Одржано Годишното собрание на Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија

Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија денес во Големата сала на општина Охрид  го одржа првото Годишно собрание, на кое се разгледа извештајот за едногодишната активност и можноста за организирање меѓународен волонтерски камп „Охрид 2017“. „Денес 30тина делегати од 4 града, од Скопје, од Куманово, од Штип и до Охрид ќе го усвојат извештајот за  едногодишната работа на акцијаши и волонтери на Македонија. Ќе покренеме иницијатива за Меѓунароен волонтерски камп „Охрид 2017“, каде што присутни ќе бидат нашите пријатели скоро од сите балкански земји. Се надевам дека денеска ќе побудиме…

повеќе...

Во сабота ќе се одржи Годишното собрание на Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија

Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија во сабота (13.05.2017) во 12 часот, во Големата сала на општина Охрид ќе го одржи првото Годишно собрание, на кое ќе се разгледа извештајот за едногодишната активност и можноста за организирање меѓународен волонтерски камп „Охрид 2017“. Лицата кои први со својата хуманост, солидарност и акција се вклучија и им помогнаа на несреќните од поплавите во Скопје, заедно со своите пријатели од Балканот и своите млади членови, повторно заедно по состанокот ќе изведат акција за расчистување на зелениот простор од Билјанини извори до хотел…

повеќе...

Охридските ученици го одбележаа Меѓународниот ден на волонтерството

Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“, со своите млади членови од основните училишта од Охрид го одбележа Меѓународниот ден на волонтерството. Околу двесте деца кои веруваат во солидарност, хуманизам, другарство, ентузијазам и акцијашки дух, присуствуваа денес на трибината која ќе се одржа во салата на ОУ „Христо Узунов“. „Тука имаме ученици од повеќе училишта, од „Кочо Рацин“, „Христо Узунов“ „Св.Климент Охридски“„Григор Прличев“. Децата се денес тука бидејќи го одбележуваме Светскиот ден на волонтерите. Во оваа чест денес сме собрани тука, а најголема заслуга имаат децата, учениците, бидејќи тие ни се главниот…

повеќе...

Груевски: Законот за волонтери ќе го реши статусот на неколку илјади луѓе

Законот за волонтери навистина ќе им помогне на неколку илјади луѓе што долг период работат на различни основи во јавните и државните институции, оцени премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на 12 нови наслови од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“. Според него, тие имаат стекнато големо искуство, некои од нив и поголемо од оние што се редовни вработени на неопределено…

повеќе...

Волонтерите на Црвениот крст во сабота ќе танцуваат на песната „Hapyy“

Заедничко танцување, познато како флеш моб, на секој плоштад и во секој град во земјава, каде има канцеларија на Црвениот крст на Македонија, ќе се случи во сабота, точно на пладне, како финале на одбележувањето на Неделата на Промоција на хумани вредности, (21 – 27 септември).За таа цел, подготвена е и кореографија на песната „Happy”, („Среќен“) од Фарел Вилијамс, од страна на професионален танчар. Волонтерите од општинските организации на територија на градот Скопје ќе танцуваат заедно на плоштадот Македонија, пред Ристиќиевата палата, во точно 12 часот. „Целта е преку танцувањето…

повеќе...

Дополнителен јавен повик за прием на волонтери во МВР

Министерството за внатрешни работи, врз основа на Програмата за волонтирање за 2014 година, има потреба од ангажирање на волонтери, поради што објавува Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за внатрешни работи. „Се повикуваат сите заинтересирани кандидати – студенти на факултетите од областа на правните, безбедносните и економските студии – да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:   ► Сектор за внатрешни работи Битола –  2 волонтери; ► Сектор за внатрешни работи Охрид –  1 волонтери;…

повеќе...