Миноски: Се повеќе фирми ја реинвестираат добивката во нови капацитети и работни места

Бројот на даночни обврзници коишто ја реинвестирале добивката во 2015 година во однос на 2014 година се зголемил за 73,56%, износот на реинвестираната добивка во 2015 во однос на 2014 година се зголемил за 83,34%, а износот на остварената добивка кај овие даночни обврзници кои извршиле реинвестирање на остварената добивка, се зголемил за 60,80 отсто. За ова прашање, министерот за финансии Кирил Миноски вели дека ориентацијата на Владата е политиката на ниски даноци и политиката во која приватниот сектор ќе располага со најголем дел од средствата. Основната цел на даночните…

повеќе...

Преку „Македонија вработува 2“ досега реализирани околу 335 вработувања

Од почетокот на јули до сега преку вториот циклус на „Македонија вработува 2“ се реализираа 335 вработувања кои се остварени во речиси сите општини во државата, а се очекуваа оваа бројка дополнително да расте во следниот период по завршување на летните одмори. Од Владата истакнуваат дека од стартувањето на проектот Македонија вработува 2 досега, се повеќе се зголемува интересот на компаниите и дека се очекува дополнително зголемување на бројот на вработени лица. „Проектот „Македонија вработува 2“ секојдневно добива на интензитет, добива во квалитет. Досега над 250 компании имаат побарано вработување…

повеќе...

Вработени над 170 лица за три недели преку „Македонија вработува 2“

Над 170 лица се вработени преку можностите што ги дава проектот „Македонија вработува 2“ кој почна пред околу три недели, што е една мала фабрика, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по посетата на Oпштина Дебрца. Според него, проектот засега се одвива добро. Лицата се вработени во околу 140 компании, над 100 од нив се во категоријата млади до 30 години, додека останатите се од другите старосни категории. „Тоа е добар почеток и тоа во сред лето кога се намалени вообичано вработувањата. Очекуваме проектот да продолжи со зацртаната динамика…

повеќе...

500 грантови за сопствен бизнис преку програмата „Самовработување“

Сертификати за грантови во износ од неповратни 185 илјади денари за развивање сопствен бизнис денеска добија 500 невработени лица кои успешно ги поминаа обуките од програмата „Самовработување“. Грантовите ги доделува Министерството за труд и социјална политика, а партнер во реализација на обуките е Програмата на ОН за развој-УНДП. Програмата „Самовработување“ се применува од 2007 година и од тогаш преку неа се отворени околу 7.800 мали компании кои почнале со еден вработен, а некои од нив се развиле во стабилни субјекти со пет до 20 вработени. Тоа, според министерот Диме Спасов,…

повеќе...

Околу 500 млади невработени лица ќе добијат можност да се стекнат со практични знаења

Околу 500 млади невработени лица ќе добијат можност да се стекнат со практични знаења преку владината мерка за практиканство. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денес на прес конференција го најавија новиот повик за оваа мерка, која што се реализира со средства обезбедени од Европската Унија односно од ИПА Програмата. Ова е само една од мерките што беше воведена со цел намалување на невработеноста и намалување на невработеноста кај младите лица во Република Македонија. Станува збор за…

повеќе...

Спасов: Државата ќе субвенционира вработување 100 лица во социјален ризик

Од денеска граѓаните кои се од социјално ранливите категории можат да аплицираат на огласот за субвенционирано вработување. Огласот е отворен еден месец, за годинава е планирано државно субвенционирање за вработување на 100 лица. Компаниите кои ќе вработат вакви лица шест месеци ќе добиваат по 23 илјади денари од државата, а по истекот на овие шест, се обврзани да ги задржат на работа уште дополнителна половина година. „На огласот можат да аплицираат сите приматели на социјална парична помош, жртви на семејно насилство, лица кои имале статус на деца без родители и…

повеќе...

За една година проектот „Македонија вработува“ донесе околу 19.000 вработувања

Проектот „Македонија вработува-се бориме за секое работно место” беше најавен од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во март 2015 на митингот во Битола. Во рок од дваесеттина дена беа направени потребните измени и дополнувања на пакет закони кои беа потребни за стартување на проектот кои беа усвоени од Собранието на Република Македонија. Проектот во истиот месец беше промовиран од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и тогашниот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. Заврши проектот кој значително допринесе во намалување на невработеноста во Република Македонија.…

повеќе...

Невработените можат да се пријават за обука во компанија за дефицитарни занимања

Невработените евиденирани лица- активни баратели на работа, кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, имаат можност да се пријават најдоцна до 31 јули годинава во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица. Лицата вклучени во обуките ќе добиваат и месечен надомест од 6.200 денари. Искуствата покажуваат дека над 50% од лицата кои поминале обука потоа биле веднаш вработени. Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки- приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни учулишта…

повеќе...

Нов повик за обука кај работодавач за околу 300 невработени лица

Нов повик за мерката за стекнување вештини кај познат работодавач е објавен денеска и со него ќе бидат опфатени околу 300 невработени лица. Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов денеска при посетата на компанијата „Фрико“ кај Криволак изјави дека за оваа намена ќе бидат одвоени средства во износ од 6 милиони и 700 илјади денари. Тој оцени дека станува збор за една од најуспешните мерки што се реализира од 2007 година и која досега има резултирано со над 7.214 работни места. „Станува збор за мерка преку којашто…

повеќе...

Преку грантови за самовработување годинава ќе се отворат околу 1.000 работни места

Сите невработени лица кои имаат бизнис идеја до крајот на јануари можат да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен мал бизнис. За реализација на оваа мерка за самовработување годинава се предвидени средства од 207 милиони денари, со кои треба да се отворат 920 мали бизниси и да се остварат околу 1.000 вработувања. Годинава има одредено зголемување на висината на грантот и тој може да се движи од од 201 до 349 во зависност од тоа колку е бизнисот одржлив и иновативен, дали има план за развој на сопствената…

повеќе...