Ќе се вработат најдобрите 100 студенти од државните универзитети

Вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии, вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во месец февруари најавувајќи пакет мерки за младите лица. За два месеци излеговме со 14 значајни ветувања за младите, тие се нашиот фокус и еден од нашите најзначајни приоритети. Секоја инвестиција во младите луѓе е инвестиција во својата иднина и во обезбедување на капитал кој е трајна вредност која се исплати неколкукратно. Сите мерки и проекти стануваат реалност. Со нас знаете дека сте на сигурно и дека ветеното ќе го реализираме. Одмереноста е одлика на сериозноста…

повеќе...

Владата продолжува со инвестициите во автопатските делници на Коридорот 10

Во 2017 година Македонија добива нова комплетно модернизирана автопатска делница на целиот потег на Коридорот 10. Најфреквентниот автопат во земјата кој го користат во најголем обем и граѓаните и стопанските субјекти се очекува да биде комплетно модернизиран. Дел од подделниците на автопатот се веќе изградени или пак реконструирани, дел се во фаза на реконструкција, а дел се во полн ек на изградба. Автопатската делница Демир Капија-Смоквица, е во полна фаза на градба. Таа е во должина од 28,2 со инвестициона вредност од 210 милиони евра. Пред неколку години државата го…

повеќе...

Средба помеѓу Димитриев – Хајндл

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, денеска оствари средба со Јоханес Хајндл, германски специјален пратеник. Соговорниците разговараа и разменија информации за актуелната политичка состојба, за интеграциските процеси како и чекорите кои се преземаат во рамките на акцискиот план за реализација на итните реформски приоритети на државата. Димитриев посочи дека клучно за Владата е остварување на напредок на полето на евроинтеграциите, при што со силен интензитет се работи на реализација на препораките. Тој посочи дека се спроведуваат стотици реформски мерки кои ги иницираше Владата и на тој начин се…

повеќе...

Избрани 74 кандидати на вториот оглас за кофинансирани специјализации

Избрани се 74 кандидати на вториот оглас за кофинансирани специјализации распишан од Министерството за здравство, со кои ќе се зајакне капацитетот на специјалистичко ниво во 17 јавни здравствени установи низ државата. Вториот оглас за кофинансирани специјализации беше наменет исклучиво за општи доктори кои не се запишани на специјализација и не се вработени во ЈЗУ. Првиот оглас за кофинансирани специјализации беше наменет само за доктори веќе запишани на приватна специјализација и согласно Законот се потпишале договорите за кофинансирање. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече…

повеќе...

Дебата за Договорот од Париз и климатските промени

Процесот на приближување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, доведе до многубројни начела во врска со мерките кои треба да се преземат за ублажување на климатските промени. Македонија е потписник на Парискиот договор за климатските промини, а со тоа продолжува и кон натамошните заложби за намалување на мисиите за стакленички гасови. Ова денеска го истакна заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми на дебатата по повод Меѓународниот ден за животна средина, во рамките на кампањата „ЕУ Разговори” на тема „Париски дговор-климатски промени и управување со водите”.…

повеќе...

Димитриев: Сегашната Влада е политичка, а не техничка

Оваа Влада е политичка, не е Влада за спроведување на изборите бидејќи нема датум за нивно одржување и ние сме концентрирани на реализација на програмата, изјави премиерот Емил Димитриев по денешната посета на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. „Не знам зошто повеќе се користи терминот техничка влада. Законот е многу јасен – техничка влада, односно влада за спроведување на изборите се формира 100 дена пред изборите. Во периодот пред и потоа си функционира политичка влада концентрирана на реализација на програмата со која го добила мандатот,“ -рече…

повеќе...

Фондот за иновации отвори контакт-канцеларија, утре ќе објави трет повик за финансиска поддршка

Фондот за иновации и технолошки развој, кој беше основан во 2014 година, денеска во центарот на Скопје отвори контакт-канцеларија заради поголема достапност за потенцијалните апликанти кои ќе пријават иновативни проекти. Новата канцеларија ќе ја олесни комуникацијата со сите кои се заинтересирани за можностите за развој на иновативни идеи преку програмите на Фондот. Воедно, Фондот го најави и третиот повик за финансирање проекти т.е. повик за поднесување предлог-проекти за поддршка од Инструментот за кофинсирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф. Повикот ќе биде отворен утре и ќе трае 60…

повеќе...

Наскоро ќе профункционираат првите амбуланти во руралните средини

Во втората половина или најдоцна до крајот на месецов ќе почнат со работа првите амбуланти во руралните средини за кои неодамна го отворивме огласот за отворање ординации на матични доктори по општа медицина, најави денеска министерот за здрвство Никола Тодоров. Прецизира дека во постапката за отворање за најголем дел од амбулантите веќе е завршена или е во финална фаза постапката за доделување под закуп. „Во општина Охрид веќе е во завршна фаза отворање на ординацијата во село Пештани, со што ова населено место повторно после неколку години ќе добие матичен…

повеќе...

Спасов: Државата ќе субвенционира вработување 100 лица во социјален ризик

Од денеска граѓаните кои се од социјално ранливите категории можат да аплицираат на огласот за субвенционирано вработување. Огласот е отворен еден месец, за годинава е планирано државно субвенционирање за вработување на 100 лица. Компаниите кои ќе вработат вакви лица шест месеци ќе добиваат по 23 илјади денари од државата, а по истекот на овие шест, се обврзани да ги задржат на работа уште дополнителна половина година. „На огласот можат да аплицираат сите приматели на социјална парична помош, жртви на семејно насилство, лица кои имале статус на деца без родители и…

повеќе...

Над 210 згрижувачки семејства се грижат за над 280 деца без родители

Во Македонија има 214 згрижувачки семејства кои што вршат вонинституционална заштита на 284 деца без родители и родителска грижа, деца со пречки во развојот, како и деца со воспитно социјални проблеми. Државната помош за згришувачките семејства во изминатиот период беше зголемена за 25 пороценти и сега изнесува од 8.500 до 10.500 денари месечно по згрижено дете. „Би сакал да им се заблагодарам и на згрижувачките семејства да им го честитам нивниот ден, денеска е Ден на згрижувачките семејства во Република Македонија. Тие вршат една хумана и општествено корисна работа, да…

повеќе...