Фотогалерија од примопредавањето на должноста, командант на воздухопловната бригада од составот на Здружената Оперативна Команда од АРМ

Фотогалерија од примопредавањето на должноста, командант на воздухопловната бригада од составот на Здружената Оперативна Команда од АРМ

повеќе...

Доделени сертификати за завршени школи од припадниците на АРМ

„Оваа свеченост е продукт на успешно воспоставената соработка и доказ дека тоа ги зближува државите и народите“, истакна заменик-министерот за одбрана Илми Селами, на денешното доделување на сертификати за завршена Школа за национална одбрана, Командно штабна академија и курсеви по грчки јазик во Република Грција во 2015 година на 6 припадници на Армијата на Република Македонија и вработени во Министерството. На свеченоста во Министерсвото на која присуствуваше и Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, заменик-министерот истакна дека оваа соработка треба да се продлабочува во иднина, и тоа не…

повеќе...

Мигранти ги каменувале полицијата и војската поради оградата на границата со Грција

Револтирани од поставувањето на жичаната ограда на границата со Грција, група мигранти на кои не им се дозволува влез во земјава почнале да фрлаат камења кон припадниците на армијата кои работеле на поставувањето на бетонските столбови и оградата, во должина од три километри, јави телевизијата „Телма“. Според „Телма“, веднаш реагирала полицијата, по што дошло до судир со групата од околу 100 мигранти. Неофицијално, според телевизијата, во инцидентот биле повредени четворица полицајци. На границата со Грција бил присутен и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој требало да присуствува на активностите за…

повеќе...

Јолевски: Армијата е добро организирана за справување со мигрантите

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и Командантот на ЗОК на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски денеска ги посетија припадниците на АРМ кои се ангажирани за асистенција на Граничната полиција на јужната граница на Република Македонија со Република Грција. Јолевски и Величковски беа запознаени со состојбата на теренот, соработката и координацијата со останатите надлежни институции и локалната самоуправа, како и со практичното извршување на задачите за спречување на илегален премин на граничната линија од страна на мигрантите. „Главна цел ни е да дадеме…

повеќе...

Најмалку пет години затвор за секој што учествува во странска паравојска

Најмалку пет години затвор за секој што на каков било начин учествува во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација, предвидуваат измените на Кривичниот законик што ги предлага Владата, а ќе бидат доставени до Собранието за носење по скратена постапка. Како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, согласно измените, најмалку пет години затвор се предвидени и за секој што директно или индиректно ќе нуди, дава, обезбедува, бара, собира или прикрива финансиски средства, фондови и опрема наменети за кривични дела од ваков тип. Со најмалку четири години затвор,…

повеќе...

Одбележани 71 година од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ на Славеј планина

На Славеј Планина, Општинскиот одбор на Сојузот на Борците од Охрид и Дебарца, и претставници на повеќе граѓански организации, здруженија и официјални лица, денес ја одбележаа 71-та година од создавањето на баталјонот „Мирче Ацев“, првата голема воена формација на Народноослободителната македонска војска, создадена на ослободената територија во Дебарца. „Денес им се поклонуваме на нашите великани, на оние кои беспоштедно ги дадоа своите животи на татковинскиот браник, во светлината на создавањето на првиот македонски баталјон, МИРЧЕ АЦЕВ, пред 71 година. Во миговите на заборав на основните вредности и постулати на слободата на…

повеќе...

Одржано седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ

Денес  во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, во организација на Генералштабот на АРМ се одржа седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ. Кросот се одржа на посебно уредена патека во во рамките на автодромот во касарната во Кичево, а се трчаше на 10 km во машка и на 5 km во женска конкуренција, каде настапуваа натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, Воената Акаденија и Атлетската Федерација на Македонија. Седмото првенство во крос-кантри го отвори Заменикот на командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Мухамет Рацај, а…

повеќе...

Јанкулоска: Единицата го заслужува епитетот – елитна

„Денес овде заедно чествуваме еден исклучително значаен датум, денот на формирање на Единицата за специјални задачи „Тигар“- 13 март. Единица на која што МВР, но и граѓаните на Република Македонија се особено горди, затоа што станува збор за структура составена од луѓе кои со својата подготвеност, пожртвуваност, и други професионални квалитети со право докажале дека Единицата го заслужува епитетот елитна“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето поздрано обраќање пред припадниците на ЕСЗ во касарната Илинден а по повод 13-Март денот на формирање на оваа…

повеќе...

Полкот за специјални операции го прослави Денот на единицата и Јубилејот „20 години сили за специјални операции“

Денес, 28-ми февруари 2014 година, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции (пСО) со која се одбележа и Јубилејот „20 години сили за специјални операции“. На свеченоста присуствуваа: Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието и Владата на Република Македонија, високи претставници од МО, командантите на  потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа и други високи гости. „Јубилеите се паметник…

повеќе...

Утре ќе се одржи oтворен ден на полкот за специјални операции на АРМ

Утре, 19-ти февруари (среда) во касарната „Илинден“ во Скопје со почеток во 11.00 часот ќе се одржи Отворен ден на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ. На Отворениот ден припадниците на пСО пред посетителите ќе се претстават со изложба на борбените средства, техниката и опремата со кои се опремени. Покрај изложбата на техниката и опремата, „волците“ и „ренџерите“ на АРМ, ќе демонстрираат: дел од обуката на мултифункционалната алпинистичка кула, тактичка вежба „блиска борба – заседа“, обука за обезбедување на високи воени раководители, употреба на беспилотни летала и хеликоптер, а…

повеќе...