отсто од БДП, што споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,6 процентни поени или за 59,5 милиони евра. Јавниот долг, пак, е 45,3 проценти од БДП, што споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,6 процентни поени или за 56,9 милиони евра. Во вториот квартал годинава, Владата изврши исплата на обврзниците за денационализација во висина…
повеќе...Димитриев: Процентот на невработени во моментов е на историско најмало ниво
Во моментов процентот на невработени лица е на историско најмало ниво, 24,5 отсто. Во 2006 година тоа изнесуваше 38 отсто. Тоа е огромен пад во ситуации кога имавме неколку кризи, светска економска, должничка и нашата политичка криза. Главно по две основи се влијаеше за намалување на невработеноста, преку отворање нови работни места и директни инвестиции и преку мерките кои ги носеше Владата. Ова денеска го истакна премиерот Емил Димитриев на 109. седница на која беа поставувани пратенички прашања. Осврнувајќи се на програмите, Димитриев рече дека најголем ефект во намалување на…
повеќе...МФ:Вратени 18,3 милиони евра во стопанството, задолжувањето на домашен пазар се приближува кон нула
Министерството за финансии денеска врати 1,126 милијарди денари или 18,3 милиони евра во стопанството по основ на издадени и доспеани за отплата државни записи. На вчерашната аукција Министерството повлече двојно помалку средства, односно 569,9 милиони денари или 9,2 милиони евра. На овој начин нето задолжувањето преку државни записи, само преку оваа аукција е намалено за 9 милиони евра. „Со ова Министерството ја реализира најавата и ја исполнува определбата за намалување на повлекувањата на средства од домашен пазар. Ваквата стратегија треба да остави повеќе ликвидни средства во стопанството, што би придонело…
повеќе...