Македонски железници Транспорт денеска пушти во редовен сообраќај нов електромоторен патнички воз, првиот од шесте нови патнички возoви што ги набави од кинеската компанија ЦРРЦ. Новиот воз пуштен во редовен сообраќај Новиот воз сообраќа на линиите Велес-Скопје и Скопје-Велес, како и Скопје-Табановце и Табановце – Скопје. Возот е со капацитет за 200 патници, со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети…Изработен е согласно техничките стандарди за интероперабилност на ЕУ. Од кинеската компанија МЖ набави два електромоторни…
повеќе...Tag: воз
Се реализира проектот за реконструкција на 10 железнички станици
Во процесот на реконструкцијата и реновирањето на најголемата скопска железничка станица, државата е насочена и кон помалите железнички станици. Во соработка со ЕУ, над 2 милиони евра се вложуваат за комплетна реконструкција на станиците во кои претходно не било инвестирано со децении. Со овој проект се врши целосна реконструкција и надоградба на сите главни елементи на железничките станици, како што се водоводната и електричната инсталација–вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, санитариите, инсталација на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на…
повеќе...Железничката станица во Скопје наскоро со нов лик
За три до четири месеци, според надлежните институции, ќе биде завршена обновата на Железничката станица во Скопје, која треба да добие комплетно нов и модерен изглед. Проектот за реконструкцијата на објектот изграден пред 35 години е во вредност од 2,4 милиони евра, од кои 85 проценти се обезбедени преку ИПА, а 15 проценти од Буџетот на РМ. „Ефективно се работи на објектот, постојано има дополнителни работници и очекувам дека за три-четири месеци комплетно ќе биде рехабилитирана Железничката станица“, – изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешниот увид…
повеќе...МЖ Транспорт со нови возови од август
Следниот месец во Македонија ќе биде испорачан првиот од шесте патнички возови што за „Македонски железници Транспорт“ ад Скопје ги произведува кинеската компанија ЦРРЦ. Новата електромоторна патничка гарнитура денеска беше промовирана во фабриката на компанијата во градот Џуџо пред македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Возот е со три вагони со капацитет од 200 патници и можност за брзина до 160 километри на час, јави известувачот на МИА. Од ЦРРЦ, Македонија набавува уште една електромоторна и четири дизел гарнитури, кои според министерот Мисајловски, треба да…
повеќе...Откриени мигранти во воз од Грција
Во текот на изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи издаде 253 потврди на илегални мигранти кои изразиле намера за поднесување на барање за азил. Дел од нив, меѓу кои и деца, се откриени во товарен воз кој од соседна Република Грција пристигнал на Железничката станица во Гевгелија. Илегалните мигранти се откриени откако почнале да удираат од внатрешноста на вагонот, заради неподносливите услови внатре, односно опасноста да се задушат. Врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил и привремена заштита од 18.06.2015 година, Министерството отпочна со издавање на…
повеќе...Проектот за набавка на нови 150 товарни вагони во завршна фаза
Пристигнати се 107 од планираните 150 товарни вагони за возниот парк на Македонски железници, инвестиција во вкупна вредност од 14 милиони евра, информира премиерот Никола Груевски. „Проектот за набавка на нови 150 товарни вагони е во длабока фаза на реализација. Веќе 107 вагони пристигнаа во Македонија, 43 треба да пристигнат во наредните неколку месеци со што ќе се заокружи проектот во којшто инвестираме 14 милиони евра“, изјави Груевски. Обновата на возниот парк на Македонски железници со нови вагони, потенцира премиерот, ќе значи многу за државата и за приватниот сектор. Планираните…
повеќе...Над 5.100 пензионери и студенти искористиле бесплатен превоз со воз
Претстојниот викенд, сите возрасни лица може бесплатно да се возат со воз во земјава, а утре сите студенти. Ова е овозможено согласно владините одлуки донесени минатиот месец, а кои досега ги искористиле 1.000 возрасни лица, 3.500 млади лица до 27 години, 600 студенти и 1.000 лица кои купиле билет со попуст. Портпаролот Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата е задоволна од опфатот на лицата кои ја искористиле можноста бесплатно да го користат железничкиот сообраќај и посочи дека најмногу возрасни лица над 50 проценти патувале од Скопје, потоа следуваат Велес, Прилеп и…
повеќе...