Во Домот на АРМ ќе се одржи брифинг за борбената готовност на АРМ за 2013 година

Утре, 17-ти февруари (понеделник), со почеток во 10.00 часот, во Домот на АРМ во Скопје, ќе се одржи брифинг за борбената готовност на АРМ за 2013 година. На брифингот за борбената готовност ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили  Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, клучниот персонал од МО, командантите на потчинетите команди и единици и клучниот персонал на ГШ на АРМ. Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на ГШ на АРМ кон Претседателот на…

повеќе...

Одржана церемонија за прогласување на најдобар спортист во МО и АРМ за 2013 година

Денеска во просториите на Министерството за одбрана (МО) и ГШ на АРМ се одржа церемонија за прогласување на најдобар спортист во МО и АРМ за 2013 година. Признанијата и медаљите за најдобар спортист во МО/АРМ за 2013 година ги додели Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини. За најдобар спортист спортист во МО/АРМ за 2013 година во машка конкуренција е прогласен професионалниот војник Дарко Дамјановски за постигнатите успеси во нордиско скијање-Биатлон, а во женска конкуренција питомецот на Воената Академија ,,Михаило Апостолски“ Благица Димитрова, која во изминатата година…

повеќе...

Премиерот Груевски најави план за нови вработувања во АРМ

Владата прави планови и сериозно е насочена кон обезбедување на сите процеси и подготовки за нови вработувања во Армијата, со цел пополнување на нејзиниот персонален состав со околу 100 проценти пополнетост, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето пред синдикатите во Домот на АРМ. Вториот стратешки фокус на Владата во областа на одбраната, според Груевски, ќе биде доопремување на Армијата со потребната опрема согласно долгорочниот план за развој на одбраната. Според премиерот, Владата работи на клучна мерка со која професионалните војници по својата 45-годишна возраст, откако ќе ја напуштат службата, да…

повеќе...

Врвна обученост и високи резултати на тактичката вежба со бојно гаѓање во рамките на вежбата „Македонски Блесок-9“

Денес, 17-ти октомври, во рамките на воената вежба „Македонски Блесок-9“ на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ за Денот за високи гости се изведе тактичка вежба со бојно гаѓање „Засилена средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) во напад“. На Денот за високи гости присуствуваа: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Заменикот на министерот за одбрана Емил Димитриев, Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Методија Величковски, пратеници од Соранието на Република Македонија,…

повеќе...

Вељаноски и Џафери на средба со македонските мировници во Авганистан

Придонесот на Република Македонија во рамки на силите ИСАФ, како и можностите за иден придонес во рамки на мисијата на Алијансата по 2014 година, во поддршка на процесите за стабилизирање и демократизација на земјата, беа темите на кои денес во Кабул, Авганистан, разговараа министерот за одбрана, Талат Џафери и претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски со заменик-командантот на силите, генералот-потполковник Џон Лоример и со најстариот цивилен претставник на НАТО во Авганистан, амбасадорот Мауриц Јохемс. Воедно, во рамки на посетата на ИСАФ, министерот Џафери и претседателот на Собранието Вељаноски ги…

повеќе...

Свечена заклетва на 17 класа питомци на Воената академија

Во Воената академија во Скопје денеска свечена заклетва дадоа питомците од 17 класа – студенти од првиот циклус на студии во учебната 2013/2014 година. На 31 питомец, од кои 26 од Република Македонија, по двајца од Црна Гора и од Косово, како и еден од Босна и Херцеговина, министерот за одбрана Талат Џафери честитајќи им на заклетвата, нагласи дека во наредните четири години преку практична и теоретска настава според светските стандарди, ќе се здобијат со современи знаења од воената професија. Осврнувајќи се на позицијата на АРМ, која од 2002 година…

повеќе...