Од УХМР најавуваат дека утре, понеделник ќе имаме повремен дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе придонесе за опаѓање на дневните температури. Во Охрид ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде 8 степени, а дневната ќе достигне до 16-от степен целзиусов. Од вторник во Македонија се очекува стабилно и суво време со пораст на дневната температура.
повеќе...Tag: време
Не очекува топло долго лето
Најновите прогнози на познатата американска метеоролошка фирма „AccuWeather“ за претстојната летна сезона во Европа покажуваат дека во овој дел од континентот ќе биде најтопло, а летото ќе се карактеризира со високи температури и суша. Метеорологот Тајлер Рос укажува дека кон средината на летото топлотни бранови ќе го зафатат Балканскиот Полуостров, југоисточна Европа и црноморското крајбрежје. Така, оваа година летото ќе биде сосема различно од минатата година, кога беше исклучително дождливо во нашиот регион. Извор: Нет Прес
повеќе...Утре обилен дожд и грмотевици
Македонија утре ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови од земјата. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со силни електрични празнења и интензивен пороен дожд, а не се исклучува и можноста за изолирана појава на град. Извор: Нет Прес
повеќе...По двата пеколно жешки денови следи невреме
Утре под влијание на многу топла воздушна маса од југ ќе преовладува сончево и многу топло време, кон крајот на денот ќе има локално зголемување на облачноста. Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, а УВ индексот ќе има висока вредност 7. Од четврток веќе ќе следи променливо и нестабилно облачно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можно е процесите да бидат и поинтензивни. Се очекува минималните температури да се движат од 10 до 17 степени, а максималните да се искачат…
повеќе...Утре и задутре жолта фаза на територијата на Република Македонија
Според најавата на Метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден (вторник) територијата на југоисточна Македонија ќе биде биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, додекa задутре (среда) со температури од жолта фаза ќе биде зафатена територијата на цела држава. Станува збор за температури до 34 степени Целзиусови, кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението, заради потребниот период за адаптација кон повисоките температури. За таа цел, потребно е да се почитуваат…
повеќе...Од четврток пороен дожд
Времето денеска во Македонија ќе биде топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 22 до 29 степени. Од понеделник до четврток времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Во вторник и среда дневната температура ќе биде над просекот во овој период од годината и во поголем дел од земјава ќе надмине 30 степени. УВ-индексот ќе биде 7. Во четврток попладне се…
повеќе...Следната недела температура до 33 степени
Во Македонија од следната недела се очекуваат температури до 33 Целзиусови степени, прогнозираат хрватските метеоролози. На метеоролошката мапа може да се забележи дека жешкиот бран ќе ја опфати Македонија со температура до 33 Целзиусов степен. Извор: Нет Прес
повеќе...Од утре дожд, грмежи, ветер, на некои места и град
Од утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо, а на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одредени места можна е појава на град, особено во јужните и источните делови на земјава. Во среда ќе има локални слаби врнежи од дожд, особено претпладне. Ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе предизвика пад на дневната температура за неколку степени.
повеќе...Снег на Попова Шапка, Маврово и Стража
Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес од 21:45 часот е нормализиран. Завршено е со расчистување на одронот. Поради внимателност, во должина од 500 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е дополнителна сообраќајна и светлосна сигнализација. Поради врнежи од снег, од 20:15 часот, на патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница„ Маврови Анови -Дебар и обратно, воведена е забрана за тешки товарни возила. Од 20:35 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Поради свлечиште на патниот правец А3 Прилеп-Ресен, на обиколницата…
повеќе...Облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето денес во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Се очекува, во вечерните часови врнежите од дожд да преминат во снег и на пониските места во западните и северните делови. Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег ќе биде и во наредните два дена. Од четврток следува период на стабилно време, со ниски утрински температури, а дневните ќе бележат значителен пораст.
повеќе...