Премиерот Никола Груевски на Богојавление – Водици во Велес

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска присуствуваше на Богојавленски водосвет и фрлање на животворниот крст Господен во водите на реката Вардар, Мало мовче – Велес.

повеќе...

Светиот крст во Велестово за прв пат во рацете на Александар Кироски

Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на градскиот плоштад во Охрид, беше одбележан и во Велестово. Светиот крст кој се фрла во базенот во Велестово, за прв пат имаше среќа да го фати 23 годишниот Александар Кироски. WebOhrid

повеќе...

Христијан Неданоски го фати светиот крст во Рамне

Празникот Богојавление-Водици се одбележа и во селото Рамне. Најсреќен меѓу 10-тината фаќачи беше младиот Христијан Неданоски. Велат дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. А.Андриоски

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев со честитка по повод празникот Богојавление – Водици

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, како и до сите верници: „На Вас лично, на претставниците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сите верници, од мое име и од име на Социјалдекомратскиот сојуз, го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, со желба и надеж дека празникот на духовното раѓање ќе ја зголеми и дополнително ќе ја поттикне вербата во правдата и вистината, како едни од најголемите искушенија…

повеќе...

Никола Цветкоски е среќниот фаќач на светиот крст во Коњско

Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на Градскиот плоштад во Охрид, се одбележува и на другите населени места. Меѓу повеќето скокачи, во Коњско годинава најсреќен беше дваесет годишниот Никола Цветкоски.  Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Инаку, годинава за првпат, фрлањето се одржа пред црквата Света Недела во Долно Коњско. WebOhrid

повеќе...

Елшанци традиционално први до Светиот крст

Жителите на Елшани, традицоионално и оваа година први во Македонија стигнаа до светиот крст. Уште од мугрите , во 5:00 часот со утринска богослужба започна чествувањето на празникот Богојавление. Повеќе стотини елшанци излегоа рано в црква на богослужба и осветување на леб и вода, а потоа на сретсело кај Клајнецот каде во изворските води традиционално се фрла светиот крст. Повеќе десетини млади елшанци со голема празнична возбуда скокаа по крстот. Оваа година среќниот фаќач беше Ристе Матлиоски кому ова му е вторпат да стигне прв до крстот. Како спомен на…

повеќе...

Честитка од премиерот Никола Груевски по повод празникот Богојавление-Водици

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, упати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. Во честитиката стои: „Ваше Блаженство, Денес, кога во целиот православен свет, во сите наши градови и во сите места каде што живеат Македонците, се слави еден од основните столбови на христијанските празници, во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, Ви…

повеќе...

Претседателот Иванов со честитка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници. „Ваше Блаженство, Дозволете ми, Вам лично, на сите православни верници во Република Македонија, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното свештенство и монаштво, да упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици. Водици е празник кој го потенцира значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на…

повеќе...

Бесплатно паркирање во Охрид за Водици

За големиот христијански празник Богојавление – Водици, на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ паркирањето на сите возилата ќе биде бесплатно. На овој начин јавното претпријатие се приклучува кој прославата на овој голем христијански празник.

повеќе...