Град Скопје, ги известува учесниците во сообраќајот, дека од вчера, 19-ти декември стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19-ти декември до 31-ви март 2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот. Времениот режим се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот Скопје. Од ова решение се иземаат возилата кои…
повеќе...Tag: возила
Такси возилата со новиот грб на Општина Охрид
Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, информираат дека такси-компаниите коишто вршат трговска дејност на територијата на градот започнаа да поставуваат лепенки со новиот грб на општина Охрид на своите такси возила. Надлежните велат дека овој процес ќе се реализира и наредните неколку денови. Инаку, информативни табли со новиот грб на општина Охрид веќе се поставени пред некои од основните и средни училишта во градот.
повеќе...Обука за 16 полициски службеници на тема – „Детекција на украдени возила“
Во организација на амбасадата на Република Франција во РМ, минатата недела (03. до 07) беше реализирана обука наменета за 16 полициски службеници пропадници на: секторот за гранична полиција, сектор за сериозен криминал, секторот за крим техника и регионалните СВР. Обуката ја реализираше еден француски експерт, специјалист во доменот на украдени возила, припадник на француската национална полиција и Париската Префектура, раководител на единицата за разбојништво. Обуката беше реализирана во центарот за обука на полицијата во Идризиво. Целта на обуката беше да се прикажат најновите техники коишто ги употребува француската полиција во…
повеќе...Охрид деновиве беше домаќин на „Олдтајмери Ревија 2014“
Охрид, за прв пат беше домаќин на ревијална изложба на олдтајмери насловена како „Олдтајмер Ревија Охрид 2014“. Манифестацијата стартуваше во петокот со излагање на дел од олдтајмерите на плоштадот „Чинар“. Настанот продолжи и во текот на вчерашниот ден од пред Центарот за Култура „Григор Прличев“. Од тука беше ревијалното возење до месноста Св. Наум и до хотелот „Инекс Горица“. Изложбата на 40 –те историски возила произведени до осумдесеттите години се одржа на три локации во градот, кај Чинарот, на шеталиштето и плоштадот Св. Климент Охридски. На изложбата, најстариот автомобил беше…
повеќе...Вечерва стартува ревијата на олдтајмери во Охрид
Охрид , денеска и утре за прв пат е домаќин на ревијална изложба на олдтајмери насловена како “Олдтајмер Ревија Охрид 2014“. Манифестацијата стартува вечерва во 18 часот со излагање на дел од олдтајмерите на плоштадот “Чинар“ кои ќе бидат изложени до 22 часот. Настанот продолжува утре со почетокот во 11 часот од пред Центарот за Култура “Григор Прличев“. Од тука од 14:30 часот ќе биде ревијалното возење до месноста Св. Наум и до хотелот “Инекс Горица“. Доделувањето на благодарниците ќе биде во 20 часот кај шеталиштето пред ЦК “Григор Прличев“…
повеќе...Продолжува практиката на оштетување на македоски возила во Р.Грција
Во текот на вчерашниот ден, (13.08.2014 година) на ГП „Богородица“ е пријавен нов случај на оштетена регистарска ознака од возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето В.Ј. од Богданци во чија сопственост е возилото со оштетените регистерски ознаки марка „BMW“. Сопственикот на возилото пријавил дека на 13.08.2014 година во туристичкото место „Неа Потидеа“ на двете регистарски ознаки, со остар предмет, бил изгребан делот од регистерските ознаки каде стои кодот ,, МК’’. Случајот не е пријавен во грчката полиција. Со овој нов случај на оштетување на регистарски…
повеќе...